Правни проблеми

Discussion in 'Правни совети' started by babyketi, Feb 7, 2010.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    894
    Likes Received:
    2,446
    Gender:
    Female
    Има право на нужен дел кој никој неможе да и го одземе ако е родена во тој брак. Значи коќата се дели на 3 дела со тоа што една половина ја зема сопственикот, таткото во случајов, а другата половина ја делат синот и ќерката, со тоа што таткото својот дел има право да го препише на синот.
    Да ти појаснам сликовито, од 100 квадрати кука 25 добива крката 25 синот и 50 таткото. Ако таткото својот дел го отстапи на синот тогаш тој ке има 75.
     
  2. vale.t

    vale.t Активен член

    Joined:
    Jul 23, 2014
    Messages:
    26
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Female
    Вака да појаснам ,предметот е веке доставен на нотар,но само тетките бидејќи си заминуваа за странство дадоа изјави претходно кај истиот нотар каде ке се врши делбата на оставнината ,а ние (јас,мојот брат и чичко ни) очекуваме да не повика нотарот и да се изврши делба.Што се однесува до куќата-да легализирана е, не е дивоградба освен доградбата на чичко ни ,која ја градел да напоменам и без согласност и дозвола од сите нас.
    Благодарам
     
  3. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2012
    Messages:
    53
    Likes Received:
    34
    значи нотарот ќе го расправа имотот кој се води на име на баба ви. а тоа што е на чичко ти си е негово и тоа не може да е предмет на оставинската постапка (доколку куќата е легализирана на негово име). А ако тој спори некој дел од сопственоста на баба ви нотарот ќе го упати да поведе парница пред надлежниот суд и таму да го докажува тоа што го тврди.
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,673
    Gender:
    Female
    Нотарот ќе ве повика на рочиште за расправање на оставината каде што ќе дадете наследнички изјави, од една страна, вие( ти и брат ти) како законски наследници од прв наследен ред врз основа на право на претставување преку вашиот покоен татко и чичко ви од друга страна исто така како законски наследник од прв наследен ред како син на покојниот му татко.
    Доколку нема ништо спорно, нотарот ќе ја реши оставината така што на вас(тебе и брат ти ви би припаднала 1/2 од имотот, а другата половина би одела на чичко ви. Значи ти и брат ти ќе ја делите 1/2 што би припаднала на татко ви доколку бил жив.
    Доколку има спор, односно ако чичко ви го оспори правото бидејќи тој нели доградувал, тогаш нотарот ќе ја преќине постапката и ќе ве упати на спор пред надлежен суд. Нотарот не решава спорни работи, само неспорни.
    На суд, чичко ви ќе мора да докажува дека тој градел, со сведоци, со документи итн. Но како и да е, судот никако не би можел да ве лиши вас од наследство. Единствено ви можел да ја подели куќата така што на чичко ти би му го доделил делот кој што го реновирал и правел.
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,673
    Gender:
    Female
    За да се склучи договор за подарок кој ќе има полноважно дејство, еден од основните услови е доколку имотот е стекнат во брак(како што е во вашиот случај) да има согласност од брачниот другар. Најчесто таа согласност се дава во самиот договор за дар, каде има дародавач, даропримач и брачниот другар како трета согласна страна. Денес ниеден нотар нема да завери договор без согласност на брачниот другар, зошто тој договор е лесно раскинлив на суд, а и нотарот сноси одговорност секако.
    Во вашиот сличај, бидејќи имате согласност од брачната другарка на дародавачот, договорот многу тешко ќе може да се раскине од нејзина страна. И онака правната пракса покажала дека договорот за дар е еден од договорите кои најтешко се раскинуваат. Има милиони случаи каде дародавачите отпосле се пишмануваат, но ваквите договори многу тешко се раскинуваат.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,924
    Likes Received:
    163,927
    Смешно е прашањево, ама се почесто го слушам. Има и покомплексни случаи, ама верувам дека и многу имаат прашање на оваа тема.

    Што е со оние на кои сте им зајмиле пари и не ви ги враќаат?
    Наводно на пријателска доверба, но потоа е изневерена и престануваат да ви се пријатели.

    Што се смета за доказ за да се тужи на овој основ? Дали снимање на разговор или телефонски повик спаѓа во тоа? Како би било најпаметно да се постапи за да имаш на што да се закачиш и да си ја истераш правдата?

    Сериозно слушам многу луѓе со ваков момент. И тоа варира од ситна сума до навистина голема сума.
    За несреќа пак и моиве родители имаат таков случај и за нив парите се отпишани (не е голема сума во прашање). За дивно чудо, мене па ме фаќа инает, зошто некому да поклонам пари, а тој не го ни цени тоа, ни па се извинува.
    Слушам по автобуси, по институции, по колеги многу вакви случаи...
     
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    894
    Likes Received:
    2,446
    Gender:
    Female
    Да не те цитирам Lilit, освен изјава заверена на нотар, како доказ од појаките се смета изјава со наведената сума која му се позајмува на „пријателот“ износот наведен со бројки, до него и со букви, како не би можело да се додаваат бројки и да се пумпа сумата, и под износот потпис на доверителот и должникот. Ова може да се направи на обичен лист хартија.
    Втората опција е, парите да се дадат пред двајца сведоци.
    Тоа со снимањето не влегува во доказен материјал бидејки е против законски. Единствен овластен за давање наредба за следење на комуникациите е судот.
    Многу е тешко да се остварат по правен пат поврат на долг даден во 4 очи. Дури и полиграфот да го искористиш потребна е согласност на тужениот, дури ни тоа без матрејални докази не е никаков доказ.
    Во такви случаи единствена опција ти остананува вон институционална наплата на долг, која се знае како оди.
    Правно е многу тешко да се докаже доколку должникот негира.
    Заколни се о мајка, деца, фамилија исто така нема никакво правно дејство.
     
    Last edited: Oct 31, 2014
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Ништо не можеш да докажеш ако не постои никаков документ.Имав таков случај во семејството се работеше за тогашни 7000 марки. Едно време типот демек ќе потпишеше, ама се предомисли и толку. Еинствена опција е пријава во полиција за измама, ама ако има само една пријава и тогаш ништо. Кога би имал повеќе такви пријави судот поведува потапка, познавам и таков случај, ама со повеќе пријави.
    На крајот на криштата досаѓај му секој ден на телефон, дома оди му ,едноставно да му прекисне од тебе.
    И мене ме фаќа инает ама не ми ѓи враќаат па дури и ми се лутат затоа што си ги барам моите пари, што велиш не е некоја сума, ама пак и мене не ми претекуваат.:punch:
     
  9. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2013
    Messages:
    784
    Likes Received:
    824
    Прашањево ќе го поставам тука, па доколку не му е место ставете го на соодветно. Една многу позната фирма ми должи од минатата година пари, неплатени 2 фактури од 2013 и јас нормално летово решив да ги тужам. Тие се жалат на тужбата со образложение дека таква услуга не им е извршена. Јас бидејќи немам договор за соработка со нив, комуникацијата се одвиваше секогаш по маил и по телефон, доказ би биле мејловите. Прашањето ми е дали ќе ги добијам на суд и дали ќе си ги видам некогаш моите чесно заслужени пари.
     
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    3,645
    Likes Received:
    15,824
    а услугата ти навистина си им ја направила или не? Без разлика дали имате договор за соработка или не,мејловите може да си ги користиш како доказ и јас мислам дека ќе добиеш,а после ако не ти платат,ќе ги дадеш на извршител па ако се ликвидни лесно ќе наплатиш.
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    И за меиловите икрено ако не признава судот треба да побара вештак. Може да каже дека тој не е негов меил итн. Испаѓаат триста глупости и се зависи од јачината на адвокатите, а и на спорните страни.
     
  12. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2012
    Messages:
    53
    Likes Received:
    34
    најубаво е и најодржливо е да имаш вештачење, а мејловите се земаат во предвид особено ако тој меил му е пријавен како електронска пошта во централен регистар, т. е го има во тековната ( акое правно лице), јас сум имала случај во судска пракса каде што ги призна судот мејловите како докази.
     
  13. Sonja4

    Sonja4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 3, 2014
    Messages:
    8
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Здраво, имам прашање, ве молам ако може некој да ми одговори. На работно место приморана сум да фалсификувам документи и да фактурирам лажни, надувани суми за услуги. Дали во случај на тужба или спор, одговарам јас како вработена или управителот има потполна одговорност?
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Потпишуваш некаде нешто?
     
  15. Sonja4

    Sonja4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 3, 2014
    Messages:
    8
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Да, понудата и фактурата.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Правиш кривично дело одноно соучесник си. Ах бре ах ова ми личи на перење пари,
    Девојче/жено ајаааа не знам што да ти кажам освен давај отказ. Ако дојде до некаков спор ја сносиш скоро истата тежина како и управителот.
     
  17. Sonja4

    Sonja4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 3, 2014
    Messages:
    8
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Понудите се однесуваат на постоечки услуги, но ние ги зголемуваме цените од нашите добавувачи и прикажуваме помала заработка на разликата од добавувачите и нашата цена на заработка. Дали е тоа перење пари или некое друго кривично дело?
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Не туку затајување на данок, ако ви дојде контрола односно финансова полиција се вика ќе ве истресат добро.
    Само не сум сигурна за твојата оговорност, треба да се распрашам.
    Или некоја од членките ако знае нека ти одговори.
     
  19. Sonja4

    Sonja4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 3, 2014
    Messages:
    8
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Ти благодарам многу. Би ми помогнало да знам за кое дело се работи, за да настапам со факти.
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Да он прави да има помала добивка, затоа што ако добивката е поголема повеќе данок ќе треба да плаќа на Државата.