Вака. Вујко ми и остава на дар куќа на мајка ми. Сега мајка ми да ми ја остави на дар мене, дали би можел вујко ми да си ја земе назад? И да вујко ми живее во странство веќе 10-15 години. Фала.
Добро а по кој основ? Или не му треба никаков туку само да ја посака? Мислам, сите вие работи ми се нелогични. Неможе никако да ти остават куќа а да не може никој да ти ја земе. Како мајка ми би ми ја оставила мене , а да не може никој да ми ја земе?
Вака сега мислам ама не ме држи за збор.Ако мајка ти има договор за поклон треба да ја префрли на нејзино име па потоа да ти ја подари тебе. Со тоа што имотниот лист треба да гласи на нејзино име, а при тоа ќе се соочи со давачки од типот на даноци, неисплатени сметки и да не набројувам. Кога сето тоа ќе биде подмирено, таа ќе си извади имотен лист. После тоа следува подарок од мајка на ќерќа без никакви давачки единствено нотарските. Велам без давачки затоа што е прво колено.Мајка-ќерка. За подарокот знам дека се отповикува затоа што мене ми се случи на време не префрлив на мое име. И јас не знаев па не си префрлив. И кај вас има и нешто друго дали вујко ти е единствен сопственик на куќата што и ја подарил на мајка ти?
Куќата е веќе на мајка ми префлена,завршено е со давачки и се тоа. Сега мене да ми ја префрли, ок. Ме интересира ако мене ми ја даде, дали на поклон или незнам како има поинаку, ми е битно да неможе вуујко ми да ја земе назад. Значи да сум сигурна дека ќе реновирам , правам и дека нема даму текне на некој да рече пу пу не важи.
Штом е префрлено катастарски на мајка ти се води нема никаков проблем. Нема шанса веќе да ја добие назад. Поклон на нотар, со договорот во општина за печат ,потоа катастар и оп на твое име завршена приказна
Леле фала ти ако е така. Баш и ќе се распрашам плус. Меѓутоа фала и на се ова шо ми го напиша Вујко ми е нестабилен, а јас сум у план да реновирам па ми е језе знам дека овие договори на поклон се поништуваат ко песна, па викам да не биде пу пу не важи ај летај. Одлично, малце ми олесни од муабетов. Поздрав и фала
Значи тоа е едниот проблем, за тоа не сум помислила. А самото тоа сто во договорот стои дека на пример нас не чини нешто 100 денари, но фактички се 70 и дека нашата заработка е 2 денара, а фактички е 32, дали таа лага подлежи на некое друго кривично дело?
Тоа е душо што ти кажав затајување на данок на добивка само што мислам(уште не сум прашала за тебе), дека пред инспкција одговара само управителот.Примерот со Велија од А1 Кога ќе добијам одговор за тебе ќе ти пишам. Ова само го знам. Ти немаш никаква лична добивка од тоа работиш за плата.
Ти благодарам. Мојата дилема е во тоа што јас знам дека производот чини 70 денари, бидејки јас ги побарувам од производителот и мене ми ги испраќаат фактурите, но потоа во понудата тврдам дека производот нас не чини 100 денари и дека ние имаме само 2 денара заработка. Дали можам да одговарам за соучесништво во некој вид на измама или слично?
Ама ти му понудуваш негово е дали ќе прифати или не. Сигурно нема да му кажеш колкава ви е заработката. Се додека фактурите влезни/излезни реално се прикажуваат во книговодство, сопственикот си плаќа данок за тоа.Немаш никаква одговорност ниту правиш измама. Така едноставно функционира трговијата.
ПОМАГАЊЕ Секој кој знае за кривично дело треба да пријави, а не па да помага во истото. Јас на твое место одма ке си отидам, затајување на данок не е мала работа. Или ке се видите со Велија )))
Imam edno prasanje....... cicko mi bara del od kukjata na baba mi i dedo mi koj tatko mi ziveese so godini vo istata...no, negovite roditeli pocinaa i kukjata ostana na ime na dedo mi...cicko mi ne ziveese vo kukjata oddamna e iselen od nea i sega bara del...dali ima resenie da ne ostane nikakov del koj sto nema nisto vlozeno i nema ziveeno...´????
Чичко ти го следува половина ако се само двајца браќа како законски наследник, доколку дедо ти не го отстранил од наследство и доколку не направил договор со татко ти за доживотна издршка.
Одговараат сите вмешани во затајувањето на данокот, дури и доколку надредениот те принудил со закана и уцена. Раководното лице одговара највеќе, но и останатите кои биле вклучени во прикривањето сносат оговорност. Секој што знаел и не презел ништо или помогнал во затајувањето подлежи на санкција.
татко ти може да бара да му се издвои некој дел како подвижни така и недвижни ствари, поради стопанисување со оставителот, ама за тоа треба да се разгледаат и некои други околности .
Се сложувам со @Cka пола - пола, ако нема некаков договор со татко ти за доживотна издршка или било каков договор. Баш му е гајле на судот што татко ти вложувал. Следува по една идентична половина на наследниците, во случајов двајца.
ама ако има доказ дека дел од тоа го градел тој самиот, и ако има докази како фискални, подигнато кредит, тогаш мозе тој дел да се издвои, али сепак одлучува судот. а и во друг случај законот за сопственост остава можност и за ваквите ситуации, али во секој случај треба да се разгледаат точно сите околноти што градел, што купувал и дури тогаш може да се каже што и како. Макар што и тогаш не е ништо сигурно зашто судот одлучува и никој друг.