Може ли за помош. Не е уште дојдено до судии и адвокати ама така ми стои работата дека оди натаму. Пред два месеца доживеав мала сообраќајна несреќа во кој не бев јас крива. Значи јас станав оштетена во оваа ситуација. На другиот што ме удри, осигурителна компанија беше кроација. отидовме таму ми одобрија сума за поправка на колата. Е сега ми стаса спогодба да ја потпишам и да ја пратам дека се согласуваме дека сумата која треба да мија исплатат е 50% од онаа што ми ја одобрија. Треба да го потпишам и да го вратам. Добро ова законски е овака ли одат работите? Како може пола да си сносам јас кога јас сум оштетена? Ве молам за одговор некој што повеќе се разбира во овие работи да ми објасни како да постапам си ја сакам цела сума
@ocicka2014 Имаш право да ПРИГОВАРАШ на износот одобрен од компанијата а гласи на име материјална штета за поправка на возило. Претпоставувам дека во спогодбата која ти ја нуди Ад"Кроација" има поука за правно средство. Тоа значи дека ако си незадоволна од понудената сума ќе се обратиш до компанијата со вложување приговор во поставениот рок. Компанијата е должна да се произнесе по приговорот и да те извести. Ако и после тоа нема место за спогодба работата се решава пред Суд. Ти напомена дека вината за направената штета на твоето возило е возачот на возилотот осигурано во Ад Кроација. Во такви случаи се прави проценка на штетат на возилото( на пример скршена врата, оштетена шофершајбна, искривен фар, замена на одреден дел купување и монтирање на нов дел итн.) од страна на овластен процинетел, кое е лице вработено во осигурителнаѕа компанија. Овластениот проценител се води според одредени параметри ( амортизација на колата, моментална состојба, проценка за замена или поправка на одреден дел) и на крајот изготвува записник за проценка на штетата кој е обврзан да ти го даде. Ако се сомневаш во нечија проценка, обрати се до автомеханичар кој ќе ти даде информација околу износите за поправка на возилото и ќе ти изготви фактури за извршените услуги. Друга ситуација, не знам колку кај нас функционира тоа. Од соодветниот сервис за твојот модел на кола можат да дадат проценка и да достават фактури до Осигурителното друштво кое по тој основ ја исплаќа штетата. Ти како оштетена страна имаш право да приговараш на сумите и на сите околности од значење за висината на материјалната штета. Сега не ми е јасно зошто велиш најпрвин ти е одобрен одреден износ -а потоа е намален за половината такашто си должна пола од штетата сама да ја плаќаш. Битен е тој износ кој ти е понуден со спогодбата. Ако не ти е јасно јави се телефонски во Кроација да прашаш. Тие се должни да ти објаснат. Доколку како што велиш вината е на другиот возач, а ти немаш допринос во настанување на сообраќајната незгода, проценката од записникот ја имаш, а сметаш дека е неправеден износот, подобро ангажирај си адвокат. Додека не се потпише спогодбата осигурителното друштво нема да ја исплати штетата. Ако ја потпишеше се согласуваш со понудениот износ. Ако не ја потпишеш по искористеното правно средство можеш да се обратиш до Суд.
Имам лист со вкупна проценка за возилото што треба да се поправи. Тоа тие ми го издоа со нивна проценка. Е сега јас си ги чекав парите на сметка и оппп ми стасува спогдба во која вели дека двете страни се соглесни кроација да исплати 50% од сумата која е проценета. Во 2 примерока е треба да им го потпишам едниот и да им го пратам. Не ми е јасно еднаш одобруваат со документ на кој има проценка колку кошта поправката, а потоа само 50% да ми ја исплатат. Зар стварно мислат дека ке го потпишам тоа?
Општо правило е дека оној кој ти причинил штета по своја вина е должен да ја надомести. Во случајот оосигурителното друштво Кроација ја презема одговорноста да ја надомести штетата на твоеѕо возило, затоа што возилото на причинителот на штетат е осигурано таму. Во многу случаеви се случува да осигурената задолжителна сума(премијата) која се плаќа во ОДе ниска,а штетата на возилото да е голема и ја надминува, па се случува Осигурителните компании да плаќаат пониски надоместоци од реално претрпените на име штета со објаснување дека премијата е ниска, а возилото прескапо, па остатокот од штетата директно да се бара од причинителот. На овој начин сите се стават во незавидна и лоша финансиска ситуација. Ова го истакнувам како една од можностите зошто не сакаат да ја платат во целост. Но во твојот случај не мора да значи. Совет јави се и прашај. Инаку, целта на законот за осигурување е да се заштитат оштетените во сообраќајот и да се надомести вкупно и реално причинетата штета. Држи се до записникот,( нивната проценка) претпоставувам си согласна со проценката, но не и со износот во спогодбата, кое нешто не пдговара едно на друго и отвара простор за сомневање. За твоја сигурност побарај проценка од автомеханичар. Бидејќи не се согласуваш со понудената исплата, обрати се до адвокат и тој ќе ти објасни која документација е потребна за Суд.
@ocicka2014 Утврдиле колку е штетата, ама ти даваат половично пари, за да платат помалку. Ако не сакаш да склучиш договор, ваков на 50% ќе треба да се тужите. Они играат на таа карта да не ти се замара по судови, вештаци и слично и да речеш, дај шта даш. Ова само да знаеш оти 50% пишале. После ќе речат дека претходно ти била удрена колата, па ти си била демек малку крива, па ќе бараат вештачење и ке се изнадаваш пари. Ако си ти во право , ќе добиеш, ама играта на осигурителните е таа, да добијат што можат. Не е фер, знам, ама и они мораат пари да земат Мој совет - јави им се и кажи дека ќе тужиш и кажи им дека си 100% во право и дека ќе плаќаат и судски трошоци и дека имаш и 5 сведока. Шансите се мали, ама ги има.
Здраво на сите Би била благодарна од Ваша помош...станува збор за следново. Со сопругот купивме куќа која воедно во меѓувреме е извршена легализација. Според тоа како е оградено местото и според извршеното мерење од страна на геодет, потребно е целата парцела да се помести за метар и пол од сите страни на десно. Проблемот е што од десната страна (комшиката), нашата куќа е лепенка со самостоечки зид (никаков објект) и истата таа комшика не дава ни цм од веќе ограденото место а истото е всушност според геодетот во наша сопственост. Таа делба што ја имаат направно претходните сосптвеници а воедно со веќе оградени дворови не соодвејствува со геодетското мерење. Да напоменам дека едниот од комшиите нема проблем со тоа да се преместат парцелите односно оградите, само едната комшика од десна страна се спротиставува на горенаведеното. Ве молам за било каков совет. Ви благодарам однапред.
@Farinka Секој сопственик има право да си ја штити сопственоста на недвижноста( куќа, земјиште, нива, ливада итн) Вие сте станале сопственици на градежен објект - семејна куќа по основ на договор за купопродажба. Не спомена ништо за сопственоста на земјиштето под куќата, кое претпоставувам дека е дворно место. И покрај тоа што имате силна правна основа затоа што имотот сте го стекнале на законит и совесен начин и имотниот лист гласи на ваше име, сепак не смеете да вршите одредени дејствија, во смисла самоволно да ја поместувате оградата, бидејќи комшивката се изјаснила дека е против. Во тој случај ризикувате таа да ви поднесе тужба со која и го нарушувате владението на имотот, бидејќи тој дел се наоѓа на нејзината страна од оградата Вообичаено во ситуација кога не може по мирен пат да се реши проблемот и е правило најпрвин да се седне на маса и разговара и кога не може и по исцрпување на сите дијалози да се најде заеднички јазик ср оди со тужбено барање кое ќе гласи барање на признавање на сопственоста. Друга ситуација е што кажа и самата дека претходните сопственици биле согласни со така оградените места. Овој факт може да го искористи во своја корист посебно ако тие во ниту еден момент не се спротивставиле туку напротив биле согласни со на тој начин поставените гранични знаци. Целта на поставувањето на оградата е токму тоа, разграничување на парцелите кои припаѓаат на различни сопственици кое нешто се врши со нивна меѓусебна согласност. Потоа значајно е времето кое што поминало од моментот кога е поставена оградата. Доколку за сетоа тоа време таа мирно и непречено од никого си ја имала власта врз имотот има шанси и таа да бара утврдување на правото на сопственост. Иако вие имате правна исправа - основ за стекнување на правото на сопственост, исто така и комшивката може да поднесе тужба или противтужба ако се исполнети неколку услови кои ги бара Законот за сопственост и други стварно права. Ако имаш информации во врска со овие прашања ќе ти биде од значење за тоа да си одлучиш како да постапиш понатаму. Дали е впишан имотот на ваше име во Катастарот? Дали ви е познато колку време поминало откако се поставени заедничките огради меѓу вашата и парцелата на вашата сосетка? Дали претходните сопственици знаеле или можеле да знаат дека тој дел е во нивна сопственост, дали превзеле нешто во врска со тоа и ако презеле на кој начин и во кој временски период? Во однос на постоечкиот објект дали се наоѓа на граничното место и каков е тој објект, служи ли за нешто и на крај отстапувањето на граничните парцели. Како што те разбрав граничните знаци ( оградата) би требала да се помести во ширина еден метар и пол кон десно односно кон парцелата на комшивката, така ли?
имам едно малку комплицирано прашање,се надевам некој правник ќеме разбере и ќе ми одговори....се работи за општествен стан добиен во 1991ва година.... сега има рокови за откуп или закуп...станот го доби татко ми,но не е решено статусот на станарско право...во меѓувреме,мајками доби куќа на подарок од сестрите...е сега дали ние можеме да го откупиме или закупиме станот,иако го прекршуваме условот кој вели-сопружниците и членовите на домаќинството да немаат стан во нивна сооопственост- ??? ве молам за одговор.........
кој долг кон евн се смета за застарен? како да се провери дали е застарен и дали и покрај застареноста би можел да се наплати присилно?
Девојки, да ве прашам, да не има некој искуство како оди со префрлање во Централен регистар на наследена фирма. Значи починат основачот, го наследуваат двајцата синови, како да се префрли на нив фирмата во Централен регистар? Фала однапред
http://lider.mk/2015/02/02/ova-se-uslovite-za-otkup-ili-zakup-na-opstestven-stan/ Овде ти е навден рокот за поднесување на барањето за откуп на стан, условите кои корисникот на станарското право е потребно да ги исполнува и документацијата која се приложува до надлежната институција. Значењето на застареноста е тоа што доверителот го губи правото на присилна наплата на долгот односно ако настапи застареност ЕВН како доверител не може да го наплати долгот на присилен начин. Извршителот внимава по службена должност дали долгот е застарен. Рокот за застареност на сметката за струја, вода и комунални трошоци според Законот за облигационите односи е една година а се смета од денот на истекот на рокот за доброволно исполнување на обврската. На пример ви е испорачана сметка за наплата на ел. енергија за месец март 2014 година. Должни сте да ја платите во рок од 15 дена ( или помалку време) во наредниот месец а за претходниот. Наредниот месец е април, па сметано од 15 ти април 2014 една година до 15 ти април 2015 има право да ви испраќа опомени и да бара преку извршител присилна наплата , но внимавајте опомената ја прекинува застареноста, така што таа ( застареноста)почнува одново да тече, како да не е прекината.
Иако не сум правник комуналните долгови не застаруваат, кога тогаш ќе наплатат односно кога ќе дојдете на ред. ЛАГАААААААААААА
Девојки , едно прашање..... Ако барам слободен ден од работодавецот , ми се рачуна ден од годишниот одмор ???
Далерон погрешно мислиш Долговите за струја, вода итн застаруваат за една година. Штом настапи застареност нема простор за присилна наплата. Нотарот и извршителот не се должни по службена должност да внимаваат на застареноста, но должникот има право да поднесе приговор со образложение дека долгот е застарен.
Баш денес читав еден напис на тајм мк дека не застаруваат, утре ќе ги прочешлам законите, смо што тешко се имплицираат.
Долговите за комуналии, струја, и сл. застаруваат по една година. Но доколку пред да истече таа година има поднесено тужба за наплата тогаш долгот не се смета за застарен.
@Daleron согласно Законот за облигациони односи, со настапување на застареноста престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. За да не се мачиш и да бараш по портали, еве ти конкретен член од ЗОО кој се однесува баш на ова за што дискутираме. Член 367 (1) За една година застаруваат: 1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода , за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството; 2) побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радиоприемник и телевизиски приемник; 3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и 4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот на времето за кое е нарачана публикацијата. (2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите
Се е овде смешно, Кој закон кои бакрачи. Од Македонски Телеком после 4 години од раскинување на договорот ми доаѓа сметка за рутер од 4000 денари со опомена да го платам или вратам у комплетиќ , или се знае што следи