Majka ti ima pravo na nuzen del sto se ostvaruva po sudski pat t.e. so tuzba za ostvaruvanje na pravo na nuzen nasleden del
Нужен дел се бара во оставинска постапка, а дедо ти во случајов е жив..ако ти се влечка по судови има начин да барате поништување на договорот односно кога би докажале дека дедо ти го склучил договорот под измама, закана...ама тоа тешко особено што договорот е сигурно или направен или солемнизиран од нотар тешко дека ќе докажиш дека некој со сила го натерал да го потпише...или ако случајно е имот стекнат во брак, а баба ти е жива, ако имате контакти со неа,таа да тужи, па да си бара 1/2 од ќуќата
мислам дека нужен дел во случајов не може да бараат од причина што тие не живееле заедно! Како што кажа Srcuks тој ја нема видено цели 30 години така да.... тешко . Во делот на наследување на делот на баба и( ако е жива) е можно само ако се поништи договорот, но тоа ќе биде исто така многу тешко, зошто долга и тешка процедура е тоа а „наследникот“ веќе си упишал во катастар право на сопственост по регуларен пат. За да се оспори самиот договор, треба да се провери дали дали постојат нерегуларности во таквиот пренос на наследството, со оглед на тоа што право на нужен дел ( за ќерката) во случајов не постои! Дали е добиена согласнот од бабата(брачниот другар на оставителот) ако имотот е стекнат во брак? Ако не е добиена постојат рокови во кои може да се вложи жалба за таквиот договор односно да се оспори( субјективен период е 3 месеци, објективен 3 години ако не се лажам) па таквиот договор да се поништи(ако бабата не се противи, тогаш ништо).
Pravo na nuzen nasleden del imaat potomcite na ostavitelot i negoviot bracen drugar vo sekoj slucaj, a toa da ziveele so nego vo zaednica se odnesuva na lica od vtor nasleden red. Majkata na devojceto e kerka na ostavitelot sto znaci deka ima pravo na nuzen del. Nuzniot del e 1/2 od toa sto spored zakon bi i pripadnalo. Ako e vredno toa sto treba da go dobijat ako im se vlece po sudovi, moze da povedat postapka
Моја грешка за наследувањето на мајката, али за ќерката во случајов ќе важат следниве одредби и истата ќе мора да живеела во заедница како би и припаднал нужен дел. Кои се нужни наследници Член 30 Нужни наследници се: децата на оставителот, неговите посвоеници и неговиот брачен другар. Потомците на децата на оставителот и на неговиот посвоеник се нужни наследници само ако во моментот на смртта на оставителот живееле во заедница со него или ако тој ги издржувал или ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Родителите на оставителот и неговите браќа и сестри се нужни наследници само ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. Лицата наведени во овој член се нужни наследници кога според законскиот ред на наследување се повикани на наследство. Нужен дел Член 31 Нужните наследници имаат право на дел од оставината кој се вика нужен дел и кој им припаѓа во случај кога оставителот располагал со оставината. Нужниот дел на потомците, посвоениците и нивните потомци и на брачниот другар изнесува една половина, а нужниот дел на другите наследници една третина од оној дел што на секој наследник би му припаднал според законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните наследници не бара дел од оставината, или пак е исклучен од наследство или е недостоен да наследи. Притоа, не се применуваат одредбите од овој закон за зголемување, односно намалување на наследниот дел на брачниот другар, односно на родителите.
Okej e i jas spored istovo se vodam, neznam sto ne ti e jasno. Devojceto prasuva za majka i, koja e kerka na ostavitelot.
ne za nejasno moze da se sluci, majkata da dobie neshto vo nasledstvo, kako sto i sleduva pri zakonsko nasleduvanje i da nema nikakva frkavo pogled na nuzniot del, poso od postot pogore, kukjata e nasledena so pravno delo za vreme na zivot (pr. dogovor za dozivotna izdrska) a dokolku postoi drug imot shto bi odgovaral na zakonskiot red i del na nasleduvanje, nuzen del nema da ima.
јас без пари ќе ти дам пиши ми инбукс, ако не нешто бар ќе те упатам да прочиташ и да видиш сам/а и после ќе ти предложам адвокат поефтин ако ти треба
За повторен прикличок треба да е подмирен долгот мислам, или да е почната постапка за отплаќањ на долг, но, сепак најдобро иди во евн објасни им нека ти кажат и пиши ми да те упатам што понатаму
Ама зошто се прави муабет за нужен дел кога човекот си е жив...тој веќе куќата ја префрлил на внукот па така кога би починал куќата веќе не е негова сопственост па така нема што да се бара ни нужен дел ни законски дел..ако има друг имот кога би починал тогаш наследниците во случајот мајката на членката може да си бара дел од тој имот ама не и од куќата...таму може да добие кога би се утврдило поништување на договорот,на никаков друг начин
Ќе Ве замолам за едно објаснување. Мојот татко и неговиот брат се зпишани како сопственици на становите. Поточно чичко ми покрај татко ми е сопственик на нашиот стан, а и татко ми покрај чичко ми е сопственик на неговиот стан. Во имотен лист двајцата ги пишува како сопственици. Сега сакаат да се откажат од сопственоста на становите, односно секој да си биде сопственик на својот стан. Татко ми да се откаже од правото на сопственост на станот на чичко ми, а чичко ми да се откаже од правото на сопственост на нашиот стан. Напоменувам дека и двајцата се живи. Ме интересира како оди таа постапка, каде треба да се обратиме. Однапред Ви благодарам.
Значи, заборавив да напоменам. Баба ми е жива и живее со нас, таа е разведена со дедо ми. Ние живееме под ќирија и немаме никаква сопственост. Дали тоа би влијало врз процесот. А да напоменам, на куќата што е препишана, на истото место е направена нова, а старата куќа е рушена. Дали би помогнало се во оваа. Куќата е на најубавите места од градот и најскапите. Он живее во т.н. вила а ние под ќирии не е фер!
Мојот проблем е во врска со даноците за имот... Што ако не се плати повеќе години.. 10тина... И како можАм електронски да се информирам за долг на мој родител?
Потребен ми е правен совет. Имам земено станбен кредит преку проектот "Купи куќа, купи стан" во Охридска банка. Кредитот го отплаќав преку траен налог на банката. Сега после 2,5 години Охридска банка ми се јавуваат и ми кажуваат дека поради грешка во софтверот на проектот јас треба да плаќам разлика од 71,000 денари. Решение за тоа ми предлагаат да идам или на 3 рати или да земам кеш кредит на 12 месеци со 4,5% камата. Ве молам кажете ми како треба да постапам во овој случај и на кого да се обратам за помош? Дали банката смее така да постапува и како да се заштитам себеси?
Види во договорот а кредит што пишува за ваква сутуација. Ако не пишува не се сложувај со ништо. И со Охридска банка, никогаш никакви кредити и договори, ужас се. Исто така, оди во друга банка, договри преземање на кредитот и кажи во охридска дека ќе го префрлиш кредитот во друга банка, па да ги видам што ќе речат.