Ispustiv uste edna informacija: Kako sto imaat pravo na nasleduvanje rodninite od strikoto taka imaat i nejzinite rodnini. Taka da.....najdete si advokat i spremajte se za bitka i vnimavajte na sekoj fakt
Ќе можете ли да ми кажете каква е и колкава казната кога поднесуваш кривична пријава за лична навреда и закана по живот како пасивен субјектдо обвинителство?
Вие пoчнете пoстaпкa. Кaзнaтa е нa крaјoт и ќе биде вo функцијa нa вaшaтa пoнaтaмoшнa блaгoсoстoјбa. Не мислете нa кaзнaтa, кoнкретизирaјте ги прoблемите и пoкренете aкцијa. Пoздрaв. П.С. зa детaлни прaвни сoвети oбрaрете се кaј aдвoкaт
Здраво, Татко ми има една куќа која ја има направено пред да биде во брак со мајка ми. Ме интересира дали таа сега би била целосно негова или и мајка ми би имала дел од неа?
Законот за сопственост и други стварни права ги регулира имотните односи меѓу брачните другари. Тоа е изрично делегирано од Законот за семејство. Значи во РМ постои заедничка сопственост, но постои и право на посебна сопственост. Имотот што брачните другари ќе го стекнат во брак им припаѓа на двајцата брачни другари. Имотот што брачниот другар го имал пред стапувањето во брак претставува негов посебен имот. Исто така во посебен имот на едниот брачен другар, иако е во брак се смета дека е имотот кој служи за извршување на неговата/нејзината професија или дејност (заболекар, архитект, геодет, лекар итн.) Куќата што татко ти ја изградил пред да влезе во брак со мајка ти е исклучиво негова, тоа е негов посебен имот. Доколку мајка ти има инвестирано во таа куќа дур е во брак со татко ти, а за тоа има некакви докази тогаш доколку вредноста на инвестираното е иста или поголема за вредноста со куќата тука доаѓа до стекнување на права врз тој имот и на мајка ти, ова затоа што тоа што таа лично ќе го инвестира во имотот на татко ти веќе станува заедничка сопственост - за ова треба спор, и вештачење. Во спротивно не. Инаку, доколку се во брак, не дај боже доколку се случи имателот на куќата во неговиот посебен имот да почини, тогаш мајка ти има наследно право на дел од неговиот посебен имот. Доколку се разведени, таа нема право на наследен дел од неговиот посебен имот.
Благодарам многу, и уште едно прашање имам....во станот во кој живееме татко ми ми го има оставено неговиот дел, (значи половина од станот), другата половина е поделена помеѓу брат ми и мене. Јас сакам станот да се продаде а брат ми не сака. Дали има некаква можност да имам јас повеќе право за да се продаде бидејќи имам поголем дел во него?
Некој делови не ми се јасни во претходното излагање. Чисто информативно ќе образложам. Кога мажот ми,ја продаде куќата,која му е наследена од неговите родители,јас немав никаков удел во истата,а морав да се потпишам и да дадам согласност за продавање. Друг пример Брачен пар кој е разведен пред 30-тина години,кога мажот почина,наследство доби и разведената сопруга,наводно имала право да бара,и кога и таа куќа се продаваше и таа беше повикана за потпис на нотар. Овие два случаеви не се поврзани,само сакав да ги кажам како пример.
За што беше таа согласност што вие сте ја дале, зошто била важна во моментот на продажбата? Во вториот случај не е можно жената да наследил. Освен ако не го окрупнала имотот на нејзиниот поранешен сопруг.
Па за да може да се продаде,незнам затоа и прашувам,изгледа и јас ако ја продавам куќата ќе треба и мажот ми да даде согласност. За второто и јас мислам дека не може,а ме убедуваат дека може
Еве вака: Член 59 Заедничка сопственост е сопственост на повеќе лица на неподелена ствар кога нивните делови се определиви, но не се однапред определени. Заедничката сопственост постои во случај на стекнување имот во брачна заедница, во вонбрачна заедница, во случај на здобивање имот во наследничка заедница, во семејна заедница и во други случаи определени со закон. Кога стварта е во заедничка сопственост на тоа нема влијание фактот што во јавната книга таа е запишана како сопственост само на некој од нив Ставот 2 од овој член ја оправдува вашата согласност за оттуѓување на имотот со правно дело од страна наследникот (сопственикот) на станот што сте го продале т.е. вашиот сопруг. За вториот случај јас сметам и стојам зад тоа дека не може да наследи жената имот на нејзиниот поранешен сопруг без разлика дали тој умрел 3 дена, 30, дена, 30 години после разводот
Уште едно прашање,ако може. Една моја братучедка живее со еден 12-13 год. во вонбрачна заедница.После колку години тој има право на заедничка сопственост?
Пoсле првaтa гoдинa зaеднички живoт, вoнбрaчнaтa заедница се изедначува со брачната во поглед на заедничкиот имот и издржувањето. Препорачливо идните вонбрачни другари доколку имаат намера да живеат вонбрачно, да дадат изјава на нотар дека сакаат да живеат во вонбрачна заедница. Ова од причина што при спор, се олеснува докажувањето на почетокот на вонбрачната заедница.
Има начин, пример се докажива дека живееле заедно, особено ако имаат заеднички деца, иста адреса на стан и многу други индикатори...доколку им е потребна информација за целата оваа работа најдобро е да побараат правна помош од адвокат или нотар.
Ако можете да ми кажете колку време треба да помине после поднесување на кривична пријава до обвинител, додека почне по истата да се дејдтвува... Поточно да отпочне процесот?
Здраво на сите Мојот случај е следниов, јас,а потоа и моето дете сме единствени наследници на имотот кој што е во сопственост на мојата мајка. Мајка ми сака да склучиме Договор за доживотна издршка или Договор за подарок, со цел, јас да бидам именувана како сопственик на имотот во Катастерот на недвижности, и да не бидам изложена на дополнителни обврски со пренос и докажувања на сопственост,после нејзината смрт. Дали е потребно,откако имотот ќе биде во моја соственост,истото да го направам и јас со моето дете, т.е да биде именуван како единствен наследник после мојата смрт , без некој да се “вмеша“ ,со ова мислам на брачен партнер во иднина,како и таткото на детето, од кој што сум разведена. Ќе ве замолам доколку може некој од вас да ме посоветува како да постапам,дали сето ова е потребно да го направам,бидејќи сигурно ќе има трошоци,и коe е најдобрoтo решение во ваков случај? Благодарам и поздрав
Не сум правник и не се разбирам во правото,но сакам да ти го кажам моето искуство Кога почина татко ми,јас во договор со мајка ми направивме оставинска во кое мајка ми ми го остави имотот Се со причина,после смртта на мајка ми да не правам повторно оставинска и да не бидам изложена на трошкови.
Ти благодарам за одговорот и советот,само уште нешто,договорот што го направите е за доживотна издршка или за подарок,го заверивте ли кај нотар , и дали тој го изготвува или сами треба да го составиме?
Се се прави кај нотар.Поднесуваш барање во суд,судот ти определува нотар,нотарот ти се јавува се договарате кој документи се потребни,закажувате кај него во канцеларија и после се он завршува. Мајка ти мора да биде присутна,се потпишувате и добиваш оставинска. А за детето мислам дека после тоа ти ќе го средиш со договор. Се надевам дека ти помогнав