А има некој рок во кој апелација треба да донесе одлука? Инаку тужбата беше од ЕВН, ние го добивме спорот, па сега еве чекаме на апелација.. Не знам што да мислам, знам дека со ЕВН и нашиве судови се е можно..
Не,нема потреба.Таков договор се заверува и кога мајка ти ќе стави потпис толку е.Е сеа дали детето твое ќе може да биде наследник не знам.Но кога ќе го добиеш нејзиното наследство(после нејзината смрт) можеш да го префрлиш на име на твоето дете.
Требало да гуглам.. Член 355а од Закон за парнична постапка го вели истото.. Бев убедена дека некогаш го имам прочитано ова ама не бев сигурна каде.. Фала ангелче..
Ве молам некој да ми помогне Имавме судски спор за наша кука , што судот пресуди во наша корист , и Апелација пресуди во наша корист , и елаборатот што го изврши во 2008 геодетот плус нов елаборат сега направивме , и заедно ги однесовме во катастар за запишување на право на сопственост , и од таму ни пратија писмо Потврда како се одбива пријавата за запишување на промената на катастарот на недвижнини поради нецелост некомплетност. И сега ? Мене не ми е јасно зошто во оваа држава никоја институција не функционира .. Јас не знам каде да се жалам , што да правам , а геодетскиот елаборат е поминат и низ Апелација Помош
Ќе се обратиш во катастар. Ќе барате објаснување што недостасува за да биде коплетен предметот. Судската одлука исто така треба да ја приложите.
Вака сега судската одлука си беше во елаборатот , заедно со новиот елаборат и стариот елаборат 2008 година со кој го добивме судскиот спор . Е сега од катастар ни рекоа во пресудата не бил новиот елаборат туку тој стариот од 2008 , а а ние све заедно поднесовме ... И новиот и стариот и судската пресуда
Види тие таму се еднонасочни. Ќе бараш прием и тоа преку шалтер со поднесено барање со архивски број заверено. На комшијата мој во елаботатот му пишува 20м2 тераса, 68м2 спрат, 30м2 поткровје, вкупно 108м2. И тоа така поминува во општина, поминува и во катастар...и буквално на имотниот лист стои 20+68+30=108 СДК никој бре не се замара. Виделе дека има нов елаборат и за нив тоа е друго, не ни погледнуваат. Барај прием.
Утре сабајле ке одам , али што да им кажам кога елаборатпт и све е кај нив , што друго да им кажам , плус имам пријател што работи таму и он рече ке видам што можам да сторам али го нема да се јави . Во потврдата што ни ја пратија пишеше дека имаме рок од 15 дена да се жалиме на управен суд . Лудило е во државниве институции !
Не ми првпат да видам ваква ситуација,тоа е катастрофа,не се знае кој јаде кој пие, а кој плаќа. И после се фалат едношалтерски систем....ма ајде,кого лажат А нај страшно е, нема човек што ќе го реши проблемот,како раштиман оркестар се Да видиш како лесно се решаваат овие проблемо во Чаир,кај браќава
Не се откажа..нели? Барај правник и поднеси приговор како што ти кажав, со архивски печат обавезно да ти го заверат твојот примерок.
Пријавата за запишување на промена ти е одбиена затоа што не била во согласност со членот 176 од Законот за катастар на недвижности кој ги пропишува сите потребни услови за да може да се изврши полноважно запишување на промената.Така правниот основ мора да биде подобен за запишување и истовремено мора да постои соодветност на податоците утврдени во правниот основ и оние во елаборатот. Бараното запишување е одбиено со акт на Агенцијата за катастар на недвижности, а дозволено правно средство против тој првостепен акт е тужба за поведување на управен спор и целосно погрешно е "мислењето" кое некој ти го упати претходно - да поднесеш "приговор" до истиот орган кој го донел првостепениот акт за одбивање, бидејќи истиот е недозволен. Внимавај на рокот од 15 дена во кој можеш да го искористиш ова правно средство во согласност со член 237 од ЗКН.
Кога ти е поднесена жалбата ? Судството беше во штрајк од мај, па ферија летово.. од септември почнаа со редовна работа, .па многу предмети се со закаснување....Можеш да прашаш мислам во односи со јавност дали е земен во работата, ама имај во предвид дека се штрајкуваше....
Анаконда, со тужбата за поведување на управен спор ќе побараш утврдување на основаност на пријавата за запишување, одбиена со конечен акт на првостепениот орган - со случајов Агенцијата за К на Н.