Тебе не ти се обратив. А еве сега кога ти се обраќам ќе ти кажам само дека кога не знаеш нешто, не можеш ни да збориш. Не реков дека не би и наплатил никогаш. Реков дека однапред не наплаќа, а богами да знаеше ќе знаеше за колку предмети нема наплатено ни денар, или колку пати во интерес на клиент од свои пари дал за судски такси, увид или препис или одење во други градови или разни промени во централен регистар.
Секој на крај наплаќа дури и Вашиот работодавач. Затоа не ги доведувајте во заблуда читателите дека Вашиот работодавач наплаќа само според заслуга (само во случај на добиен спор) како што напишавте претходно.
Ме интересира ова Имавме судски спор со комшии , спорот го добивме , и требаа да ни исплатаат трошоците ( изгубената страна) но адвокатот си ги зеде за него парите ( а му плативме нему 700 евра уште на почетокот на спорот) , дали е ова нормално , легално ....???
Зависи. Многу често и не наплаќа. Сака прво да го заслужи. Сакам да кажам не наплаќа пред да започне нешто, туку по донесена и правосилна пресуда. И да, ретко губи, а кога губи не наплаќа. И зависи во каква финансиска состојба е клиентот. Не се лакоми за да му ги земе парите али ај нема потреба да се објаснувам. Нити па имам намера да го величам или рекламирам мојот работодавач.
Vo presudata si pisuva kolkavi trosoci pripagaat na advokatot, a niv gi podmiruva toj sto go izgubil sporot.
Точно. Тоа се трошоци на постапката. Но и Адвокатот си има трошоци кои ги сноси страната што го изгубила спорот, и тоа трошоци од типот, за состав на тужба, за состав на полномошно спред АТ и други трошоци.
На адвокатот му беше платено све од наша страна ! Ние имавме трошоци за вештак , катастар , и многу други работи
Вештачењето го плаќа онаа страна која бара вештање. Ако е супервештачење (тоа е многу скапо) мислам дека двете страни ги делат трошоците за вештачење.
@mila89 - izvinete sto precam ama gledam deka imate poznavanje od temava moze li da mi pojasnite sto znaci slednovo vo preddogovor za kupoprodazba na stan: Предмет на овој Преддоговор е уредување на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни, а кои произлегуваат од продажба на недвижен имот-стан во градба, кој согласно i tuka sledat dokumenti so broevi i ovoj del mi e jasen pa potoa Како и соодветен дел од недвижен имот-изградено градежно земјиште под зграда, кое согласно конечниот упис на квадратурата на станот според Имотниот лист ке се пресмета во идеален дел. Површината на станот е површина утврдена според постоечката проектна документација. e sega ako se e vo navedenata cena, zosto na kraj na dogovorot vo drug clen stoi Договорните страни се согласни,сите Нотарски и Адвокатски трошоци кои ке произлезат од овој Преддоговор како и главниот Договор,дека ке ги плати Купувачот,како и данокот на промет за преносот на правото на сопственост на соодветен дел од земјиштето.(доколку произлезе) ne mi e jasno dali ova znaci deka na kraj pak treba da plakjam nesto i za zemjisteto
ДА...највероватно купувате стан од фирма инвеститор и не се поминати 5 години од градбата па ви кажале дека сте ослободени од данок на промет...тоа е така меѓутоа инвеститорот е должен да ви продаде и соодветен дел од земјиште односно дворно место и земјиште под зграда а за тоа нема ослободување...што значи дека доколку произлезе данок на промет а сигурно ќе произлезе од тоа тие трошоци си ги плаќа купувачот
А вака сега знам дека сум досадна ама за темава сум тотален почетник, дали ова значи дека јас би требало да платам само данок за земјиштето или да го платам и земјиштето накнадно? И ако е само данок колку изнесува истиот? Благодарам најмногу!
епа од тоа што напишавте дека е цитирано во договорот гледам дека предмет на продажба е стан и соодветен дел од земјиште значи највероватно и тоа е пресметано во цената штом го пишува во преддоговорот...за сигурно ќе се консултирате со продавачот...а данокот не ми можела да Ви кажам колку ќе е бидејќи тоа зависи од проценката која ја прави секоја општина посебно и зависи од големината на парцелата, бројот на станови во зградата и слично..од искуство се вртат некои цени од 3000 денари па до 100 евра ама пак не можам и не сакам да ви тврдам...е сега тој данок се плаќа дури кога се прави главниот договор односно од кога ќе излезе имотниот лист за зградата (претпоставувам уште нема бидејќи е во градба)
Уште еднаш да ви заблагодарам што одвоивте време да ми објасните и да се извинам што ви одзедов време. Имајте убава вечер!
@zbunetkupuvac Зраво, сега гледам дека си ме означил. Ти кажала членката од погоре, еве и јас да ти објаснам , значи кога купуваш недвижен имот го купуваш и земјиштето под тој имот, исто е и кога купуваш куќа и кога купуваш стан, само што со стан во зграда тоа земјиште се дели на идеални делови и тој дел би требало да е многу мал во твојот случај. Инаку Данок на имот кај купопродажба е 3% од пазарната вредност.
Дали некој знае кога станува извршно судско решение, односно како се пресметува датумот од клаузулата за изврпност и согласно кој закон? Блгодарам
Otkako ke stand pravosilno imas ROK za ispolnuvanje na obvrskata..ako ne ja ispolnes u toj rok resenieto e izvrsno. Soglasno ZOO