Правни проблеми

Discussion in 'Правни совети' started by babyketi, Feb 7, 2010.

  1. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2013
    Messages:
    28
    Likes Received:
    1
    Тоа би значело, откако е правосилно, го добива должникот, кој има 8 дена да направи одредено дејствие и кога ќе му помине овој рок е извршно? Ме буни дали има врска со тоа кога го примил доверител. Поконкретно на пример, правосилно е на 20/02, должник го добива на 01/03 и има 8 дена. Дали, ако доверителот го добил на 15/03 може истиот или ден после тоа да повика извршител? Или клаузулата за извршност се става 8 дена откако го добил доверителот без разлика што рокот што му е даден на должникот е поминат претходно? Фала уште еднаш :)
     
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Joined:
    Nov 23, 2012
    Messages:
    2,456
    Likes Received:
    5,228
    Gender:
    Female
    значи како прво не може да е правосилно на 20/02, а да е примено од должникот на 01/03 бидејќи не може да биде правосилно без тој да прими(освен ако се работи за второстепена пресуда, таа станува правосилна на денот на донесувањето)...после тој има рок за жалба на тоа решение/пресуда што и да е, и плус доброволен рок како што ти кажа членката за исполнување на обврската (дали е 8 дена,15 дена зависи си пишува во пресудата/решението)..после кога ќе поминат сите рокови (ако тој во меѓувреме не се жали или ако жалбата не го одлага извршувањето) треба да се поднесе таа пресуда/решение во суд или др институција која го донесла, па да чекаш да го сработат (зависи од градот некогаш и по 1 месец се чека) и дури тогаш кога ќе имаш правосилна и извршна одлука (со печати за правосилност и извршност на неа) тогаш можеш да поднесеш барање за извршување кај извршител
     
  3. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2013
    Messages:
    28
    Likes Received:
    1

    Да. Се работи за второстепена. И си има печат за правосилност и тие се датите. Мене ме интересира која би била датата на извршност во ваков случај. Инаку, 8 дена си стои како рок за доброволно делување од страна на должникот во одлуката. Конкретно ме буни дали согласно член 14 став 3 од закон за извршување, датата од клаузулата за извршност треба да стои деветтиот ден откако го примил должникот (заради 8 дена париционен рок) или тие 8 дена треба да се сметаат од денот кога го добил доверителот, па во случај да го добил на 15/03 датата од клаузулата за извршност да биде 23/03...
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Joined:
    Nov 23, 2012
    Messages:
    2,456
    Likes Received:
    5,228
    Gender:
    Female
    штом во закон за извршување, пишува деветтиот ден откако го примил должникот тогаш така е..не доверителот туку должникот..ќе си ги однесиш одлуките во суд и тие ќе си пресметаат(иако мн пати искрено и грешно пишуваат)
     
  5. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2013
    Messages:
    28
    Likes Received:
    1
    Па тоа ми е, дали е погрешно пресметано. Си пресметале од доверителот. И сега чаре?
     
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Joined:
    Nov 23, 2012
    Messages:
    2,456
    Likes Received:
    5,228
    Gender:
    Female
    тие највероватно пресметале од тој последен што примил...обрати си се до судот барај си да си го преправат
     
  7. girl96

    girl96 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    89
    Likes Received:
    29
    Прашање до некој стручен на темава. Дали договор е важечки ако ги содржи само потребните потпис и печат или мора СЕКОЈ договор да е заверен на нотар?
     
  8. LajlaGirl

    LajlaGirl Истакнат член

    Joined:
    Dec 12, 2016
    Messages:
    66
    Likes Received:
    45
    Gender:
    Male
    Zavisi za sto e dogovorot.
     
  9. GeoDidi

    GeoDidi Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    66
    Likes Received:
    268
    Ако станува збор за договор за доживотна издршка или распределба на имот за време на живот, тој договор се заверува во суд. Сите други договори се заверуваат на нотар. Е сега, во врска со прашањето, печатот и потписот веројатно се на договорна страна - правно лице, меѓутоа договорот треба да е заверен на нотар за да може да се спроведе во надлежните институции - катастар, МВР и др. или пак да добие својство на извршна исправа. Во секој случај, договор кој што не е заверен од нотар, во постапка пред суд, доколку некоја од договорните страни не ги исполнува договорните обврски, ќе се смета дека таков договор не е ни склучен.
     
    girl96 likes this.
  10. pixa_982

    pixa_982 Активен член

    Joined:
    Dec 1, 2016
    Messages:
    34
    Likes Received:
    38
    Gender:
    Male
    Парите законски треба да одат на ваша сметка. Но, веројатно некој од твоите потпишал доколку го добиете спорот парите да одат на сметка кај адвокатот. А договорот е закон меѓу двете страни.
    Тешко дека извршителот би го прекршувал законот и без никаков основ би ги пуштил парите на сметка на адвокатот.
     
    kikin likes this.
  11. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2011
    Messages:
    89
    Likes Received:
    21
    Gender:
    Female
    Здраво
    Ме интересира за спорови ви врска со одржувачка како се одредува вредноста на спорот? Некаде е 100.000 некаде друга е вредноста?
     
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Joined:
    Mar 29, 2012
    Messages:
    3,240
    Likes Received:
    70,735
    Што е потребно за да се стави фирма во мирување?
     
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Joined:
    Dec 10, 2009
    Messages:
    927
    Likes Received:
    891
    Gender:
    Female
    За каква одржувачка мислиш? Ако е спор за сопственост, вредноста е 40.000 ден.
     
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    781
    Likes Received:
    2,130
    Gender:
    Male
    Нема потреба од дополнителни работи, само не врши деловна активност преку фирмата, претходно информирај го твојот сметководител дека нема деловна активност фирмата и наредната година до 28.02 поднеси известување до ЦРМ дека фирмата не била активна во 2017 во секој случај ќе треба да поднесете и завршна годишна сметка за 2017 година, инаку придонесите подмирувај си ги навремено али не врши други трансакции.
    Ако си ликвидна а немаш долгови направи ликвидација на фирмата повеќе ти се исплаќа така отколку да ја правиш во мирување.
    За подетално пиши ми во порака.
     
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    781
    Likes Received:
    2,130
    Gender:
    Male
    40.000,00 ден. е за сите останати спорови односно висината на таксената основица, а за имотни спорови за одржувачка односно стекнување на право на сопственост на недвижност врз основа на одржувачка, вредноста на тужбеното барање се определува според вредноста на недвижноста која е предмет на спорот.
     
    mila89 likes this.
  16. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Joined:
    Apr 19, 2015
    Messages:
    16
    Likes Received:
    12
    Gender:
    Female
    Да се обидам накратко да го објаснам правниов лавиринт па ќе ми значи ако може некој да ми одговори и „просветли“.

    Се работи за заедничка куќа на двајца сопственици поделена според имотен лист на две идеални половини така што со меѓусебен договор со години секој си го користи својот спрат. Е, сега едниот решил да ја преобрази својата идеална половина во преноќиште со претходно нагласување на другиот сопственик дека само ќе се реновира за крајнот резултат да излезе тоа што е, преноќиште. Прашањето ми е како е можно да му се издаде одобрение и на која основа без претходна согласност? И дали и какви тужби може да се поднесат бидејќи („нештото“ повторно ќе кажам, не знам на која основа е во функција) за постојано и неподносливо вознемирување на другиот сопственик од страна на гостите. Да нагласам и дека во тој дел значи апсолутно нема присутен сопственик од нивна страна и гостите практично доаѓаат без разлика дали е ден или ноќ да прашуваат за резервации бидејќи спратот се држи заклучен, а е означен со реклами на заедничката куќа со еден број.
     
  17. pixa_982

    pixa_982 Активен член

    Joined:
    Dec 1, 2016
    Messages:
    34
    Likes Received:
    38
    Gender:
    Male
    Може да се поднесе тужба за вознемирување на право на сопственост до другиот сосопственик, но основот за поднесување на тужбата е климав.
     
  18. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Joined:
    Apr 19, 2015
    Messages:
    16
    Likes Received:
    12
    Gender:
    Female
    Како мислите климав кога се прави нешто вон рамките без дозвола од другиот? На која основа?
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,957
    Likes Received:
    14,025
    Gender:
    Female
    Дали банката има право да дава моj телефонски броj на трети лица? Во случаjов некоjа агенциja коja потсетува дека не е платена рата на кредитна картичка.
     
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Joined:
    Dec 10, 2009
    Messages:
    927
    Likes Received:
    891
    Gender:
    Female
    Најдобро ќе биде да си направите физичка делба на идеалните делови.
     
    Lost_L likes this.