1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правоговор

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од nightingale, 19 октомври 2019.

  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Забележав дека постои тема за правопис на форумот, но ја отворам оваа тема за правоговорот.

    Многу ретко гледам македонски телевизиски или радио програми или емисии, но кога и да вклучам, забележувам дека воопшто не се внимава на правоговорот. Тука не мислам на ситни детали од аспект на мали киксови во акцент, или некој "избеган" збор од дијалект. Напротив, забележувам дека воопшто не се ни внимава на акцентирањето и изразувањето. Ова особено ми смета кај новинари и спикери, од кои очекувам добро да го говорат јазикот. Секоја чест на некои новинари за кои се забележува дека навистина внимаваат.

    Секако, сите ние говориме одреден дијалект, но сепак сметам дека барем во медиумската сфера треба да се задржи одредено ниво на правоговор на литературниот јазик.

    Кои се вашите мислења на оваа тема? Сте забележале ли вие неправилен говор? Ви пречи ли?
     
    На Annath, Mrs. Lovett, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  2. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Ми пречи кога зборовите не се акцентораат како што треба и ми пречи тоа што не сме доволно едуцирани за нашиот сопствен правопис и правоговор.
    Не се почитуваат актценски целости, акцент на специфични зборови и зборови кои се по потекло од другите јазици.

    Еве јас лично не гледам многу телевизија, а уште помалку македонски канали. Чат-пат ако загледам вести или некоја турска серија. Навистина звучни невкусно.
     
    На pdb123, Mrs. Lovett и nightingale им се допаѓа ова.
  3. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Да и јас многу ретко гледам. Обично кога одам кај моите ТВ е секогаш вклучено на некоја МК програма. Баш тоа и ме стави во мисла, ако толку ретко гледам, а секогаш забележувам неправилни акцентски целости, неправилен акцент и зборови од дијалект, што се случува ако гледаш цело време.

    Јас не очекувам безгрешни спикери/новинари, но сепак сметам дека има кодекс на говорење кон кој треба да е придржуваат.
     
    На g8lQQk и zuto им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Многу ми пречи, искрено.
    Посебно кога ќе слушнам презентери на вести, емисии итн.
    Немам ништо против дијалектите, баш напротив, сметам дека тие се богатството на јазикот и културата, но според мене тие немаат место во медиумскиот простор.

    Не сакам да именувам, но најистакнатиот пример е еден презентер на временска прогноза. Премногу силен дијалект и специфичен акцент што едноставно не може да остане незабележан и боде уши. Инаку, знам дека човекот си ја знае работата и е одличен во она што го прави, но акцентот го расипува впечатокот.

    Исто така, многу ми пречи акцентирањето на одредени политичари. Да не речам, кај сите се забележува ова.
    Не знам дали сакаат да звучат попаметни, интелектуално потковани или што и да е, но се создава спротивен ефект.
    На пример, наместо да акцентираат сосема нормално и правилно, на третиот слог од назад, тие акцентираат на почетокот на зборот, на првиот слог. Мислам дека знаете за што зборувам, ќе најдам и примери и ќе ви ги пишам.
     
    На Snow-Star, dunika, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Пречи на тв.
    Не ми пречи на форум. На форум каде што сите се опуштени и подобро се изразуваат со некој збор на дијалект не сакам да изигравам учителка по македонски и да посочувам грешки. Не ми е гајле кој колку знаел да акцентира Тоа ми е една од оние работи на кои луѓето им се смеат на други луѓе а се тотално небитни. На никого нема да му смени во живот ништо доколку некој не изговорил некој збор правилно.
     
    На Mrs. Lovett, BlackSwan22 и nightingale им се допаѓа ова.
  6. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Да, да апсолутно. На форум секако не можеме да го забележиме правоговорот, повеќе правописот. Но ти ја сфаќам поентата и се согласувам. Јас и ги сакам дијалектите во секојдневието. И различните изговори. Симпатични се, а секако секој од нас е опуштен, па дури и на работното место да речеме, доколку не бара специфично да го користиме правоговорот

    Мене повеќе ми смета кога се работи за професии кои што бараат правоговор. Еве да исклучиме ТВ, на пример, познавам учителки кои држат часови на нивниот дијалект. Не внимаваат на акцентирање воопшто. И тоа ми смета.
     
    На zuto, Mrs. Lovett, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.481
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи на форумите и социјалните мрежи.Па,ни на телевизија.
    Страшни се грешките во образовната сфера.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    За делот со учителките и да и не. Ако децата зборуваат ист дијалект се создава блискост.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    На телевизија ми смета да.
    Ама не осудувам, јас кога не зборам формално исто не зборам ко што треба така што не можам да судам.
    Ама да треба да зборам на тв или пред народ фала Богу правилно и културно ќе се изразувам.
    Да не се брукам пред нацијава.
     
    На nightingale му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ми пречи.
    Пред 4-5 години гледав еден документарец на МТВ, баш за темава се зборуваше...
    СФРЈ не беше цвеќе за мирисање, ама во тоа време, нема шанси да бидеш спикер, ако немаш појма од дикција и литературен јазик
     
    На poenta, Mishela, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  11. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право дека има разлика. Јас за СФРЈ конкретно не би можела да зборувам, не сум го доживеала тоа време, но точно знам на што мислиш. Кога растев, 90тите, медиумскиот простор беше исполнет со "стара школа" спикери кои баш многу внимаваа. Дури мислам и на детските емисии или на синхронизациите на цртаните многу се внимаваше.
     
    На prominent, dunika и WildMk им се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Ех,колку ми фалат тие гласови на старата фела спикери,да ти е мерак да слушаш.Каква дикција имаа,штета што нема повеќе такви.Не може,а да не ви оѕвонува гласот на Таска Балабанова,особено кога ги читаше”Штрумфови”:inlove:

    Сегашните водители говорат исто како на улица,дури и звучат просто,особено кога соговорник им е еминентна јавна личност.
    Спикерите на вести се 70% дипломци од сосем друга сфера,за жал се приметува недостатокот од филолошка наобразба.

    На форумов ми пречи само испуштањто на интерпункциски знаци,мачно ми е да читам цел пост без ниедна запирка.Дијалекти сакам да читам и слушам,тие се богатство на еден јазик,но не и во медиуми и институции во метрополата.
     
    На zuto, poenta, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум гледала многу ТВ, затоа и немав забележано каков говор се користи. Тоа беше додека еден ден, професорката по македонски не ни спомна колку тоа не и се допаѓа и ни кажа баш да обрнеме внимание.
    Таа секогаш се трудеше да зборува литературно иако дијалектот ни е предалеку од литературен.
    Откако ни препорача професорката извесен период гледав почесто, слушав внимателно и сфатив што сака да ни каже.
    Ми смета да, но не можам да кажам дека ми смета ептен многу, бидејќи не се соочувам со тоа многу често.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Ужасно звучат посебно бедно синхронизираните турски серии. Не гледам турски серии ама со оглед на тоа што 24/7 само тоа го пласираат на тв и да не сакаш ќе чуеш нешто од таа беда. Не знам дали кога ќе се изврши синхронизацијата актерите ја преслушуваат за да перципираат како звучат. За акцентот не сакам ни да зборувам. Многу грешки се прават.
    Сметам дека работата на телевизија бара ангажман во полето на дикција и граматика. За жал тоа е многу слабо тука.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Малку оф топик, но во странство имаат програми посебни на кои гласот го прилагодуваат баш онака како што треба да одговара, кај нас мртов коњ не им е рамен. Страшно...
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Најмногу ме нервира кога ќе слушнам "он, она, они", кога не се почитуваат акцентските целости и кога се прилагодуваат англиски зборови на македонски, иако имаме соодветен македонски збор.
     
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Можеби ретко кажуваат во твојот крај каде што живееш, но тоа не е репер за нештата да се попрецизни или правилни. Во многу места велат "нараквица" наместо "ракавица", но тоа не го прави зборот поправилен. И за вакви муабети имаш теми Правопис и Правоговор, повели овде.
     
    На тп18 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    "Од дамна", "оддржува" (facepalm)
    Ми се креваше косата кога ќе прочитав, или пак чуев некој вака.
    Факултетски образовани.
    На обичен работник не му замерувам и да не знае. Немало кој да го научи, судејќи според образовниот кадар.