Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Забележав дека одредени првописни грешки низ форумов страшно ме иритираат, па добив желба да отворам тема во која ќе ги споделуваме правописните грешки што ни „параат очи“, а може и да поставуваме прашања ако не сме сигурни како точно се пишува некој збор и со тоа да научиме нешто.

    Јазикот мора да си го почитуваме, чуваме и негуваме!

    За почеток, морам да кажам дека ме иритира кога ќе прочитам неможам, несакам и слично. Негација пред глагол се пишува одделно.
     
    На SexyGirl2, Ekstaza, MermaidKiky и 13 други им се допаѓа ова.
  2. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    Хм, или на пример свати , треба сфати ;)
     
    На marija.cvetkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Ариел ти симнувам капа за темата :clap: И мене многу ме иритираат правописните грешки, како и кога не се употребуваат запирки меѓу зборовите, се наедно да се мачиш да прочиташ. Не велам дека немам правено правописни грешки, ама тие најчесто ми се од брзање. А какви грешки среќавам тука по форумот, страшно :o Во еден пост на два-трипати прочитав јубомора наместо љубомора, ц.ц.ц |(
     
    На meganbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    лол и такви ли грешки се прават |(
     
    На marija.cvetkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    #113 Љубомора во врската

    Мислење04 Мар 2010, 22:43
    AX,TAA JUBOMORA VRSKATA BEZ JUBOMORA NE E BAS UBAVA TREBA DA SE IMA SAMO MALKU JUBOMORA NO TOA DA BIDE VO ODREDENI GRANICI I TOA DA NE PRERASNE VO BOLEST.
    P.S:jas sum malku jubomorna :D :P :D :P :D :P

    Да бе, просто да се изначудиш :o Еве го постот копиран од некоја Стефанче во темата „Љубомора во врската“ нека ми извини девојчето на рекламата :D
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Знам на моменти да пишувам литературно, а некогаш да си пишам по охридскиоТ акцент :lol:

    Како и да е, најиритирачки ми е она сВати :envy:


    За девојката која напишала јубомора... бидејќи пишувала на латиница - по грешка или од брзање можеби заборавила да напише L пред ј :)
     
    На MotherMonsterI и marija.cvetkovska им се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    najmnogu me nervira koga ke procitam "seuste", a pravilno e "se` uste".
    greski od tipot nemozam, nesakam, naj ubavo sum gledala duri i na prevod na serii sto ne znam kako e vozmozno,sramota.
    i iako ne spagja vo pravopis, mnogu me nervira koga ke slusnam " taka da" namesto pravilnoto "taka sto".
    profesorkata makedonski od sredno mnogu ni bese stroga za ovie raboti :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Да, има многу неписмени за жал, не само на форумов туку насекаде. :(
    Започнувајќи со тоа свати=сФати, и незнам= НЕ ЗНАМ (се пишува разделно, веќе по не знам кој пат кажано), ми доаѓа да вреснам затоа што нема надреден знак на тастатурата за тоа Е, во СЕ' , па понекогаш ставам запирка за да се означи, САКАМ СЕ' !

    Би ги замолила сите да пишуваат со македонска поддршка, не е премногу тешко да се стисне Alt + Shift, нели? ;) Да си го негуваме сопствениот јазик! :clap:

    Превземе=преземе, без В.
    Отсега, оттука.

    Тоа ми текнува засега. ;)
     
    На Ekstaza, Thallia, hellogirlsss и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Да згреши еднаш, ама четири пати во еден пост :D
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    у лалаааа :lol: е тоа не го забележав :lol:

    Еве нешто од правописот: секогаш помеѓу самогласките Е + А и И + А се пишува согласката Ј.
    Ова важи за глаголите, како на пример: пиеја, спиеја, криеја, пееја...
    Кај глаголите: играа, трчаа, сонуваа, бараа.. секако тоа правило не важи.
    Секако има и искучоци како на пример: мислеа...
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    ova pravilo go znam kako deka ne smee tri samoglaski da stojat edna do druga :) isto mu se fakja ;)
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Сметам дека тука на форумов е најмалку битно дали се прават правописни грешки или не,целта е да се остават мислења,да се отворат теми,а не за тоа кој како пишал,нормално дека ке пишува на македонски,ние и онака сите правиме такви грешки,па не гледам причина зошто да му забележуваме на некој што направил таква грешка.Разбирливо е дека сакаме да си го почитуваме сопствениот јазик,меѓутоа замислете колку не има во нашава државичка и колку само грешки правиме,па ако се фатиме на секој да му забележуваме за грешките,ништо не правиме,а и од една страна и не е убаво заради самиот тој што пишал нешто,односно не го почитуваме неговото мислење со самото согледување на грешката.Меѓутоа не викам дека и јас не сум направила правописна грешка,можеби,незнам,затоа си коментирам за мене,а дали грешам друг нека види,но да не коментира јавно за грешката,уствари тоа си е негово право,но сепак не е убаво,на крајот на краиштата незнам зошто се замарате со тоа,јас едноставно го читам мислењето,разбирам што сака да каже со постот и толку,не се замарам со тоа дали точно напишал или не.
     
    На V!ncent>v@n<G0gh, Ekstaza, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    37.026
    Мене ме нервира кога КОЈ се употребува и за еднина и за множина. КОИ е за множина.
    Горде о.к се тоа, сите грешки правиме, ама тука се прават некои основни грешки. Како може некој да не знае каде стои Ф, а каде В? Или некои вакви навистина прости работи. Има и премногу правописни и граматички грешки во постовите.
     
    На Lolo5, okcenzi, Chelsea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.050
    Допаѓања:
    45.778
    веднаш по пишувањето можам да познаам каква личност е тој што тоа го напишал - писмен или не :D

    се вадам од такт на употреба на (НЕ)КОЈ ( аман научете, (НЕ)КОИ е мн., (НЕ)КОЈ е еднина, м.р. ) за множина, ме нервираат кога пишуваат АЛХОХОЛ ( важно го пијат, не знаат да го напишат АЛКОХОЛ ), едно време им докажував на сите околу мене дека глаголот е СФАЌА, а не е СВАЌА!!! :@

    а запирки, па повеќето не употребуваат запирки - не ни знаат зошто служат. кога читам текст без запирки ми е исто како да слушам некој да зборува без интонација :rofl:

    во последно време почнува да ме иритира и грешењето во англискиот јазик, BED е кревет, а не е лош. само, неписмениот ќе си остане неписмен.... на било кој јазик да пишува :x
     
    На Lolo5, zuto и SandraRA им се допаѓа ова.
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    И јас веднаш ги приметувам правописните грешки, но бидејќи ова е форум неможам никого да коментирам прво бидејќи и јас сум згрешила во куцање па по неколку пати го редактирам мислењето :) а второ бидејќи тука не има од секаде и од сите возрасти па поради тоа доминираат дијалекти, сленгови, регионализми...
    Сепак како филолог ќе кажам дека треба да се знае стандардниот македонски јазик а во неконвенционална употреба може да си се изразуваме како сакаме. Единствено што ме нервира е употребата на латиница кога правило на форумов е да се пишува на кирилица.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Треба до некаде да се внимава како се изразува, но, дали сте сигурни дека сите вие, секогаш го говорите литературниот македонски јазик?
    Јас ќе ви кажам. Не бидете олку сигурни, на факултет, професорката по македонски, навистина многу не учеше како да говориме, но никој не научи, ова што ние го говориме пишуваме, не е ни слично на правилното.
    Додека спремав испит, колку правила има во граматиката. Неможеш да споредуваш формален говор, пишување, со жаргон, или уличен говор. А ако се договориме сите да пишуваме формално, тогаш ок.

    Мене од се најповеќе ми боде очи, СТРАМ и СРАВ не тука, туку општо, бидејки така го кажуваат многу луѓе вои нашава државичка. Но, никој не ги оценува, ниту пак осудува за тоа. Тоа е лично право, сите разбираме што сакаат да кажат.
    Да се свртиме малце го други работи на форумов. Јас сум повеќе за тоа да се употребуваат запирки, зошто без нив нема смисла реченицата. И тотално е неразбирлива.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.050
    Допаѓања:
    45.778
    само забележав, и двете членки под мене имаа напишано негација и глагол заедно :f:

    девојки, не можам, не сакам и сите останати од тој тип, се пишуваат разделено ;)
     
    На AnGeL4e009, vesni4kaaa и TammyDeyn им се допаѓа ова.
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Значи тука не судиме никого, туку зборуваме за правопис, јас сум филолог со просек 9 и нема потреба некој да ми кажува како треба кога и самиот прави огромни грешки, како голема буква, запирка и слично.
    Луѓе ова е форум, ок е тоа што сметате дека треба да се пишува правописно, но сепак, за некои ситници, сите грешиме, не е од незнаење туку, од брзање и од што сме опуштени, во домашен амбиент, фотелја и слично.
    Факт е дека ниту една од нас не пишува перфектно, така да според мене е излишно да се обвинуваме кој како пишал.
    Ако пишам неможам, ке го сватите како не можам а не како те сакам, буквите и значењето се исти, ист збор е...
     
    На presiosaP, SexyLady и crazylady им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    37.026
    Суперлатив од многу е најмногу, не најповеќе. Многу, повеќе, најмногу. Литературно е така што, не така да. СФАЌА, а не СФАТИ(ова по не знам кој пат)
    И саншајн има право. Се прават и грешки во пишување, не мора да значи дека е од незнаење. Јас ретко два пати го препрочитувам постот.
     
  20. Chic

    Chic Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Леле и јас често употребувам некакви глупави зборови. И тоа знам зошто е. Фејсбуков ме уништи за побрзо да запишам употребувам скратеници како на пример :
    пошо,нешо,зашо, место глупави- глупи и такви глупости.
    Инаку мислам дека ова се должи на смс пораките бидејки за да заштедиш некое денарче од кредитот пишуваш без запирки и такви рработи :)
    Се надевам дека барем во статијава кажав нешто без печатна грешка. :D
     
    На Lolo5 и Ekstaza им се допаѓа ова.