Виножитке, сите правиме грешки, еве и тебе те фатив Јас колку што знам е "и по стоти пат" a не "и по стотТи пат". Ако грешам поправете ме. Посебно се нервирам кога ќе прочитам: пренајмногу, пренајуба, најпренајуба итн. Па имаме кондури-чевли, зејтин-масло, више-веќе итн.
Пуфи мислам дека грешиш, ама ај ќе чекаме да видиме другите феминки што мислат. Едит: Се извинувам и се поправам - погоре во темава беше кажано дека е стоти правилно. Ќе си го залепам на фрижидер.
Многу честа грешка што ја среќавам тука на форумот е тоа што многу форумџики сметаат дека „ден“ е женски род, па пишуваат „цела ден, втората ден“ итн. - девојки, именката „ден“ е во машки род, и правилно е цел ден, вториот ден...
Леле Ана сега ме потсети на мојот наставник во основно, ова со цел/цела или еден/една ден цело време ни го повторуваше и многу не караше ако го згрешиме Јас не сум обрнала многу внимание како го пишувам, ама ти си 100 % во право за тоа. Значи е цел ден и еден ден, а не една ден _________ Мене ме нервира кога некој ќе напише пренајвшие и превише, нити е македонски нити литературно. А за редните броеви, од 1 до 4 се пишуваат без дуплирано Т, четврти , ама петТи се пишува со две т, е после тоа шести, седми, осми, деветти и десетти вака мислам јас беа . Единаесетти, дванаесетти, петнаесетти, ако грешам нека ме поправи некој, ама некаде 80 % сум сигурна дека се вака.
Кога ќе прочитам по темиве напишано маЈца, искрено се надевам дека е намерно, а не дека мислат дека така е правилно
Во кичевскиот говор ден е женски род. Секогаш користат една ден, наместо еден. Спојлер Имав цимерки од Кичево. Грешам?
Не грешиш и во Кичево се употребува една ден и цела ден, ама не значи дека е тоа дијалектот, тоа е усмена грешка, секој може да користи една ден, не мора да значи дека е од Кичево ако вика така И не е точно дека ден е женски род тука грешиш, од каде пак сеа родовите на именките да се разликуваат по дијалекти (ме насмеа) не викаме ние една телефон
Јас сум слушнала само луѓе од Кичевско да велат една ден (впрочем сите кои ги знам од Кичево, а тоа се десетина луѓе, велат една ден, цела ден...), а од други не сум слушнала таква усмена грешка. Секако дека не мора да сум во право. Една ден - значи го сметаат како женски род. Не реков за телефон. Nevermind, секој ден сум подготвена да научам нешто ново.
Многу ме нервира кога некој каже: '' Врне снег '' Зарем не е правилно: '' Вее снег '' ? Ако првото е точно (врне снег) ќе се разочарам
Па изгледа ништо не сметаат кога викаат една ден исто и ваква дилема се јавува и кај две коверти или два коверта (е како е правилно) има и други примери со два , Исто ме нервира кога некој ќе рече секад-(секогаш), никад- (никогаш) ,некад- (некогаш)
Бутерфлај некаде викаат и врнИ снег , а јас мислам дека правилно е врне или паѓа снег, зарем ветрот/ветерот не вее ?
Никад и некад викаме ние во Куманово бидејќи кај нас има останато многу србизми. А тоа секад мислам дека не е литературен збор и никогаш не се употребувал,тоа во последно време скопјаните го измислија со тоа нивното нелитературно зборување(несакам никого да навредам),па мода стана кај сите. Мене лично тој збор ми е одвратен кога ке го слушнам.
два коверта е правилно. Две се употребува за именки од женски род, пример две жени, две чаши... а за именки од машки род, два или двајца(ако станува збор за луѓе, т.е. мажи )
Јас сама да си се издам Во последно време место страв пишувам страф па не сум јас крива, цело друштво користи Ф на крај па и јас почнав. Како едно време што се користеше w (miwo = milo) така сега Ф место В