1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сите можеме да се согласиме дека да не се знае секојдневни зборови правилно да се напишат е срамота.
    И јас повеќе нема да пишувам за зборови како сфаќа, средства и други такви зборови. Ќе пишувам само кога навистина имам потреба.

    Не знам за другите, ама јас не сум во ПМС, вчера ми заврши :lol: .

    Да не биде постов без врска, еве нешто што досега не сум го знаела. Ова ни го објасни професорката.
    Зборот предвид, се пишува самостојно. Значи, пред него не треба да стои в или во.
    Во предвид или в предвид е неправилно. Секогаш стои само ПРЕДВИД. Бидејќи нема логика ВО ПРЕДвид.

    Знам дека начинот на објаснување ми е :tmi: .
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Лелла. Велиш сите правиме грешки така?
    Па добро, за мене правописни грешки на форумов се милјон или ама што ги напиша ти но не те ставам во групата на неписмени, ниту ме бодеше во очи тоа. Не се правописни зборови. И според тебе сега треба да се убиеш така? Според мене, баш ме заболе што си напишала, битно јас те сфатив.
    Ако сите правиме грешки тогаш зошто посочуваш на она се' уште кога само 2-3 феминки тоа го пишуваат затоа што сметаат дека сме на Сител вестите и треба да се однесуваме како лектори. Значи те молам држи се до едно мислење. Едно е да велиш, сите правиме грешки во пишувањето, друго е да посочуваш правописни правила за кои само што си научила и сега тука ќе не постројуваш која е неписмена а која е.

    Јас барав правописни грешки само во твојот пост и најдов 3 но најмногу се фатив за милјон затоа што беше на врвот на дијалектите и најселски :)

    Инаку ако сметаш дека дијалектите не се богатство и дека треба сите да зборуваме правилно Македонски тогаш не коментирај на темава затоа што очигледна ти е целта. Да се направиш најписмена и најпаметна на едвај 17 години.
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.354
    Пол:
    Женски
    Дебатава ме потсеќа на твитот -Да ОМ на час или да не ОМ,ако е македонски да ОДИШ ! :D

    Факт е дека во денешно време ретко кој постојано во секој дел од денот без исклучок зобрува на македонски литературен јазик исто како што факт е дека сите не ги знаеме во целост правилата на изразување во нашиот јазик. Начинот на изразување често ни е детерминиран од местото на живеење а според мене голема улога има и сленгот кои младите многу го користат како карактеристика на една страросна група.

    Македонскиот литературен јазик е едно дијалектите се сосема друго. "OM" (или било кој друг збор на дијалект) е дел од тоа говорно подрачје но зборот "одам" е оној кој е прифатен како дел од македонскиот лит. јазик и сметам дека при официјално обраќање без разлика дали е на форум,на телевизија или во институција некоја правилно е да се употребуваат оние зборови кои се разбирливи за сите и се дел од официјалниот македонски лит. јазик а не од дијалектот.

    На пример кога бев во Гевгелија ,за компири чинам изразот им е патати ,што кога прв пат го слушнав тој збор јас навистина не знаев што значи се додека братучетка ми не ми го објасни. Исто така на форумов имам забележано многу изрази од типот на женатаму,таја,афтор,сТрам,оТцена и многу други кои што навистина малце глупо е кога ќе ги прочиташ од некоја возрасна личност која по некое правило би требало да го знае правилното значење и пишување на истиот збор.

    И не, не е до тастатурата туку до самиот лик кој не сака да обрне внимание на начинот на изразување. Без разлика дали е форум или разговор дома мислам дека секогаш треба да се трудиме околу говорењето бидејки никогаш не се знае од навика кога може некој таков збор да ни излета на погрешно место па утре некој да се чуди како воопшто сме успеале да завршиме школо.

    Конкретно на форумов најголем проблем што го забележувам кај одредени ликови не е ниту сленгот (кој и јас често го користам),ниту дијалектот туку пишување без точка, без запирка, без нов ред, без голема буква..Е тоа навистина никогаш нема да успеам да разберам колку може некому да му е мачно при пишувањето на самото четиво да одвои време и да го направи истото читко запазувајки ги правилата на правилното пишување.
     
    На Lella, nevermet18, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    За милјонот, признавам, згрешив, како што реков сите правиме грешки. (Настрана тоа што ама е литературен збор)
    Мојата поента на целава дебата е:
    Да не се фаќаме за гуша за грешки како дрзнам и останатите, туку за најосновните (негација и глагол, обезвучување, суперлатив...). Па срамно е тие да не се знаат. Не само што е срамно, туку и страшно.
    Дијалектите се само за одредено подрачје, и е тотолно нелогично да се пишуваат и да се зборуваат секаде каде што ќе се најде. И за мене не е ни симпатично, ни слатко, ни никакво.
    За „милјонот“. Некој ми рече прво да се научам да ги пишувам броевите, а после да критикувам други.
    Да се разбереме, јас не се оправдувам бидејќи сум напишала милјон, ја признавам грешката, ама заради еден „милјон“ не можете да ми залепите етикета како неписмена.

    За мене подобро е некој кој не пишувал добро до сега, ама откако дознава како е точно - веќе да не пишува така.
    А не да не пишува правописно (и тоа најосновните правила да ги греши, ги спомнав погоре), и откога ќе дознае како се пишуваат зборовите, упорно да продолжува така да пишува, е тоа е веќе, аман.

    За мене неписмен е оној кој не ги знае основните правописни правила.
    Толку.

    Ариела, не се правам паметна, како што ти упорно тврдиш, ниту пак најписмена (од каде го извади зборов), туку само сакам да се пишува правописно. Толку ли е тешко тоа? Зошто да пишуваме неправилно кога можеме правилно? Затоа што е „симпатично“? :fubar:
    Се изморив од арно, убаво. Кој сака нека разбере, кој не, па ич. Едно време пробав преку пример да објаснам. Со кое право јас тоа сум го правела, како сум се дрзнувала да коригирам други и што ли уште не.
    Излишно е се’ што зборуваме, едноставно се’ е џабе.
    И уште нешто, Ариела. Годините не се никакво мерило за тоа колку знаеш правопис. Јас лично сум приметила дека знам многу повеќе од некои дури и дупло постари.

    Постов излезе километарски, ама тоа е. Морав.
     
    На Someonespecial и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Чка, јас никаде не се препознав, не значи дека ако застапувам некој став тоа го правам од лични причини. Ти пак се обидуваш да ми држиш лекции. Не ми требаат упатства што е ортографија, што калиграфија и т.н. Тој дел ќе го прескокнеме.

    Нешто слично на ова зборче?
    Интелегенција? Интелегентни? Сериозно?
    Подобро да премолчеше овој пат.
    Се разбира дека нема да пребарувам низ твоите 1000 мислења да ти ги посочувам тие мал милион грешки кои ги имаш, само се сетив конткретно на оваа грешка, го напишав зборчето во системот за пребарување и постирам дел од резултатите. Јас не ти реков дека имаш грешки за да те навредам, јас тоа ти го реков затоа што е вистина, ти си една од редовните членки чии мислења се од помалку прегледните за мене (и тоа не ме спречува да те читам), а по темата гледам дека упорно сакаш да да ги потценуваш другите кои грешат.

    Ти и ова прашање го постави на оваа тема?
    Сигурна си дека сакаш да бидеш форумски лектор?
     
    На ariela09 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Кацјушка, не дека ја бранам Чка или така некако, не викам ништо за интелегенцијата, ама ова последново значи...

    Кој знае - ќе каже, кој не знае - ќе си праша.
    И јас имам којзнае колку пати прашано. Подобро да се праша отколку да се греши.
    И „форумски лектор“. Те молам. :D Очигледно е колку не ја сфаќате поентата.
     
  7. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски

    Лелла немој да напаѓаш никого ;) Сите правиме грешки,и не сме сите тука лектори па да внимаваме на правописот.Дури понекогаш и лекторите прават грешки :)
    Инаку се трдуам колку-толку да се придржувам кон правописот. Е сега,кај дебата за не знам искрено јас го пишувам споено незнам од што ме мрзи :rofl: :rofl: Знам дека правам голема грешка,и треба малку повеќе да внимавам на тоа.
    Не викам дека сум совршена,туку напротив и јас правам грешки.Како на пример во местото каде што живеам често буквата М често знае да биде отфрлена од зборот како што се на пример : живеам,мислам,сакам,морам...итн. Едноставно така ни е местото каде што живееме,па дури и самите професори по Македонски јазик си зборуваат на дијалект. Баш сега пред некој ден професорката по македонски упорно па упорно се запнала за Детаљот,е сега јас како што знам правописно зборов е Деталот а не со Љ, или па не знам можеби не сум во право. Но,сум приметила исто така повеќе грешки и во многу други зборови. Исто така има грешки и во книгите,учебниците итн,ете барем на учебниците нека се внимава од таму учиме,таму треба точно да е напишано ама никој не внимава.
    Професорите исто така треба малку да поводат сметка за нивниот изговор и нивниот правопис. Тие се оние кои не учат нас на нештото како е правилно,а не треба да ги учиме ние нив.

    Во контекст со блоднираното во твојот пост Лелла ете ти најдов одма грешка :lol: Наместо ним користи нив затоа што така е правилно.

    А да,во врска со дијалектите. Секое место си има свој дијалект,еве на пример ако некој професор на факултет ( значи пример земам) е од Куманово,Струмица или Кочани и ако зборува на нивни дијалект,јас мислам дека поголемата половина од приутните нема да можат да го разберат,почнувајќи од мене.Затоа е потребено барем во образовните центри да се зборува литературно,оти ако сите почнеме да си зборуваме на дијалети кај ни е крајот. Скоро никој никого нема да може целосно да го разбере :rofl: :rofl:

    Инаку не ми е намерава тука да се карам,само си кажав мое мислење во врска со ова :)
    :hai:
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во еднина е детаљ, во множина детали.
     
    На Hipica, Lella и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ана-банана, ним не е неправилно. :wasntme: И детаљ, нели...



    Како и да е, добро би било во иднина да не пишувате ништо ако не сте сигурни. Ова не се однесува само за тебе, и други имаат правено така.

    Инаку за тоа дека ни лекторите не се доволно компетентни за лекторирање учебници и книги, не се.
    Еве на пример, во хемијата ми пишува супстанца. Тој збор е поубав за изговор, ама колку што гледам правилно е супстанција. Значи лекторот не го бива.
    Најлошото нешто што досега го имам видено во македонски учебникот е обзир. Во македонскиот јазик, јас мислам дека е подобро да се користи предвид (секако без во пред него), ама ако веќе мора баш тоа, се знае дека е обѕир
    Низ обични книги имам милион пронајдено. Сериозно ќе почнам да си правам список на недоволно образовани лектори, за во иднина да не дојдам до никаков контакт со нив.

    И се’ уште не можам да сфатам како може да ве мрзи да стиснете едно единствено копче. :D Некој посебен вид мрза ќе му дојде. :rofl:
    Мене од мрза за правопис ми се само надредните знаци, ги заменувам со (’). И тоа е подобро отколку ништо. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • nim.jpg
      nim.jpg
      Големина на фајлот:
      64,8 KB
      Прегледи:
      267
  11. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Колку има неписмен народ тоа е страшно. Често ги прелистувам официјалните Facebook профили на нашите политички партии, па тоа е страшно какви коментари се пишуваат долу. Ми треба 5 пати да ја прочитам реченицата за да сфатам што сакал да каже, а најстрашно е тоа што голем дел од тие коментари доаѓаат од млади луѓе кои треба да се двигател на ова општество тука. Разбирам дека пред 60-70 години биле отворани првите училишта, факултети, па луѓето ја немале таа среќа и можност да се образуваат како што ја имаат младите генерации, но машки и девојчиња на 22 години да не можат да состават правописна реченица тоа е страшно. Мене воопшто не ми е јасно како само положуваат испити, завршуваат дипломски и постдипломски студии, а едвај пишуваат. Во моја околина многу мал процент луѓе читаат книги, сакаат добра и квалитетна музика, добар и квалитетен филм, посета на театар и останато. Се почнува и завршува со Facebook, Twitter, Instagram, You Tube, турски и индијски серии и српските турбо-фолк забавни емисии.
     
    На senza.parole и Lella им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ана-Банана направила грешка, да, ама тоа не значи дека не треба да пишува. Баш убаво што ти „посочи“ дека грешиш (го ставам во наводници затоа што тоа твоето си беше точно напишано); вака ќе научи како е правилно.

    А еве и ти со твојата грешка што ја имам подвлечено погоре ќе научиш дека и супстанца е литературен збор. Да не солам памет, кога го прочитав твојот пост ни самата не бев сигурна, ама затоа постојат речници :)

    Во однос на пишување на литературен македонски на форумов, тежнеам кон тоа, што не значи дека никогаш не сум погрешила и не сум напишала некој збор на дијалект. Се случува и никому не треба да му се зема за зло. Се‘ дури не се работи за збор од типот на пљачки за кој пола Македонија можеби нема да знае дека се однесува на облека, прифатливо е.
    На Фејсбук (немам акаунт на друга социјална мрежа) ретко го користам литературниот јазик, можеби само во групите од факултет. Ама во директна комуникација со пријателите или во споделувањето фотографии, пишувањето коментари од чиста забава.... малку ми е смешно да пишувам литературно кога со истите пријатели кога пијам кафе зборувам на дијалект.

    Уште па прочитав погоре некаде дека и дома сме требале да зборуваме литературно, зашто ако зборуваме на дијалект, може некој збор што сме го употребиле дома да ни летне пред професор или претпоставен.... Сериозно?!
    Ако на татко ми му речам „Тато, ќе те замолам да бидеш љубезен и да ме однесеш со автомобилот до центар, да не одам пеш“ наместо „Тато, ај ак сакаш однеси ме со колана до чаршија да не одам пешки“, само ќе прсне од смеење и ќе му го разубавам денот и ќе си цупам со штиклите пеш зашто не ме сфатил сериозно.
     
    На mackica1, Anna-Banana, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Не да не пишува, напротив мене ми е мило што воопшто некој пишува на темава. Зоброт ми беше дека некој ќе го види тоа што го напишала и повеќе нема да пишува ним да речеме.
    Сепак добро е тоа што таа воопшто го напиша тоа, бидејќи еве да не го напишеше немаше да дознае за детаљ и нив.

    А она со супстанци(и)те, навистина ме ставивте во дилема, бидејќи и јас мислев дека се и двете правилни, па за секој случај проверив до дигиталниот речник и видов дека кај супстанца пишува дијалектен збор. (еве тука)

    Се сеќавам дека некој напиша така нешто за дијалектите и воедно за правописот, ама мислам дека зборуваше за на пример ако по форуми не пишуваме правилно, тогаш може и на магистерска да ни се испушти некој неправилен збор.
    И се согласувам, бидејќи правописот е правопис насекаде. А едно е правопис, друго е дијалект. :!:
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    23.819
    Пол:
    Женски
    Нема "до сега", туку "досега" - прилог за време.

    И сликава сакав да ја постирам овде, зашто многу грешки среќавам на форумов поврзани со овие прилози.
    Значи, ова е правилно:


    Значи, се применува правилото за едначење по звучност на Совемениот македонски јазик.
    Така звучната Д станува Т кога ќе се спои со безвучните С, П и Т.

    Исто кожа ми се ежи кога ќе прочитам (а, за жал многу често во последно време на форумов):

    анЃел - анГел
    марЌет - марКет
    професорЌе - професорКе итн.

    Тоа само се слуша како Ќ или Ѓ, ама се пишува со К или Г.

    А, често знам да прочитам и следново: риБче, леБче...
    Се пишува рипче, лепче...
    Исто од правилото за едначење по звучност на СМЈ.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      96,3 KB
      Прегледи:
      172
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Една од најчестите грешки во писмената форма на изразување е слеано и разделено пишување на зборовите.Следните правописни правила може да ви помогнат за усвојување на јазичната норма.

    Слеано и разделено пишување на зборовите
    Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на срастување, овие зборови може да се пишуваат слеано или со цртичка меѓу компонентите.

    Слеано пишување
    1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките О и Е се пишуваат слеано.
    2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се пишуваат слеано.
    3. Сложените именки или придавки кај кои првата компонента е број или бројна придавка.
    4. Сложените именки од кои првата компонента им е глагол во заповедна форма.
    5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента им е заменска форма.
    6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот „ден“.
    7. Сложените именки кај кои како прва компонента се јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.
    8. Сложените именки кај кои втора компонента се грам, литар, метар.
    9. Сложените придавки на кои првата компонента им е прилог.
    10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
    11. Слеано се пишуваат и придавките: социјалдемократски, средновековен; како и сложените прилози: вчеравечер, едноподруго, отсега, напролет, предвид, претпладне, сосила, поинаку, понекогаш.
    12. Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози и именки. Со глаголите, негацијата НЕ не се пишува заедно. Исто така, не се пишува заедно со глаголскиот прилог.
    13. Префиксите ПО- и НАЈ- за образување компаратив и суперлатив се пишуваат слеано.
    14. Сложените релативни сврзници добиени од заменките кој, чиј и што: којшто, којашто, коешто, коишто, чијшто, чијашто,чиешто, чиишто.

    Разделено пишување
    1. Негацијата НЕ со глагол или глаголски прилог се пишува разделено.
    2. Кратките заменски форми зад именките со роднинско значење.
    3. Поздравите што се составени од два или повеќе збора (исклучок: добровечер).
    4. Разделно се пишуваат и: сѐ уште, на пример, од сѐ срце.
    5. Одделно се пишуваат релативните сврзници: кај што, каде што, како што, колку што, каков што, каква што, какво што, какви што.
     
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Значи не знам колку пати се заколнав дека нема повеќе да те цитирам или да се расправам на темава...
    Но едноставно не можам.
    Прво (додека не сум заборавила) - но е правописно литературен збор. Ти на магистерската што толку многу ја сонуваш и зборуваш ќе напишеш ама или но?

    Јас не реков некој да ми пишува тука на дијалект. Прво, затоа што ништо нема да го разберам... и нема второ. :D Но ако некој збор случајно му се испушти што ќе го разбераме не треба да ни смета ама воопшто.
    Друга работа. Лелла, стварно мислиш дека некој се образува од форумов? Зарем ти на секое неправилно напишано зборче што не знаеш како е правилно, ќе поверуваш дека е така како што форумџиката го напишала? Мислам сериозно јас не сум се осудила никогаш да напишам некое погрешно зборче мислејќи дека е правилно затоа што некоја форумџика го напишала. Тоа е апсурдно и луѓето кои го прават тоа за мене се прости искрено.
    Еве на пример зборот отсекогаш.
    Јас до пред некое време мислам дека го пишував од секогаш (иако и така сеуште ми изгледа правилно но ете...). И јас видов дека некоја форумџика го напишала отсекогаш и веднаш проверив како е правилно. Не го земав нејзиното мислење како од лектор мислење. Можеби нејзиното е грешно па сакам да проверам ако ништо друго да и ја посочам грешката.

    Никој тоа не го прави а и да ти кажам искрено и никој воопшто не се замара со правописот на форумов колку тебе.
    Сериозно мислиш дека начинот на кој пишуваме овде ќе пишуваме на магистерска? Јас на пример мислам дека сум како некој правописен манијак кога станува збор за такви работи (магистерска, проект, есеј, формално писмо). Овде пишувам онака како што мислам дека би ме разбрале што сакам да ви кажам, и колку толку си внимавам на правописот. Сега ако направам некоја правописна грешка, ако толку ти смета посочи ми во лична порака за да не правиш офтопик.

    Вие вистина мислите дека овие форумџики
    На истиов начин, правопис и говор разговараат или пишуваат формални работи?

    Значи фемина си е фемина. Нема допирна точка со правопис според мене. Како сакам, така ќе пишувам, најбитно е да ме разберете и да не примате правописни правила од мене туку да си отворите речник, книга, интернет и да видите како е правилно за во такви посебни околности.

    И да се разбереме, зборуваме за фемина. Јас сум многу против медиумско неправилно пишување и непознавање на правописот, како и во книги (освен ако се работи за печатна грешка).
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Оф бе Ариела... :D

    Прво, не знам, ама навистина не знам зошто толку си се фатила за секој мој збор и ми броиш колку пати сум го повторувала. Инаку, но не е ништо повеќе од ама, тоа се едноставно синоними. Точно дека ама е од турско потекло, ама тоа не значи дека е неправилно.

    И мене не би ми сметало да му се испушти некому некој збор, ми смета кога постојано се зборува на дијалект и кога не се почитуваат најосновни правописни правила. Ми бодат очи и останатите, ама некако им прогледувам низ прсти (можеби и не им прогледувам, тоа е проблемот :D ). Значи треба да се прави разлика:

    Дијалект - опуштено зборување - правописни правила.

    Дијалект - Вметнување зборови од своето подрачје кои можеби и нема да можеме да ги разбереме, а и се правописно неточни. (таја, стра, можи, направе...)
    Опуштено зборување - Сепак е форум, а не официјален документ и може да се зборува малку поопуштено. (еве и двете напишавме смета - правилно е пречи ама тоа е опуштено зборување, тоа не е правопис, туку ете... како да објаснам, онака...) :D Баш опуштено, нестегнато. Тоа мене не ми пречи ако е во граница на нормалата (стварно, смета, остај...)
    Правопис - Сите знаеме што е тоа, и сметам дека правописот треба буквално насекаде да се применува (од социјални мрежи (бидејќи правопис е едно, а дијалект друго) до магистерски)

    Ариела, ти ќе пишуваш како што сакаш, фала богу. Ама зборот ми е зошто не би пишувале правилно? Зарем е тоа толку тешко?

    Инаку, во врска со наоѓањето грешки, па ти најдов една што ми боде очи. :D :wasntme: Всушност мене сите грешки ми бодат очи, ама тоа е посебна приказна. :lol: Ми рече да ти ја пишам по ЛП, ај ќе ти ја пишам. :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Лелке,не сакам да ви се мешам во дискусија,ама човек не се замарај толку :D
    Да не ме сфатиш погрешно,јас не мислам дека не си во право,ама факт е дека ова е форум,не пишуваме книги и учебници.
    Се трудиме да пишуваме правилно,ама не мора до таа мера се да ни е погодено.
    Некогаш од брзање ќе напишам незнам или пак некој збор на дијалект и ти ќе ме мислиш неписмена?! :D :D
    Ариела убаво си кажа,овде е битно да се разбереме и да пишуваме литературно колку што можеме повеќе.
    Според мене најдобар дел е што пишуваме кирилица и поголемиот дел феминки се изразуваат баш според правописните правила.
    Добро е да се дискутира што е правилно,а што не,ама не треба јаже на врат за секој погрешен збор :D
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Пред мене само не пишувајте незнам, неможам и несакам, без разлика дали е форум, срцев удар добивам, или ќе ме умрете или ќе ви се закачам како пијавица :D
    Не можам да си помогнам. Мислам Лела на мојот пост се сеќава, кога зборев за оние кои редовно го користат би им се испуштило на пример на важен документ. Јас грешам многу при граматика и правопис, користам дијалектни зборови веројатно, англицизми, ама примарен јазик во кој функционирам секојдневно не ми е македонски и тешко ми е некогаш, не е стисни копче, НО, основно правило за негација толку редовно да се греши, при толку разни профили на феминки да го видам како редовно се користи? Страшно е!
     
    На senza.parole и Lella им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    13.021
    Пол:
    Женски
    Може е малку офф-топик коментаров, ама морав да постирам.
    Одморив очи читајќи ја темава, за разлика од повеќето други теми каде од латиница, милиони точки и извичници, или комплетно изоставување на интерпункциски знаци, ме здоболело глава додека да разберам...

    Ама не се нервирајте толку. Професори по македонски јазик и лектори прават грешки, а не сите ние останати. Битно сеуште има некој кој го цени литературниот јазик.