1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25

    Лелла дојде на форумов тука сите да не просветли и да не образува.Бидејќи таа е најпаметна,сите другите сме неписмени според нејзини мислења пишани тука на темата.
    Незнам девојче колку години имаш,ама престани да се занаесуваш дека знаеш се. Затоа што НЕ секогаш си во право,спушти си го малку носот на земја доста леташ во облаците високо е.
    Јас сигурна сум дека ти дома не зборуваш на литературен јазик. А и никој дома не зборува на литературен јазик тоа е факт.
    Поздрав и не би сакала друго да дискутирам тука во темава,најмногу ме нервира тоа што некои вакви како тебе глумат паметњакоич.
    :hai:
     
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Значи, претеравте.
    Никој од нас не е најпаметен.
    Но, да се прават грешки како изоставање на интерпукциски знаци, најчесто запирка (,), или да се пишуваат споено некои зборови како:
    -учили
    -такали
    -тиги
    -незнам
    -дати
    Дали воопшто имаат смисла овие зборови кога ги пишуваме споено? Излегува сосема друг збор. Грешки се случуваат, но не секогаш.
    И на крај ја направивте Лелла неписмена. Од А отидовте до Ш. Внимавајте на изразувањето. Девојчето не кажа ништо лошо.
     
    На eliesaab, Sunshine.Sunshine, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Аурора, колку пати веќе да повторам. Ми здосади од повторување се’ едно исто. Не сакате да разберете и не сакате.

    Знаеш што мене уште повеќе ме нервира? Тие што им викаат на другите дека се прават паметни, а во самото тоа мислење имаат правописни грешки. :hai: Ајде чао, не се расправам.

    Навистина на крај ме направивте мене неписмена. :| Зошто? Затоа што реално кажувам како се пишува на форумов? Епа извинете, не сум дојдена тука за меченца, бакнежи и срценца, барем не во темава. Тука барем сум ептен арогантна, признавам.

    Марке мор, абе добро е ако ти летне некој дијалектен збор или правописна грешка, работата е што најосновните се грешат. Не ме предизвикувајте да почнам да цитирам мислења. :|

    Очигледно е дека работата е во тоа што имаме различни ставови. Вие мислите дека не треба на форумов да се пишува толку правописно, јас мислам дека насекаде треба да се пишува.

    И не ми мешајте повторно дијалект и правпис, не знам колку пати реков дека се два различни поими. И во дијалектите има правопис.
     
    На eliesaab, Sunshine.Sunshine, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    23.819
    Пол:
    Женски
    Дечки, немојте да ме сфатите погрешно, ама изговори од типот на "ме мрзеше да стиснам празно место, па наместо НЕ ЗНАМ, напишав НЕЗНАМ", искрено не ви важат.
    Ако ве мрзи, зошто баш за тоа да ве мрзи?
    Ако е така, оти не споите на пример: заборавивдаго... Се разбираме?
    А, за дијалект ако ви се испушти нешто "случајно", тоа говори за фактот колку (не) сте вие "начитани", па не ви текнува на литературниот еквивалент.

    Нормално дека на секој може да му се случи по нешто. Ама, слеани глаголи со негација, дијалектизми на тон... No, no... :shake:
     
    На nevermet18, SuperGirl24, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Седете мирни и не правете се многу писмени. Да земе некој да пребарува којзнае какви грешки ќе ви најде во мислењата.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Најмногу грешки обично се наоѓаат кај нови членови, штотуку се зачлениле, можеби им е прв форум на кој пишуваат, дошле некој проблем да решат па не пазат на такви работи, туку си пишуваат како ќе им текне. Од друга страна има многу форумџики кои уште малку стаж за пензија ќе фатат на форумот, па скроз неписмени да се зачлениле на почеток, со тек на време нормално ќе се испраксаат. Така да, да не одиме во првите мислења да бараме :D
    Фин пристап е се што се бара, ароганција за писменост е донекаде прифатлива само ако сте добро потковани со знаење.
     
    На ariela09 и senza.parole им се допаѓа ова.
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Се двоумам околу правопис за директен говор.

    Имам сретнато дека надводници се пишуваат на почетокот и крајот на нечии туѓи зборови. Пример:

    Тој ме праша: „ Ќе вечераш со мене ?“.

    Точно е без наводници.
    Тој ме праша: Ќе вечераш со мене ?

    Дали истото правило важи ако прашањето е во прво лице еднина ?

    Се прашувам : Дали да одам? или Се прашувам : Дали да одам?.

    Како е правилно ?
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Dude, ur conflicted... :?:

    Да се правиме или да не се правиме писмени? Гледам дека се чувствуваш прилично самоуверена и сметаш дека владееш од сенка со форумот, па не е убаво вакви дубиози да ни сервираш ако имаш намера да те прифатиме како сериозен владетел. ;(
     
    На Cka, senza.parole, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^^

    Некој треба два пати да си прочита што пишал... (ова важеше за тебе капетане :mm: )
    Девојката многу јасно се изјасни. И во двете мислења што си ги цитирал цели кон ова:
    -форум не е место на кое се понашаме културно со најлитературен и правописен говор без никакви грешки
    -да не се прават многу паметни дека се писмени затоа што буквално секоја од нив има згрешено со правописот на повеќе мислења, особено на почетокот (во смисла поврзана со првата, да не кажуваат дека треба да пишуваме овде правописно кога и самите прават грешки)

    Значи воедно: да не се пишува на форумов најправописно што може и оние кои го тврдат обратното да не се прават многу паметни :)


    Затоа ќе те замолам да отстапиш 8)
     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Кацјушка, изгледа немате веќе аргументи па затоа сте се фатиле за она „не се правете паметни“. :D

    Бридџет, јас сум многу задоволна од тоа како пишувам. А она со стажови на форумот и баш не ти држи вода. Секакви има што пишуваат, без разлика дали се стари или нови. Факт е дека повеќе новите пишуваат неправилно, а потоа се поправаат, (јас сум чист пример. :D ), ама не може да се водиме по таа теорија.

    Даниела, мислам дека и во двата случаи е точно, ама подобро е со наводници. Барем јас така мислам.
    Исто така, и тирето (—) се користи како замена на наводници во директниот говор.

    Ариела, само едно ќе ти кажам. Не можеш никого да натераш да отстапи, боже мили. |(
    Тоа е како да го бркаш, демек не се мешај. :clap:
     
    На mackica1 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Во тесна врска со исказните зависносложени реченици стои прашањето за директниот и индиректниот говор.Овде станува збор за тоа на кој начин предаваме туѓи или свои зборови (искази) во други поинакви околности.Оригиналните искази (сопствени или туѓи) може да ги прдадеме такби какви што биле или пак да ги пренесеме со извесни промени во поглед на формата, но не и на содржината.
    Наводници се употрребуваат при:
    a. пренесување на претходен туѓ исказ:
    пр. Тој ме праша: "Ќе вечераш со мене?"
    б. пренесување претходен сопствен исказ
    пр. Се прашувам: "Дали да одам?"

     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Што доколку не е претходен сопствен исказ, туку станува збор за сегашност ?
    Пример, се прашувам себеси во овој момент.

    Дали е следнава реченица правописно точна?

    Стојам пред прозорецот и се прашувам: Дали можам да постигнам успех во кариерата ?


    Ме буни прашалникот, а всушност е исказна реченица.
     
  13. dorinaa

    dorinaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Точен е изразот : Зошто да не ? :wasntme:
     
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    А зошто да не биде точен? :rofl:

    Јас мислам дека е, па сега. :?:
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Точен е.
     
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170

    u stupid or mad капетанче? :?:

    Зашто ти или имаш некаков интелектуален проблем и не сфаќаш нешто јасно напишано, или имаш набиено комплекс заради нешто што сум го напишала нeкаде на форумот и сега пишуваш офтопици во форма на неповрзани небулози што е патетично и здодевно за читање, а она што е здодевно се игнорира. Резимирано, капетанче = ignore.

    ЛеЛЛа, Ариела има секакво право да му рече на кој било член да отстапи ако гледа дека истиот не придонесува за продуктивна дискусија и провоцира офтопици. А што да се каже за тебе? Да беше некој друг на твое место досега од срам за милјончето ќе се повлечеше од дискусија, а ти упорно сакаш да се надмудруваш и да држиш лекции на темата, како некој што се разбира од правопис да те сфаќа сериозно после тоа :D . Ти слободно продолжи да пишуваш што сакаш, никој не може да ти забрани, но мене изостави ме од твоите „просветлувачки“ постови.

    Точно ова. Мене не ми пречи оваа тема да функционира најнормално, да се поставуваат прашања и да се даваат одговори. Но, нема потреба некој да се истакнува колку мисли дека е писмен врз грбот на трета личност (друг член или обичен човек кој нешто напишал на некоја социјална мрежа). Во ред е да се ловат грешки во медиумите, во службени соопштенија, учебници и сл., тоа се места каде што не треба да ги има, а ги има, но вие не се зафативте за тоа туку се зафативте со непознати луѓе во виртуелниот простор за кои немате поим од кои причини пишуваат така како што пишуваат. На место каде лежерно се разговара, каде има разни луѓе од разни профили, не замарајте никого со правопис. Настрана што на тој начин можете и да доведете до нови заблуди. На пример, Чка (исто како и Лелла) не знаеше нешто основно, а сака да ги описменува другите. Не оди.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Ништо не треба да те буни затоа што постои една реченица преку која се објаснува дека станува збор за пренесување на исказ, прашање, наредба и сл.Директниот говор не мора секогаш да се обележува со наводници.Тоа може да се прави и со црта (тире).

    пр1. Стојам пред прозорецот и се прашувам: "Дали можам да постигнам успех во кариерата"?
    пр.2 Стојам пред прозорецот и се прашувам: - Дали можам да постигнам успех во кариерата?
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Знаеш што Кацјушка? Во право си. И јас веќе не знам зошто да се расправам со луѓе кои не заслужуваат ниту пак разбираат, ми велат дека се правам паметна и по ЛП ми праќаат грешки што сум ги правела.

    Да не беше смешно, ќе беше трагично.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ЛеЛЛа, јас не знам како да ти помогнам, па постојано ми реплицираш. Разговарај со членовите кои ти испраќаат ЛП, не со мене.
     
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Oh you sweet sweet thing. :*
    Добро, ти себеси не се истакнуваш врз грбот на трета личност, туку на грбот на целиот форум кој го сметаш за форум со комплетно неписмени членови. :lol: Различно е.

    Инаку, сериозно, секако дека е во ред да „описменуваш“ некој кој нешто не знае, а истовремено и сам да не знаеш некои нешта. Особено кога се работи за македонскиот јазик, никој не ги знае сите правила прецизно. Може да мисли дека ги знае, но не ги знае, бидејќи модерниот, а и стариот, стандарден македонски јазик е предмет на препукување меѓу лектори, преведувачи, професори од високи институции, па се до академици. Никој не знае СЕ и секој смее да прави грешка и да не знае, но тоа не треба да го спречи да даде совет на форум, на некој кој отворено прашал. Затоа ќе се најдеш потоа ти и културно, без полнење на теглата со егото, ќе објасниш, бидејќи знаеш, како сметаш дека е исправно.
    Ако јас сметам дека не си во право, ќе напишам зошто, ќе се развие дискусија, некој ќе научи нешто повеќе. Тоа драга моја, се вика интернет форум. Место за размена на мислења, каде попатно има тролови, стокери, но и луѓе кои си ја полнат теглата со егото на разни начини. Тука очекувам да се пронајдеш, паметна си. ;)

    Исто така, ниту ти не знаеш сè, признај си, гуглаш за куп работи и тоа е нормално. И признај дека до пред половина година некој збор или реченична конструкција си мислела дека поинаку се пишува, но ете, дошол денот да научиш нешто ново.
    Сакам да кажам, дозволи им на сите да го искажат својот став, каков и да е, бидејќи така ќе помогнеш и оние кои ги сметаш за арогантни, неписмени, глупави и недостојни да живеат на оваа планета да научат нешто. Ако не за правописот, тогаш барем за животот. :!:
     
    На ivence69, eliesaab, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.