1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^
    Драг капетане.

    Форумџиката се обидуваше ова истото да им го каже на оние што се прават паметни на форумов дека се многу писмени и осудуваат други на темава дека не знаат основни работи. Значи ти мислиш дека на форумов му треба писменост но никој не треба да биде осудуван за литературата, јазикот па дури и грешките кои ги прави во пишувањето. Значи опуштено пишување без никакво осудување за неписменост, така?

    Епа имам едно известување за тебе од кое многу ќе се изненадиш...
    И форумџиката Кацјушка сакаше тоа да го каже :party: :party:
    И јас сакав тоа да го кажам :party: :party:

    Значи некој ако напишал нешто погрешно на форумов не значи дека е неписмен и не го земајте тоа при срце. Форум е мајке ми што ви е вас? Не е администраторот на интервју во живо на сител па да ни ги читаат мислењата по ред.
    Кој како сака ќе пишува.
    И темава е за правопис а не за писменоста на форумов.
    Има ли некаде правило на форумов што вели: Пишувај правописно затоа што за секоја грешка ќе добиваш опомени и на крај бан... или нешто?
    Не, кој како сака пишува и нема право никој ништо да му рече.

    Капетане, Кацјушка им се обраќаше на оние што се дрзнуваа да кажуваат овде кој е писмен, кој не е, кој какви грешки правел, па како можело тоа дрн дрн јариња (и успат сакаше да каже дека и тие самите имаат направено грешки од основни правила).
    А не на оние што прават грешки и никому ништо.

    Ја откривме Америка.
    (се надевам)

    И престанете да пишувате на темава за форумџики што прават грешки. Прашувајте нејасни работи, известувајте за некои чудни или нови правила. Престанете да глумите судии овде.
    Темава не е гласање за тоа дали треба правописно да се пишува на форумов.

    Чао.
     
    На Kacjushka и kolovoz им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам што се мешам во штипки, за дискусијава веќе напишав мислење, ама морав уште нешто. Captain-Omni сето тоа е во ред што го напиша, потполно се сложувам. Ама мислам дека на малку погрешна адреса го напиша мислењето. Врати малку поназад и ќе прочиташ кои членови изјавија желба да лекторираат туѓи мислења на форумов, Kacjushka не беше меѓу нив. Баш спротивното го кажуваше - дека сите правиме грешки и нема потреба некој да биде етикетиран како неписмен, затоа што од некои причини (незнаење, неинформираност, од брзање) направил грешка во пишувањето.
    Баш како што кажа и самиот - лекторите меѓу себе очи си вадат за некои правила, а во различни книги различно пишува. Ако некој поставил прашање во темава и сум сигурна за одговорот - ќе пишам и одговор и извор. Ама да лекторирам нечии мислења кога и јас самата правам грешки и да кажувам кој колку е писмен - тоа не. Kacjushka цело време на тоа целеше, мислам дека малку погрешно ја разбравте.
     
    На Kacjushka, Dream-Girl, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ариела, не си свесна што пишуваш, а некако чувствувам дека и не ни ги дочитуваш мислењата до крај, туку од инает се караш тука.

    Иронијата во целава работа (правење паметен, не знам што) е дека мене ми велат дека сум се правела паметна, ми нагласуваат грешки, ми префрлаат и што уште не, а баш во тоа мислење во кое тоа го пишуваат имаат правописни грешки.

    И веќе навистина не знам кој се прави паметен.
    Јас не негирам дека имам правописни грешки. Па тоа е работата, секој има. Не сум лектор, да бев лектор ќе се утепав бидејќи лектор како лектор, не смее да дозволи да му се провлече некоја грешка.

    Што зборував... Сите имаат грешки, и наместо да се фаќаме за гуша кога некој во темава ќе пише нешто и во него ќе има правописна грешка, подобро би било да решаваме дилеми, и што ти ја знам, тоа што би требало да се прави во темава, аман веќе.

    И што ако имам грешки? И вие имате, сите имаме. Јас сум многу задоволна како пишувам, не ми требаат ваши мислења.

    Кацјушка, си ветив дека нема повеќе да ти одговорам, бидејќи се гледа каква личност си, која постојано сака да биде во право ама морав ова да ти го кажам.
    Тоа што напишав милјон не ми лежи на совест, бидејќи знам дека не бев во огрооомна заблуда дека се пишува така и што е најважно, никој не го учев да пишува така. Единствено знам дека нема веќе да пишувам така. И зар не е тоа целта? Едни со други да сме си укажувале на грешките и веќе да не ги повтараме? Ама не, за вас не е така.

    Наместо со најдобри намери да си помагаме, ние се фаќаме за гуша и упорно сакаме да ги направиме другите неписмени. Зборувам за тие што пишуваме тука.
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Од кога се' уште е едно меѓу основните правила во правописот а зборот листче е едно од посложените?

     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    не му се лутете на капетанот го фатило мрза да чита ;) ...
    А и навистина многу страни се собраа.
    Инаку коментирам сега на темава само поради новата инфо. по ЛП што ја добив. Дека реченица се почнува со голема буква. :o И да ви кажам, девојчето ме просветли... Искрено незнаев :rofl: ...
    Веднаш решив да си купам тетратка по тесни и широки :D
    [​IMG]
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Знам златни, токму затоа и нејзе ја прозивам на темава. Токму заради ова кое го пишувате. Тоа што таа го прави на темата, е killing for peace. Да убиваш луѓе под изговор дека си миротворец, е тотално нелогично.

    Затоа нагласив еднаш или повеќе, секој си има филм и во животот и особено на форумот. Ако твојот филм е да укажуваш некому како треба да пишува, терај си го филмот, ама малку е смешно да прекориш некого дека не треба да се прави паметен и истовремено ти да му се правиш паметен?! |(

    Плус, многу ми е забавна Kacjushka како се труди да не напише некоја грешка и знам дека ова што го пишувам ќе го прочита и ќе профучи низ нос, ќе ѝ се наежи само за момент телото, можеби ќе ги испука прстите за да ми врати... па ќе напише нешто и ќе го избрише за да непише ново мислење. На крајот можеби ќе констатира дека „не вредам“ да си го троши времето на мене. Oh I know, i`v been there. :)
    Мојот филм на темава е да ја тестирам нејзината упорност и издржливост и да видам до каде може да оди без да направи грешка во пишувањето и надежно, да сфати во еден миг дека карањето на форум може да биде забавно, ама дека не може со навреди да се бори против навреди. :!:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^ Си ја згрешил личноста на која треба ова да и го упатиш затоа што Кацјушка го дели мислењето со нас.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    мана или маана?
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Мaна, а во множина маани. :)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Го сретнав во тетратка по македонски јазик од второ одделение, наставничката го напишала мана, а јас си го знам како маана.
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Во множина е маани, а мана е во еднина...пред да редактирам си го видела ти мислењето, извини. :$ :D
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Мана.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Каде се става апостров,мислам на кое -и- и на кое -се- ?
    -и- на кратката заменска форма ли? :D
     
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    @Srckata28

    И со апостров се става во овие случаи: мајка и, дедо и, татко и...
    (пишувам без апостров затоа што ме мрзи)
    Во сите други случаеви се користи без апостров.
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    „сè“ се употребува кога сè што сакаш да кажеш е „се удрив и ги видов сите планети, метеори и ѕвезди на небото, видов сè“. Го ставаш апострофот на се кое означува СВЕ. Исто оди и во „сè уште“, ама не оди во сеедно, зашто сеедно се пишува заедно.

    А ѝ, се пишува кога сакаш да ѝ објасниш на некоја феминка некое граматичко правило, на пример. Или кога сакаш да ѝ помогнеш на другарка ѝ, да ја напише домашната задача. Ама кога и феминката и другарката тешко се снаоѓаат со граматичките правила, тоа значи дека треба да вежбаат повеќе. Во превод, секогаш кога „и“ се користи како заменска форма за женска личност, добива надреден знак и се претвора во ѝ. Сите останати случаи и, си е само и.

    Пример од медиумите на темава.
     
    На Lella и tessie им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Точно

    Јазикот мора да си го почитуваме, чуваме и негуваме!

    Убаво е да припазуваме како пишуваме,но барање влакно во јајцето на места каде што седнуваме да се релаксираме?
    Секако дека е полесно и по читливо ако е напишано апсолутно исправно,но доколку тој што напишал не се оптоварува зошто пак вие кои не сте обврзани да го читате? :)
    Темава е една од поучниве,за оние што сакаат да научат,ама гледам и низ нејзе препукувања од причина што неможеме да поднесеме некој да не поправа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, според мене најчестите грешки се: 1) слеано пишување на негација и глагол; 2) разделно пишување на претставката за компаратив/суперлатив и придавка.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега сфатив дека правописот на другите им е оптоваровуачки. Мене лично ми е оптоварувачки да да барам надредни знаци по нет, но не ми е оптоварувачки да ставам празно место или шифт+4 на македонска поддршка.
    Оптоварувачки ми е да имам неточно напишани зборови. Отоварувачки ми е да си ги читам мислењата во кои имам грешки.

    А најјако ми е кога Ариела ќе ми прати грешка по ЛП. :rofl:
     
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Охооо,уште колку по оптоварувачки работи не чекаат во животот,скраја да е да не не снајде од оние врз кои неможеме да делуваме.
    Тогаш читањето во секој смисол ќе ни биде олеснителна рекреација.:)