1. Влијанието на српскиот, односно на хрватскиот јазик, често го наметнува користењето на сврзникот така да, кој во македонскиот јазик не постои. Правилната форма е така што. Пр. Не можам да ти помогнам, така што мораш сам да се снајдеш. 2. Несоодветната употреба на прилогот за време после, наместо предлогот по е една од најчестите јазични грешки. Правилно е предлогот по да се поврзува со друга лексема.Прилогот после го означува времето кога ќе се случи дејството. Пр. Влеговме по него. Ќе излеземе после заедно. 3. За изразување причина се употребува поради, а за цел или за намера, заради.Иако се блиски по звучност не треба да се мешаат во употребата. Пр. Појдов на лекар поради болките. Ќе одам на лекар заради преглед. 4. Допринос и допринесе често се употребуваат во разговорната комуникација под влијание на српскиот јазик. Македонските стандардни еквиваленти се придонес и придонесе. Пр.Тој придонесе за успехот на натпреварот. 5. Глаголот следи има значење оди по некого или по нешто, набљудува некого или нешто се угледува на нечии постапки. Од друга страна, пак, глаголот следува значи доаѓа по некого или по нешто или произлегува од нешто. Пр. Го следевме се додека не го стигнавме. По емисијата следуваат реклами.
Да, треба да биде "поимот". Јас зборот "појмот" прв пат тука го читам. Погрешен е, освен ако не е некој стручен израз во физиката. Физика последно имав во осмо одделение, не ми замерувајте, навистина не сум запознаена нешто многу.
Може да видиш кој е лекторот на учебникот? Го пишува на првата или последната страна. А во кој контекст беше?
Лекторот е Елена Тошева. А реченицата гласи: Така Галилејо ја поврзал силата со ПОЈМОТ забрзување, а не со ПОЈМОТ брзина.
@Sunshine.Sunshine - тоа е сигурно еден од оние учебници кои беа дебело критикувани, заедно со учебниците кои го имаа Ферус како национално благо. А за ГалилеЈо што ќе кажеш? И тоа појмот, знаеш и сама дека е поимот. Игнорирај ги тие глупости, по сите смешки кои ги изначитав изминативе години и примери од учебниците сè посилно мислам дека некој смислено и намерно се труди да направи глупава нација за полесно да може да ја манипулира. Нема друго објаснување. Затоа, за инает биди паметна.
Јас навистина не знам како можете да кажете „Печатна грешка е, се случува“. Ај што им се случува на тие што го пишуваат, ама на лекторите никако не смее да им помине низ очи. Па зошто воопшто има лектори? Преку глава ми е веќе од ваквите грешки.
за да не ме стави @Lella да си се ставам сама во темата ефект -наместо афект не, не дека немам други грешки ама оваа веќе си ја приметив
Женското презиме во Р. Македонија Менување на формалната страна на македонското женско презиме (машки презименски облик за лица од женски пол) Во последнава деценија, жените при стапувањето во брак најчесто кон своето презиме го додаваат презимето на мажот во машкиот облик, пр. Стојановски, Тасев, Костовски итн. Женските презимиња во Македонија кои се образувани со посвојните суфикси -ов/-ев и -о(в)ски/-е(в)ски според нашата традиција имаат женски облик, а имено македонските женски презимиња во нашиот систем на презимиња завршуваат на -ева/-ова и -е(в)ска/-о(в)ска. Според мислењето на македонските ономастичари, оваа специфика на македонското женско презиме треба да се чува, зашто е добро кога информацијата за родовата припадност ја носи и презимето, а не само личното име. Ваквата форма на женското презиме, како што може да се види погоре, кај нас е нотирана во наши ракописи кои се датирани во втората половина на VIII век. Овие податоци говорат за една подолга традиција во употребата на горенаведената форма на женски презимиња во Македонија. Употребата на машката форма на презимето за лица од женски пол се должи на еден вид помодарство и прифаќање на еден презименски модел кој не е ниту во духот, ниту во традицијата на македонскиот антропонимиски систем, што во крајна линија значи и кршење на македонската јазична норма. Категоријата презиме, иако понова во однос на преостанатите антропонимиски категории, претставува значајно и драгоцено сведоштво не само за јазично-историските процеси, туку и сведоштво за социјалните и за историските околности во кои се развивал тој. Оттука, грижата за неговото зацврстување и стабилизирање, особено во неговиот женски облик, треба да биде рамна на грижата што ја пројавуваме како народ спрема сите артефакти од нашето духовно културно наследство.
На некоја реклама за „Тејк“ чоколада, на крај пишуваше „незнаете“ жими Андреа на Ленка. Шо убаво, а? Ајде сега пак ми кажете дека било форум и дека треба поопуштено.
Тоа значи дека постојат многу неписмени луѓе. Јас знам дека е ресторан, цел град, цел фејсбук ресторант. Затоа викам јас да не сум грешка.