1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Дадички, како е правилно мајка ми, татко ми, исто така ме интересира во кога се однесува за некој друг на пр. Мајка и, татко и, вујна ти....или споено треба да биде. Исто така дали се става запирака ако после тој збор е употребува сврзник и?
     
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Се пишува одвоено, мајка ми, татко ми, татко и, мајка и... :)
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Точно мислиш. Веќе има префикс „пред“, бесмислено е да ставаме „во“ пред него. :)

    Правилно е одвоено: мајка ми, татко ми, мајка ѝ, татко ѝ, вујна ѝ...
    Не се става запирка, за да се разликува од сврзникот „и“ се става надреден знак на кратката заменска форма, како што напишав погоре.
    Заприка се става кога навистина е потребна, на пример овде:
    Дома пристигна мајка ми, и тогаш јас истрчав надвор.
    А овде не: Дома пристигнаа мајка ми и тетка ми.
     
    На sweet-star и Strumfeta17 им се допаѓа ова.
  4. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Земајќи предвид е точно. Нема логика да стои ВО ПРЕДвид.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Lella сигурна си за употребата на запирка пред и во првиот пример? Може грешам, но колку што јас се сеќавам, пред сврзникот и не се пишува запирка. :wasntme:
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Секогаш зависи од контекстот. Не сум премногу сигурна, ама мислам дека не се замерува на вакви работи, исто и со И и со А не се започнува реченица, а сите започнуваат. Не е тоа толку важно.
    Зборот ми беше, да ѝ покажам на девојката која друго прашуваше, бидејќи очигледно не знае дека се става надреден знак на и кога е како кратка заменска форма. :)
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Луѓе да си прашам јас нешто што се думам во последно време.
    Дејствие или дејство?
    Јас мислам дека и двете се точни, ама дејство ми изгледа некако покоректно, а на фемина е другото.
    Има некаква разлика помеѓу овие два збора?
     
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Лелла, дејствие и дејство се зборови со различно значење.
    Дејствие може да има некој филм, роман, драма, затоа што текот на настаните во истите се нарекува дејствие.
    Додека дејство може да има некој или нешто врз тебе, на пример, ти можеш да бидеш под дејство на таблети.
    Се надевам разјаснив.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Не сум grammar nazi ама што е многу е многу. Сега прочитав една членка пишува соцјализам, вративне, афтоматизам (facepalm) Што сакате кажете, друго е да утнеш запирка, да голтнеш буква, да употребиш србизам, ова веќе изгледа селски и неписмено.
     
    На mackica1 и SwanMay им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Знам ама, тоа што ти го објаснуваш како дејство би можело да биде влијание.
    Мислев на дејство - Пр. Треба брзо да дејствуваме.
    Да се направи нешто, да се преземе, нешто да се случи.

    На фемина пишува дејствие, и не е во контекст како од драма или филм, туку како оној што го напишав погоре.
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Идеа/идеја? :?:
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Еднина: идеја
    Множина: идеи
    :)
     
    На Captain-Omni и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  13. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Никој не може да знае правопис целосно, затоа што тоа е менлива категорија. Нон-стоп се менува по нешто, но генерално е тоа од прилика.

    Често листам дневни портали, Фејсбук дебати и дискусии, YouTube видеа или било што каде што се дебатира и можам да заклучам дека сме народ со многу ниска писменост и начин на изразување. Многумина едвај сврзуваат реченица, други не виделе книга во животот, трети едвај пишуваат. Страшно е тоа што и помеѓу новите генерации ( што скокаат против реформи) е присутно тоа на големо. Тоа е страшно какви коментари се пишуваат по Фејсбук, YouTube или било каде.

    Често читам како обвинуваме дека Американците, Западна Евро се глупи, необразовани или тие глупи предрасуди коишто комунизмот ни ги создавал кон нив, но отворете нивни форуми или било што, па видете колку точно лекторски пишуваат со осмислени лекторски реченици. Русите со задоволство ги читам. Многу образована нација.

    И, не знам зошто кај нас по социјалните мрежи или музичките канали не се пишува на кирилица, туку се пишува исклучиво латиница?
     
    На Lella и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  14. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Можеби јас имам утнато нешто во моето досегашно образование, па имам сознание дека Правописот е фиксно определен и точно се дефинирани правилата.

    Како тоа никој не може да го знае правописот? Тоа е материја која се учи, има печатен "Правопис на македонскиот јазик" каде можеме да се потсетиме на правилата доколку сме заборавиле или не сме сигурни за нешто. Но зборам за лаици, а струката не им е оваа област. Би било срамота доктор во областа на правописот да каже -Јас не го знам целосно правописот на нашиот јазик, нели?

    Јас до сега не сум сретнала збор кој се пишувал по едно правило, а подоцна истото да биде сменето. Единствено би се согласила дека правописот се надополнува.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да, имаш право. Мислев на тоа дека Правописот се надополнува( сега научив дека се пишува со големо П). Моја грешка, но и се менуваат зборови. Конкретно многу стари македонски зборови се исфрлени од употреба, а постојат во дијалектите под основа дека звучат „повеќе бугарски“.
     
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Исфрлени се од македонскиот јазик, но не и од секојдневниот говор. Јас како студент, правам муабет со колеги од сите краеви на Македонија, па секојдневно сретнувам многу дијалектизми.

    Веројатно зборуваш за источна Македонија, дијалектите од северна, звучат "повеќе српски".
     
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Секако дека никој не знае сè. Наједноставен пример за да се докаже тоа е фактот дека нема строго правило за тоа како се пишува wi-fi на македонски. Дури и да извадиш некое правило од некој речник или нешто слично, тоа нема да биде никаков доказ, зашто јас или ти или Петре, нема да го прифтиме тој начин на пишување ви-фи. Модерните зборчиња во македонскиот јазик се без правила и секој ги толкува и преведува како сака.

    Има и други примери сигурно, овој ми беше наједонставен за указ.(highfive)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Во "Правопис на македонскиот јазик" , за странските зборови или интернационализмите си има утврдени правила, за кои секако договор.

    Не е моја работа, ни твоја или на некој трет, да донесува одлука за одредено правописно правило. Правилото постои како такво, а дали некој ке го напише зборот така или како што мисли дека треба, зависи од тоа колку се служи со правиписот и дали го почитуваме истиот.

    Секако дека нема лаиците да одлучуваат за зборови кои се употребуваат и се смета дека се во македонскиот литературен јазик, туку личности кои имаат соодветно образование.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Што по ѓаволите?
     
    На Miss.M5 и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Во пишаната форма честопати се прават грешки при пишување на согласката -ј, особено во формите на заповеден начин, мешање на еднинска и множинска форма и правилото-исклучок.
    За да се избегнат истите, треба да се совладаат правописните правила.

    Правопис на Ј

    1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А (исклучоци: заемки како алиас, прилогот иако, слеани зборови како триаголник итн.)
    Марија, историја, Македонија.
    2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј.
    пееја, знаеја, умееја, успеаја.
    3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач.
    пејач, сејач, скијач.
    4. Се пишува во формите на заповеден начин.
    пиј-пијте, пеј-пејте.
    5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи.
    одејќи, пеејќи, мислејќи.
    6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови.
    мој, кој, свој, твој, секој...
    7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И (исклучок).
    мое, мои, бои, крои, шие.
     
    На mims-89 и Lella им се допаѓа ова.