Овојпат најсериозно, што е работава со телевизиите и нивното неставање надредни знаци над сè, нè и ѝ. Сител, Канал 5, Fox Life, никаде не ставаат. Како можат така да се брукаат? Туку, не се брукаат, бидејќи ретко кој знае како всушност треба. Жално.
Абе и јас мислам дека е ќеф, ама видете што вика тука. Вајда сите се правилни или јас не сфаќам... http://www.makedonski.info/show/ќеиф/м
Во тој речник има многу неточни зборови, не само тој. Туку, дома имам еден Правопис, ама стар е пустиот од 77ма е. Таму нема ќеиф, единствено слично е ќеф.
Јас како ќеиф си го знам, барем така ми останал во сеќавање од што сум го читала наоколу. Пишува таму дека е и ќеф правилно. Зборов е турски, па различни интерпретации
Јас го имам правописот на Блаже Конески, фотокопија ни го даде професорката по македонски од средно ама не знам каде ми е. Инаку правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година. Така да ни треба некое поново издание после 1998, ако воопшто има такво. Нека се јават лингвистиве, ве молам.
Јас си го користам како ќејф повеќе ми е како дијалектно ама да знам писмено како да се изразувам ,колку и да е правилно ќеф не сум навикната
Соцјализам, вративне и афтоматизам се дел од селски дијалекти и напишано изгледа многу лошо. Што не значи дека сите луѓе од село се неписмени, ама тој што го напишал ова, очигледно е. Не се правете со сила мутави само затоа што ви дошло да се расправате.
А добро, до кога кажете ми, ќе мешате дијалекти и правопис? И баш би сакала @troublesome да те чујам како кажуваш автоматизам. Си слушнала ли за нешто што се вика едначење по звучност? И тоа не е факинг дијалект, дијалект е таја, наприиме, това... од каде ти изникна она дека афтоматизам пишуваат луѓе на селски дијалект? И да е дијалект, не можеш да тврдиш дека доаѓа само од село. Внимавајте што пишувате.
Оваа, па оваа Откако го лајкна мислењето пред два месеци, сега се премисли, го одлајкна и како и обично ќе соли памет. Ти си таа што на темава се фалела како е најписмена и бликала со потценувачки однос кон другите, сега преку ноќ стана полна со разбирање за неписмените . Никаде не реков дека човек од село го напишал тоа, туку дека изгледа селски. А да не навлегуваме сега колку од „граѓаните“ потекнуваат од селата, па оттаму и вакви појави, не е тоа темата. Не се сите луѓе од село такви, од село излегуваат и големи умови, но има и тешки неписмени сељаци по градовите и тоа се гледа кога пишуваат нешто како овој пример. Тоа аФтоматизам е сељачки едноставно, јасно ти е? Не може некој да пишува, цитирам, соцЈалИзAмот повторно и повторно и така неколку пати, и да ме убедувате дека е писмен и дека не е сељак и не знам што. Инаку, истата личност многу сака да се прави паметна (иако според правописот се гледа дека не е) и да навредува други. Па не е лошо таквите да се свестат малку. Дали се од село или од град е најмалку важно, ама ајде нека проба некој да ви објасни вам
Да, златна, го лајкнав пред два месеци, затоа што не го забележав тоа селски и затоа што се согласувам со останатиот дел од постот Знаев дека тоа ќе го кажеш, и навистина не знам зошто ти објаснувам, кога не сум обврзана да ти давам отчет. Знаеш што? Ќе земев сега да напишам еден долг пост, ама знаеш, не вреди. Што и да ти кажам, нема ни на памет да го ставиш. Само едно нешто да ти кажам надвор од темава, не те разбирам, толку си ужасната и згорзена од форумов, а уште си тука. Јас не верувам дека постои член кој не се рчнал со тебе. Олабави малку, никој не дошол тука да се тепа, само ти оставаш таков впечаток. И сега имам причина плус да мислам дека пишуваш за лајкови, кога и самата си призна дека ги броиш. Ајде батали. И никој, драга, не е обрвзан да се води според твојата категоризација на селски и неселски правописни грешки. Леле, не знам колку пати редактирав, пак испадна дека е долг пост, ама не можам да си помогнам. Правете разлика помеѓу сељак и селанин. Ако толку сакате да знаете, сељаци најмногу има во градовите.
Ај ти пиши го зборот "сфатив" како што го изговараш И стварно сте смешни сите. Се фаќате за некој збор и одма трети светски правите. Девојчето сакаше да каже дека вративне е селско, афтоматизам неписменост, соцјализам печатна грешка или едноставно и селско и неписменост. Вие одма аааааа афтоматизам не е селски збор, не е дијалект. И Лелла. Можеш ли еднаш убаво и културно да пристапиш или мораш да се караш и правиш интересна? Дај бидете малку покултурни. Разговарајте, дебатирајте, поправајте се, помагајте си. Вие само се докажувате која е ПО... Има лица кои не знаат да се искажат. Сакам кажам - не знам речам. Тие лица, не ги поправајте и не се расправајте со нив. Едноставно разберете ги по некоја своја логика. А пред да ги осудите и да им кажете на тие лица НЕ, НЕ Е ТАКА прашајте ги дали мислат тоа што вие сте ги разбрале.
Сите луѓе зборуваат на некаков дијалект, без разлика дали се од Скопје, Неготино, Долно Дупени или било кое место. Не значи дека не знаат правопис и правоговор, не знам зошто се фаќате секогаш за дијалекти. Јас можеби при секојдневно зборување употребувам шо, као, зашо, тоа не значи дека мислам дека така е литературно. Од друга страна, соцјализам и афтоматизам значи дека некој скокнал некои часови по Македонски во основно.