Ариела, знам дека со кого и да се спротиставам на темава, ти секогаш ќе бидеш таа што ќе го потапша другиот по рамо. Нека ме поправи некој од кој дијалект е вративне. Сепак, од кој и да е, верувам дека не се зборува конкретно само во едно село, сигурно и во градот се употребува тој збор. Сепак, таа напишала селски, а очигледно мислела сељачки. И тоа не е во ред. Тоа е исто како да каже, види колку градски пишува, нема ниедна грешка.
Епа ете тоа е тоа јас што го зборувам а никој не ме слуша. Сте се фатиле за еден збор и ајдеее војни Сепак, таа напишала селски, а очигледно мислела сељачки. И ако очигледно мислела сељачки, зошто мораш да се расправаш за да биде зборот што таа го мислела напишан во нејзиното мислење? Не напишала правилно но битно сме ја сфатиле. Ама НЕ. Мора да биде така како што е правилно.
Епа според мене, не мора, туку треба да биде според правилата. Зошто да не биде? Зошто да не биде кога изгледа глупаво и погрешна слика давате за себе. И што е толку тешко? Не е единствениот проблем мрзата.
Имам забележано вакви грешки што вриштат од неписменост од сличен тип како соцјализам и афтоматизам/афтоматски, кои немаат никаква врска со дијалект. Да, баш и не можам да се пофалам дека не сум grammar nazi , се согласувам дека несомнено бодат очи, но тоа е само израз на очигледно бегање од часови по македонски како што рече Кримсон. Нема потреба од мешање на селско потекло, ниту пак сељачизам, само еден збор - неписменост.
Престанете неуспешно да толкувате што сум сакала да кажам, не ги искористив сељак и сељачки затоа што, вам очигледно не ви е јасно, но тоа се српски зборови. Стапката на неписменост во селата е повисока од онаа во градовите и тоа е факт, не мора да се фолирате. Уште колку пати треба да ви напишам за да разберете, не значи дека членката која го напиша тоа е од село, но начинот на изразување и е типичен селски. И не дека сите луѓе од село се неписмени. Сигурно има луѓе кои потекнуваат од село, а се пописмени од вас.
Во пишаната и говорна форма на македонскиот јазик застапена во јавната комуникација, реткост е да се запази правописното правило за употреба на заменски збор и партикула. 1. Според правописот, во овие случаи правилен збороред е заменскиот збор, па партикулата, а не обратно, како што се најчесто се случува. Значи, правилниот збороред е: што било, кој/која/кое/кои било, чиј/чија/чие/чии било, каде/кога/како било и сл., а не обратно: било што, било кој/која/кое/кои, било чиј/чија/чие/чии, било каде/кога/како и сл. 2. Иако соодветните именки се пишуваат со „е“ (корекција, перцепција), глаголите се пишуваат со „и“: коригира и перципира, а не корегира и перцепира. 3. Празниците во македонскиот јазик се пишуваат со голема почетна буква, без оглед на тоа дали името на празникот е составено од еден или од повеќе зборови: Нова година, Велигден, Велики петок. Се разбира, доколку називот вклучува и сопствена именка, тогаш и таа се пишува со голема буква:Света Петка, Свети Ѓорѓи. Одредени празници можат да содржат и броеви, кои може да се напишат на два начина: со букви или со цифра. Кога празникот е напишан со цифра, тогаш името на месецот се пишува со голема буква: 1 Мај или Први мај; 2 Август или Втори август; 8 Септември или Осми септември. Кога бројот е напишан со букви, со голема буква се пишува само првиот збор од името на празникот.
Да припазам како пишувам јас , да не ме направат од село и мене,за жал лошо е кога не се разликува дијалект од литература и правопис и слично. Добро знам кој е и каков е литературниот Македонски , ама ете си зборувам по мој дијалект, и тоа не ме прави селанка по дифолт , пример ќе наведам зборови кои се во мојата пракса место може се употребува можи, место што зборуваш , шо збораш? Добро знаеме сите каде треба да преовладува литературноста во нас, не е воопшто погрешен дијалектот од нашите градови, баш со тој дијалект комуницираме цел живот во текот на секојдневието, малку бев офф ама морав.
Готово, ме убедивте дека вративне, соцјализамот и афтоматизам не се правописна грешка и дека тоа нема врска со правопис. Cигурно е само пишување на дијалект, и тоа дијалект од некој кварт во Париз, како ли можев да помислам дека изгледа сељачки/селски/whatever. А сите вие сте ПРЕписмени. Дека од град, нели На форумов навистина не може да се разбере човек.
Sekoja oblas vo Mk ima svoj dialekt kako i angliski dialekti niz cela Kanada, pa treba li zaradi toa da se ponizuvame? Lugeeeee Kompjuterov se trpi, ama toa neznaci deka se treba da se pisuva. Mi go gubite vremevo da ve citam. Doagam na ovoj fail nesto pametno da procitam, sakam da odrzam toa nekogas sto sum go naucila i novo da nadopolnam. Blagodaram
За да се коментира за кој и да е јазик, па дури и тоа да е мајчин, треба тој јазик да се познава. Пред да пишувате дека дијалектите се селски, дека литературно така не се зборува треба да се седне и малку да се научи сопствениот ни јазик. Најпрво:пишаниот јазик на кој во Република Македонија се води службената кореспонденција и кој е во официјална употреба е македонски литературен јазик, говорениот јазик на кој се води официјалната комуникација е македонски стандарден јазик. пишан: литератрурен говорен: стандарден Основата на јазикот ја претставуваат дијалектите со кои се служиме во секојдневното живеење и истите треба да се негуваат преку нивна употреба. Еден човек вистински го познава својот јазик во оној момент кога ќе може без проблем да направи премин од дијалект во стандарден или литературен јазик.
Ако може да помогне некоја? Кога во реченица набројуваме нешто вакво-очите на тоа и тоа,очите на тоа и тоа,значи да има повеќе работи кои го опишуваат нештото за чии очи станува збор,сето тоа набројување оди како сложена реченица и секое набројување се одделува од другото со запирка или се пишуваат неколку прости реченици-очите на тоа и тоа па точка,очите на тоа и тоа па пак точка? Како треба?
^ Ако треба да е една реченица тогаш користиш само запирки, ако користиш и точки тоа се веќе повеќе реченици..
Не може да стои реченица само „Очите на рибата. Очите на лавот.“ затоа што нема прирок во речениците. Се одделуваат со запирка.
Ајде пошто е за правопис темава да прашам тука. Пишувам нешто и сега нели после секој интерпункциски знак се остава , ама за загради како е правилно (вака) или ( вака)? И после коса црта? И како можам да најдам се нагласено, наместо да го пишувам се‘?
Meѓу заграда и зборот во неа не се остава растојание, и за коса црта истото важи. А за е со акцент, сум го утепала од барање и мислам дека го нема на тастатура... Јас со овој знак ` обично го пишувам, а кога треба нешто поофицијално - го копирам од симболи на ворд
И јас копирано ама подруго ми излегува во ворд, а и тоа знакот како запирак надаолу ми е. Ајде ќе видам што ќе направам. Фала на помошта.