1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @LittleChili таа со знакче како запирка да не е оваа - ẻ?
    Зашто во Word има еден куп знаци кај симболите со буквата е, некои од нив не знам ни во кои азбуки се употребуваат :lol: è é ê ë ě ė ē ĕ ẻ ể ề ế ẽ... Тебе ти треба првата.
    За со шифри сум пробувала, ама не ми испаѓале ниту ѐ, ниту ѝ. Мислам дека зависи од тастатурата :?:
     
    На Lella и LittleChili им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас ни тоа, ни долните наводници не знам кај се, кога ми треба нешто поофицијално да напишам, гуглам наводници и ги копирам :D
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Се снајдов ја копира само è и на с и ја додадов, малку се разликува ама нема гајле мислам. Па кога ќе се икопира мислам толку многу нема да се разликува :)
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Види да не ти се различен фонт или големина, кога ќе средиш тоа треба да ти бидат исти :)
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @crimson наводниците што ти требаат се shift+2 и shift+3 (тоа според македонски правопис ако сакаш да цитираш). Само те молам немој да ги комбинираш, долните од двојката, горните од другиов дел од тастатурата (во вториот ред после Л). Многу често гледам вакви комбинации „ " - ептен ми се распар, а често ги среќавам така, не знам зошто :?:
     
    На Sanimk1, Lella, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Усмен/устен поднесок?
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Устен :)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    è - го добивате кога ќе смените на латинична поддршка на тастатурата и ќе притиснете (и држите) алт, па ќе откуцате на нумеричката тастатура (десно што е) 0232.

    ѝ - го имате на малку поинаков начин. Мора да го отворите language bar, па од таму да додадете под тастатура, македонска стандард и тогаш сè друго останува исто, само ѝ се наоѓа на копчето лево од бројката 1 и извичникот, односно на она бранчето. Големо Ѝ е секако со шифт и истото копче.
    Untitled-3.jpg

    Тоа е наједноставниот начин без копирање од други места.

    п.с. Наводниците, како што кажа Каренина се на шифт 2 и шифт 3. „ “. Малите наводници кои одат за цитирани зборчиња во реченица која е цитат се на шифт 4 и шифт 6. ’ ‘. Но, ако ја вклучите тастатурата македонски стандард, тогаш на шифт 6 излегува нешто различно. Битно, тука се. :)
     
    На eliesaab, Lella и crimson им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене па еве што ми испаѓа со alt+0232
    со англиска подрршка - %
    со македонска поддршка - и (и тоа обично бе, што ќе ми го вакво, можеше барем да биде со цртичка)

    Сум пробувала и друг пат со вакви шифри, ама не ми испаѓало, не знам зошто. Веројатно е до тастатурата, сигурно има начин и за мојава, само уште не сум го открила :?:
     
    На eliesaab и Hipster им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.948
    Пол:
    Женски
    До тастатурата е, ама главно стандардни се, па не би требало да има проблем. Значи, цело време го држиш алт, и стискаш на бројките брзо едно по друго, без паузи. Цела листа на знаци ја имав уште од средно, кога учев француски јазик, професорката ми ја даде, со оглед на тоа дека темата за матура ми беше по француски јазик. Секогаш ми испаѓало како што пишува на листата. Ама исклучиво со англиска поддршка.
     
    На eliesaab и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Гледам дискусијата погоре е стара, ама јас сега ја гледам.
    @Captain-Omni Со секакви кодови и триста тракатанци пробував и само ова со Алт+0232 ми успеа. Ти благодарам многу, не можам да му се нарадувам на е-то со надреден знак сега. :sun:

    èèèèèèèèèè :D

    Едит: Си го наместив и за „ѝ“ сега. Господ да те благослови Капетане :bow:
     
    Последна измена: 4 мај 2015
    На eliesaab и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Прашањево не е за темата правопис,но гледам дека е најактивна ако може некоја да ми помогни.
    Имперфектот или Минато определеното несвршено време има едно значење услов.Како услов е даден следниот пример-Ако дојдеше со нас,убаво ќе си поминеше.
    Моето прашање е следното,дали мора да бидат двата глаголи(во случајов дојдеше и поминеше)да бидат во имперфект?
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Па кога едниот глагол е во имперфект мислам дека повлекува и за другиот, бидејќи таква е автоматски смислата на реченицата, се однесува на минатото (како 3rd conditional што е во англискиот). Не би имало логика еден од глаголите да е во друго време. :?:
     
    Последна измена: 27 мај 2015
    На Lella, Abrakadabra и mackica1 им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Не знаев каде да прашам...па ај помогнете ми вие што пишувате книги.
    Дали старите имиња на месеците на македонски јазик (коложег, сечко, цутар, тревен...) се пишуваат со голема или мала буква?
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Со мала, исто како и нормалните имиња. :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ве читав последниве два дена. :) Некој праша за "идеа" или "идеја" па би сакала да го споделам објаснувањето на професорката по македонски јазик во средно. 1."Идеа"- се употребува кога имаме резултат на мисловен процес(мисла, концепт).
    2."Идеја" се употребува при обработка на лектири и сл.(тема, идеја, анализа на ликови, кратка содржина).
    Сто проценти сум сигурна дека вака ни кажа професорката, но овде гледам скоро сите тврдите дека е "идеја" - за мисла или концепт, а на интернет и во весници се среќаваат и двете.
    Човек да се збуни. :/
    П. С. Пишувам од мобилен, така што не ми замерувајте за наводниците. :)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    @Sanimk1 Според правописното правило, согласката -ј се пишува меѓу самогласките -е и -а, што значи, идеја, но идеи во множинска форма.
    Не се сложувам со објаснувањето на твојата професорка затоа што без оглед на контекстуалната употреба на поимот не постои исклучок од правописното правило во овој случај.
     
    На eliesaab, Mishela, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јасно, но уште еднаш се потврди мислењето дека дел од професорите по македонски јазик во основните и средните училишта, ни самите не знаат за правописните правила на македонскиот јазик. Жално. :/
     
    На Tanjamm, zuto, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    А, ние што користиме лаптоп и немаме тастатура од десно, како можеме да дојдеме до е со надреден знак? :)
    Ги следев горенаведените инструкции, но не го добив е со надреден знак. :(
     
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Три есени.
    Точно е?