Кога некој ќе направи правописна грешка тоа ми пречи и го поправам. Јас колку што можам внимавам на тоа. Денес за жал има многу незнајковци.
Леле и јас сум од оние што се нервираат кога ќе видат правописна грешка. Особено кога некој меша "кој" и "кои". Извинете за наводниците, од мобилен сум. Сега новитет на мобилниот ми се ѝ и ѐ па се трудам да ги употребам каде што им е местото. Едит: или кога некој ќе ми пише: "враќај те се!".
Отвор - отвора (Отвар? - отвара) Затвор - затвора Раствор - раствора После =/= По После е глаголски прилог за време. После ќе влеземе внатре. По е предлог. Јас ќе влезам по тебе.
отчекување Значи од кожа се вадам кога ќе го прочитам зборов. Колку што јас знам ваков збор не постои во македонскиот јазик, или можеби нешто се сменило во изминативе 20-тина години?
@An-na Тоа што прогресивно е изразено изминативе години во негативна конотација е непознавањето на јазичните правила и нивна замена со жаргонски и сленг зборови и фрази кои не соодветствуваат со јазичните норми својствени за стандардниот литературен јазик. Јазичните поставки не се менуваат толку брзо и лесно колку што луѓето би сакале да се променат според нивните помодарски навики.
Мене најмногу ме иритираат новинари, водители, луѓе на кои тоа им е дел од професијата, јавно на разни медиуми да прават елементарни грешки. Вчера една тетка на вестите на мртв кажа дека пред 24 години Македонија станала независна и суеверена држава.
Во пишаната форма на македонскиот стандарден литературен јазик често се прават правописни грешки при употреба на согласките ќ и ѓ во различни позиции во зборот. Правопис на Ќ и Ѓ 1. Ќ се пишува во честичката за идно време ЌЕ. На пр: ќе одам, ќе учам; 2. Ќ се пишува во наставката -ЈЌИ. На пр: одејќи, спиејќи; 3. Ќ се пишува на почетокот од зборот. На пр: ќебе, ќерка, ќебап, ќерамида, ќелав, ќор, ќуп; во средината на зборот: куќа, беќар 4. Ќ не се пишува пред И кај туѓи зборови. На пр: кибрит, килим, килибар 5. Ѓ не се пишува пред Е во туѓи зборови. На пр: ангел, Германија, генерал 6. Ѓ се пишува пред Е на почеток на зборот На пр: ѓеврек, ѓезве, ѓердан;
Да прашам дали јаде или јади е праволно? На пр. Зајакот јаде зелка или Зајакот јади зелка? на сестра ми и треба во домашна
Да, да, точно. Ама истото важи за второ лице еднина и тотално е неповрзано со самото изменување на глаголот „јаде“ во сегашно време, а многумина го мешаат баш со оваа форма. Најверојатно заради дијалектите.
Секако. Западниот дел на Македонија претежно го користи тоа, наместо "е" одредени глаголи им завршуваат на "и". Јади, биди, капи... Веројатно и девојката што праша е некаде од западниот дел.
Дали имератив од некој глагол + кратка заменска форма прават акцентска целост? Пример: остави го, измешајте ги, покажи му итн. Односно дали се акцентира: измешАјте ги или измЕшајте ги. Ги слушам и во двете форми, а не знам како е правилно.
Со акцентска целост се. Измѐшај ги, измешАјте ги, ПокАжи му, покажетѐ му ги, ОстАви го, оставетѐ му ги...
Дали во правописот се прават промени. Во последно време забележувам дека различни професори по македонски или лектори различно кажуваат, а и весниците да ги погледнеме се пишува свати иако сме учеле на школо сфати, се пишува евтино иако сме учеле дека е ефтино, се пишува Гостиварско со голема иако сме учеле со мала. Да не знаеш што е правилно.
Има промени, секако, но не во овие примери што ти ги наведе. Сфати си е стандард со ф, евтино со в. Гостиварско, Скопско, Штипско со голема буква... За жал, нема веќе медиум кој може да ни служи како пример. Некако неписменоста сѐ повеќе е застапена и каде што треба и каде што не треба.
Јазикот си еволуира, ама официјалниот правопис е еден. Не може различни лектори различно да кажуваат ако се водат по официјален правопис. Инаку, во однос на интерпункција, ништо не е сменето. За прашална реченица се’ уште се користи прашалник. Се шалам, знам дека е ненамерна грешка. Мене ме интересира некој поупатен да каже за оксфордската запирка. Јас почнав редовно да ја ставам затоа што во работата (на друг јазик) ми го бараат тоа. Навиката се пренесе и сега несвесно ја ставам кога пишувам на македонски. Сериозна грешка е? Инаку @zuto, ако гостиварско, тетовско (сирење) се користи како придавка, нели е со мала буква?
Да, ако се однесува како придавка е со мала, а ако се однесува само на одредено подрачје е со голема. А госриварски, гостиварска се секако со мала.