Во правописот нема трендови и мода. И не би требало да прифаќаме секакви „измислици“ затоа што тоа сите го прават. Сленгот или жаргонот е нормална појава, но не треба да го заменува литературниот јазик.
Да ве прашам, како е точно: "прееска" или "преѓеска" ...или има друг збор за истава временска определба ?
Мислам дека е ' преѓеска ' ама не сум сигурна. А и исто ми се чини дека не е баш литературен зборов, би можело да биде на пример ' претходно ' , ' пред малку ' или ' пред некое време '. Ама што знам.
И јас мислам дека не се користи зборов, туку тие што ги кажа блу, ама меѓу тие два, правилно е прееска
Не знам дали го имате ова напишано, но во повеќе постови, посебно во областа врски,имам забележано. Не се пишува маШ- туку маЖ. Едноставно ми бодеше очи.
Дали постои збор додади? Јас мислам дека заповеден начин за додава е додај, ама секаде го среќавам ова додади. Мене ми боде очи. Правилно е? Спојлер Трендафилке врати се на темава
Во смисла: Додади коментар, додади пријател, додади во омилени... Има многу примери по интернетов. http://brkajrabota.mk/showtime/knigi/ http://www.krivapalanka.info/biznis-adr ... ask=addNew
Па не ми се верува дека додади е неправилен глагол или форма. Додава - подава, додај - подај. Додаде - подаде, сите ми звучат сосем коректно и ги среќаваме секојдневно. Ама во секој случај да сме мирни, ќе пролистам низ граматиките.
Не е во склоп на темата ама мислам дека ќе помогне. Буквата è се добива кога компјутерот е на латинична поддршка и се стиска Alt + 0232. А кога треба да се пишува наслов, нели треба во наводници. Ти се на 2ка - „ и на 3ка “.
Дејзи, за пишувањето на буквите со надреден знак важи само на десктоп компјутери, на лаптопите не може, не е изводливо, барем не на овој што јас го користам. А инаку, наслов на тема на форумов не може да биде во наводници, а наслов ставен во мислење се подразбира дека треба да биде во наводници.
Сретнав на неколку местa Eгиптјанин, меѓутоа не ми е јасно дали множинската форма би била Eгиптјани или Eгипќани. Jас ја најдов како Eгипќани, но сепак да сум си чиста, да прашам. Патем, остро/оштро?
За дали може на лаптоп незнам, ама сигурна сум дека може на десктоп компјутер. Не мислев на темите, пример кога пишуваме која книга сме на прочитале, и слично.
Мигрл јасно ми е дека два се употребува кај именки/предмети од женски род таман работа има и исклучоци, двЕ пенкала (ова сега ми падна на памет) значи две може да стои и пред именки во множина од среден род / тоа пенкало (среден род) Туку зборот ми беше како е во множина ДВЕ коверти или ДВА коверта (за во множина) секогаш вакви примери со зборот два и вакви именки ме ставаат во дилема?
( Еден ) КОВЕРТ, ( два ) КОВЕРТА, ( седум ) КОВЕРТИ . Како беше тоа, збирна и избројана множина...ми откажува мозокот