И на сајтови на министерства пишуваат Декември. На ништо не личи тоа. Нели е со мала? И многу ме нервира кога ќе видам подршка наместо поддршка. За евтино ајде да чујам повеќе мислења, евтино е или ефтино? Јас и така и така го среќавам и просто се чудам што сме учеле, а што сега се пишува.
Во правописот НЕ се прават промени и нема никогаш да се направат промени зашто е правопис на македонскиот јазик. Евентуалните промени ќе значат создавање нов јазик. Инаку, во последно време забележуваш професори и лектори кои различно кажуваат зашто сите заедно се комплетно неписмени. Колку и да звучи ова надмено, тоа е факт. Не знам колку е сложено на прагот на 2016 година да се напише во Гугл правопис на македонскиот јазик и да се провери АПСОЛУТНО сè што некого го интересира?! Дури и на Википедија го има правописот, препишан од книгата која, патем, може да се најде во секоја јавна библиотека за ИЧ пари. Еве го -> Правопис на Википедија. Исто така, знам дека многу различни професори во различни делови на земјата своите ученици ги учеле тотални бесмислици само зашто и сами немале поим од основите на македонскиот јазик. Погрешен правопис, комплетно неправилна интерпункција, промашени акцентски целости заради дијалектот и на крајот од училишните клупи излегуваат деца кои стигнуваат до многу високи позиции во општеството не знаејќи го сопствениот јазик ниту во основата. Писатели кои не знаат кирилица, политичари што не знаат да си го напишат сопствениот говор, маркетинг агенти кои не знаат изговор... трагедии на секој чекор. И, сфати, евтино и гостиварско пиво, ама и Желино, Гостиварско. За крај, никој не знае СЕ. Ниту јас, ниту никој, секогаш некој некаде ќе згреши од незнаење или немарност. Ама основите е стварно неписменост и треба секој да се потруди без разлика колку години има да ги научи и применува. Не мислам на сфати и евтино, мислам на правилна употреба на запирки и прашалници, за да може да се разбереме, употреба на голема буква и празно место, такви работи... Грешката Декември доаѓа од англискиот јазик. Истата неписмена маса го чита на англиски 24 December, и си го преведува на тој начин. Нашето правило е 24 декември, освен ако не е празник. Имаш поддршка од мене да се бориш за овие нешта.
Секако дека се менуваат сегменти од правописот. Сега кога полагав баш споредував некои работи од стариот и поновиот Правопис, различни се. Инаку во подготовка е и нов Правопис кој треба да излезе во блиска иднина. Јазикот е жива материја и со текот на времето се јавува потреба за нови или промена на некои зборови. На пример: се размислува да не се дели веќе она госпоѓа/госпоѓица во скратениците и да се означува со една универзална скратеница г-а. Колку е точно ќе видиме. Што се однесува до различните правила во двата различни Правописи ќе го наведам следниов пример : Адамово јаболко, Ахилова пета, Морзеова азбука. Првите два примери во Правописот од 1986 година се пишани со мала буква, а во поновиот Правопис со голема почетна буква.
Хаха ми текна на една пеза која ја видов вчера, од службен весник и тоа Ќе ставам спојлер оти секако сум офтопик Спојлер
Мене ме изненади професор по македонски јазик, кој кажа дека правописот се менувал. И го прашав за некои мои недоумици, почна да врти учебници, да проверува по литературата што ја има. Различно кажуваат, различно пишуваат и затоа во весник кој има лектор читаме миљон. Како јас што сум учела, кумановско село се пишува со мала, во кумановско со мала, а сега по весници гледам обратно.
Тоа што ти го кажале значело дека е излезено новото издание на Правописот ако не се лажам, само што си го купив, излезе нов. Јас дојдов друго да прашам (ќе го направев тоа во групата Пуздер правам, но наставничката по македонски членува таму, па дури и известување ќе ѝ стигне што сум прашала. ) На тестот по македонски, имаше прашање „Кои од овие се сум-конструкции?“ и наведени 4 одговори од кои два беа во минато неопределено време (ги елиминирав веднаш), едната гласеше „сум повикан“ а другата „беше гладен“. Се смислев, се мислев и на крај решив да ја заокружам само првата (сум повикан), мислејќи дека гладен не е глаголска придавка за да биде сум-конструкција. Сфатив дека ако беше употребено во реченица, целото тоа беше гладен ќе беше прирок, во право ли сум? Мојата наставничка не мисли така, туку стои на тоа дека гладен е глаголска придавка и тоа од глаголот гладува. Јас мислам дека од би била гладуван, или изгладнуван, или нешто слично, како и да е, никако не мислам дека би било гладен. Гладен си е обична описна придавка јас мислам, ама може грешам, бидејќи гладен е состојба, како наспиен или најаден, кои личат на глаголски придавки, но оваа не ми стои, што знам... Вие што велите?
@Ana Marija 1 Е па во ред тогаш, јас да прашам да знам за другпат. Дојдов на темата да го ставам овој тест. Пробајте го, а ако не добиете 12/12, значи дека треба да одвоите неколку минути да ги научите овие правила. Многу е лесен.
Без грешка! Оправдана ви е петката од училиште. Слободно поправајте ги луѓето кои грешат, можеби така ќе го пренесете знаењето. Ubavo seto toa, samo ne znam shto kje mi e makedonskiot jazik i dali negovoto poznavanje kje mi posluzhi za neshto vo zhivotot. A i mojata latinica vo ovaa tema e sigurno dobredojdena
Ако профитабилно не може да ти послужи, може за лична сатисфакција и подучувач на оние кои прават грешки во говорот, а ги има премногу. П.С. Мајчиниот јазик треба да го знаеме. Ако не ние, тогаш никој друг нема да пројави интерес. Тој е одраз на придобивките на една нација.
Лела сум те читала на повеќе теми и мора да кажам дека си едно од ретките деца од твојата генерација кое многу зрело размислува, убаво се изразува со богат и оформен речник. Многу ми е мило кога ќе прочитам некој твој пост, бидејќи ми дава надеж дека се' уште има деца кои читаат и се надоградуваат. Немој да ми се лутиш за ова „деца“ зашто за мене си сепак дете
@Ana Marija 1 Таман работа, какво лутење, секако дека сум дете. Мило ми е што така мислиш навистина, многу се радувам кога некој ќе ми го каже ова, немате никаква идеја. Мислам дека никој не може да добие поубав комлимент од тоа дека има надеж за младината, а тој некој е дел од таа младина. Ти благодарам многу! Спојлер Се извинувам за офтопик.
Neshto drugo plus... kako zadolzhitelen predmet 3-4 pati vo rabotnata sedmica, 12 godini po red. Premnogu izgubeno vreme za jazik koj profesori, magistri i ostanati visokokvalifikuvani lica vo drzhavata kade e oficijalen ne go vladeat dobro. I za jazik koj voopshto nema da bide zastapen vo moeto idno opkruzhuvanje.
@sjdgo, тоа што си го научила за македонската граматика ќе ти послужи за било кој друг јазик што ќе го учиш. Одма ќе сфаќаш кое време кога се користи, што е прилог, член, плусквамперфект, и многу други детали што некој што избегнувал часови по граматика на мајчин јазик тешко ќе ги разбере. И така, барем за нешто ќе ти користи, и така планираш да фаќаш магла одовде. Ако веќе си усовршила странски јазици, познавањето на македонската граматика сигурно ти помогнало тука.
@LivingGlam, ti ja prifakjam zabeleshkata i na mesto e, no povtorno imam kontrareplika. Koga prv pat dojdov vo kontakt so odredeni stranski jazici, bev vo preduchilishna vozrast i nemav nikakva teorija od gramatika. Na krajot na kraishtata, izuchuvanjeto na koj bilo jazik, so sebe vkluchuva i izuchuvanje gramatika (koja se razlikuva od jazik do jazik, sepak). Sakav da kazham, vo ovaa drzhava, na vrshiteli na razni dejnosti (ugledni i dobro plateni) loshoto poznavanje na sluzhbeniot jazik ne im prechi vo rabotata. Duri i vo mediumite retko se slusha pravilna upotreba na standardniot govor. I vo eden moment se prashuvash, shto kje ti e dobroto poznavanje na ovoj jazik, pa zakluchuvash deka popametno bilo energijata vo chitanje knigi na istiot da si ja vlozhuvala poinaku. Na primer, vo nadograduvanje na poznavanjata od nekoj drug jazik, zoshto da ne. Ednostavno, sfativ deka ne mi treba mene da go znam makedonskiot jazik, potochno da se zamaram so detali od istiot, belki me razbravte
Се согласувам дека не се практикува стандардниот македонски јазик каде што најмногу треба, ама тоа треба да биде поголема причина да го учиме и употребуваме што повеќе. Што доколку сите вака размислуваат?
Се согласувам со @zuto. Не треба да биде поголема причина да не се изучува јазикот, туку напротив, кога гледаме дека македонскиот јазик воопшто не се почитува, тоа треба да нè поттикне ние поубаво да го изучиме.