1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Има ли правило кога се користи во а кога в? Или може да се користи во секогаш?
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Постојат правописни правила за употреба на предлозите в/во како варијации со просторно и временско значење. Пример:
    В среда ќе одиме на излет. ( со значење оваа среда)
    Во среда одиме на излет. ( со повторливо значење на дејството, секоја среда)
    Во средата бевме на излет. ( завршено дејство)
    Предлогот в се пишува пред именки што почнуваат со согласка ( в село, в град, в поле )
    Исклучок од правописно правило е именката вторник пред која секогаш се пишува предлогот во.
     
    На Tanjamm, Anabelle.Amorette, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Само да дополнам уште едно правило:
    Предлогот в не се пишува пред членувани именки.
     
    На Tanjamm, Srckata28, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    И јас грешам, но ме вади од такт кога ќе прочитам

    ЛЈубов .... мноЛгу..... Фнук.... на тоа се сетив
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    @jasmina00 Затоа не греши за други да не вадиш од такт :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Сиурно не грешам на фб да напишам - незнам лјубофче мое за тебе ама јас мнолгу те сакам ........... :))))
    или Стреќен сум, си добив фнук....

    зборувам за наједнаставните правописни грешки, кои ги учевме во 4-5 одд, иначе никој не е безгрешен
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Освен овие погоре што ги наведе феминката, никако не можам да разберам од каде им е зборов суќна, дали припаѓа на некој дијалект или не, не знам. :?:
    Најсериозно не сфаќам како воопшто успевате да го изговорите зборов, ако го користите и при комуникација во живо. Често во некои постови го имам сретнато зборов суќна/суќња, правилно е сукња.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    ^Не знам дали е дијалект, но сеедно звучи крајно смешно и неписмено. И тоа не само на сукња, туку на сите зборови што содржат К и Г, ги заменуваат со Ќ и Ѓ.

    Ама врв ми беше кога видов дека луѓето си пишуваат Маќедонија и маќедонски. *face palm x200*

    Маќедонија и маќедонци вечни!
     
    На Lady Phoenix, Annath и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам нит сукна, нит суќна, а најмалку суќња не е правилно. Здолниште е литературно. Поправете ме ако грешам.
     
    На ReinaDeCielo, piglet1, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    ѓи - многу често присутно на форумов. :(
     
    На Ketchup, Mr. Right, ♡BuBaLe♡ и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    12.396
    UOTE="Anabelle.Amorette, post: 2700226, member: 82618"]Освен овие погоре што ги наведе феминката, никако не можам да разберам од каде им е зборов суќна, дали припаѓа на некој дијалект или не, не знам. :?:
    Најсериозно не сфаќам како воопшто успевате да го изговорите зборов, ако го користите и при комуникација во живо. Често во некои постови го имам сретнато зборов суќна/суќња, правилно е сукња. [/QUOTE]
    Па нели е здолниште на македонски, а суќња е српски збор.
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ако има некој студент по македонски јазик и книжевност или професор по македонски јазик, лектор, било што, да ми одговори на прашањево. Ќе ја означам @zuto, мислам дека таа има една од овие професии.

    Дали кога се прави синтаксичка анализа на реченица секогаш е неопходно да се наведе подметот, дури и кога е изоставен. Ова го прашувам бидејќи во одговорите на вежбите што ги имам, ако е изоставен подметот, не го пишува.
    Ќе одам на наптревар по македонски и нестрплива сум да ја прашам наставничката до понеделник, затоа. :D
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Уф, ништо од овие не ми е професија. Како и да е, треба да проверам па да ти одговорам, ама ако ти е од корист и ако не си ја посетила оваа страна види, може ќе ти се најде.

    http://makedonskijazik.mk/2010/12/прашања-и-вежби-за-прилошки-определби.html
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @zuto изгледа сум се збунила нешто. :D Си помислив дека имаш таква професија бидејќи те гледам често низ темава. :) Инаку ти благодарам за страницава, интересни вежби има, ќе ми помогне. :hug:
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    За @Bender Rodriguez, охридско-струшки правопис: Не се пишит моит, туку мојт. :!: ]:)
     
    На ♡BuBaLe♡, Someonespecial, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ливинг, ти ова превентивно, пред ја тебе да те искарам зашто те нема у фоајето, а? :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Точно одговори на 11 од 12 прашања!
    Писмени сте!
    Со ситни грешки, се вбројувате меѓу луѓето кои до ден денес заслужуваат чиста петка по македонски јазик.
    Не знам кај грешам
     
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Па пишува погоре, неточните се со црвено, точните со зелено. Треба да се враќаш нагоре кога ќе го добиеш одговорот.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој што значи зборот „науваше”? :?: Прв пат го прочитав во една книга, не му обрнав многу внимание, ама почнав постојано да го среќавам низ поглавјата, па малку ме вади од такт :D
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Да не има врска книгата со руски јазик случајно? Јас првпат слушам за таков збор, а еве на интернет го дава како руски збор.