1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Епа вака ми беше на претходната тастатура, на оваа само тоа знакчето ми се појавува. Еве ти гратис од знакчето - ~~~~~ |(

    Шо тастатура ќе беше оваа. |(
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Рајти, оди во Контрол Панел на комјутерот, па Keyboard, и инсталирај македонска поддршка (стандард). Барај ја таа со стандард, бидејќи не работи на другата. Потоа пробај како што ти кажа Специ.
    А за è доволно е на латинична поддршка Alt+0232. :)
     
    На Kaetana и Mr. Right им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Што значи јанѕа?
     
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Немир, јад.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ме болат очиве. :headbang:
     
    На Silver.E, piglet1, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас овие свесно ги грешам секојпат, ама на мобилен има само "" :(
     
    На cresa-jagoda, Lella и Ketchup им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    И јас само такви имам, некогаш користам ,,две запирки и англиските" aма распар се и срце ме боли.
     
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Се самоцитирам за пак да го поставам прашањево. @zuto, @Lella? Anyone?

    Што вели правописот?

    Без таа запирка, значењето на реченицата може да е нејасно.
    Пример: :D

    [​IMG]

    Друг пример: Толстој ги напишал Војна и мир, Воскресение и Ана Каренина.
    Толстој ги напишал Војна и мир, Воскресение, и Ана Каренина.
    Со запирката е јасно дека се работи за три книги. Без неа, некој може да помисли дека Воскресение и Ана Каренина е една книга. Океј, ова не ми е соодветен пример бидејќи би требало едно и пред Воскресение ако се работеше за една книга, и тогаш реченицата би била - Толстој ги напишал Војна и мир и Воскресение и Ана Каренина. Ако ова беше една книга, реченицата би била уште понејасна.
    Друг пример: Последни книги што ги прочитав се Војна и мир, Злосторство и казна и Понижени и навредени. Нели појасно би било со запирка пред и?

    Американски и британски весници се караат за запиркава. Ние, шо да прајме? :D Знам дека по правопис не се користи. Ама дали се смета за сериозна грешка ако се користи? Мене ми се допаѓа. :wasntme:
     
    Последна измена: 16 декември 2016
    На cresa-jagoda, anel, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    @LivingGlam, наставничката до осмо по македонски ни кажа дека пред "и" никогаш не се ставало запирка во нашиот јазик.
     
    На ReinaDeCielo, Kaetana, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Знам, и нас така не’ учеа. :D (после ова знам веројатно требаше ; наместо ,).
    Знам дека по правопис е така, ама ме интересираше дали во тие кругови што се занимаваат со правописот има некоја флексибилност по ова прашање.
     
    На Kaetana, Ketchup и referentka им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    @LivingGlam при набројување пред И не се става запирка.
    Така не учеа во училиште :)

    1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
    На пр.: Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.



    Да редактирам-Внимавам на правопис, ама често и грешам.
    Најмногу се нервирам и најпросто ми е почнување реченица со мала буква или во цел текст ни точка ни запирка.
    Барем основното нека се почитува.
     
    На cresa-jagoda, Mr. Right, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Не ми го разбравте прашањето. Поточно - нејасно го поставив. Јасно ми е дека по правило оди без запирка. Ме интересираше дали има некој простор за промени во ова правило, што би оделе во прилог на појасни реченици. Во закони, особено, таа запирка може многу да значи.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  13. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Нели за набројување требаше да се користи ; наместо , ? :?:
     
    На cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Кики, ова го најдоФ.
    Добро што ја видов темава, да си поФторам..



    1. Точка и запирка се пишува помеѓу проширени еднородни делови на реченицата, особено кога во нив има запирки.
    На пр.: На состанокот ќе дојдат: Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот.
    2. Точка и запирка се пишува по зависни реченици кои се однесуваат на една главна.
    На пр.: Кога ќе научиш; кога ќе ги напишеш домашните задачи; кога ќе си ја средиш собата, тогаш може да излезеш.
    3. Пред сврзниците: но, сепак, меѓутоа, може да се напише точка и запирка, особено ако во реченицата има повеќе запирки.
    На пр.: Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помогна.
    4. Со точка и запирка се одделуваат и разни заклучоци, решенија и сл. кои се набројуваат под точки.
    На пр.: 1. ———;
    2. ———;
    3. ———.
     
    На cresa-jagoda, zhap4e, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  15. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    На тоа и мислев. Често низ темиве читам набројувања во кои зборовите се одделени со , па се збунив... :lol:

    Убаво рече, добро што ја видовме темава :D
    Се потсетиме на она што е учено оддамна а и ми врати спомени од школските клупи :D
     
    На cresa-jagoda, Ketchup и referentka им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam

    Оф...........флексибилност :(
    Јазикот наш повеќе од 50 години не е стандардизиран, веќе сосема го губи идентитетот и затоа мене искрено не ме чудат оние „неписмености“ што ги среќаваме насекаде. Во вакво време на брз развој, со толку многу влијанија од другите јазици, мора да се постават рамки и да се стандардизира, да се изврши ревизија. Секој јазик е жива материја, и како таква едноставно МОРА од време на време да се ревидира. Тоа што одговорните кај нас само си ќутат и се лутат на критики е сосема друга приказна.
    По стари правила не би требало да стои запирката :) За нешто ново, мислам дека нема некој официјално да одлучи што и како треба да се пишува.
     
    На do-re-mi, Oxymoron, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Се слагам дека треба да се направи усогласување и стандардизација.
    Време е да се свртиме малку кон надвор

    Цел свет напред оди, ние сме се фатиле За Македонцките рабоќе .

    Не сум против негување на историјата на Македонскиот јазик и правопис, ама во ера кога се воведоа странцизми во говорот, нека се усогласи и правописот.

    Во врска со странзсите изрази...ми пречи кога на ТВ ќе чујам ,,....од бекстејџот ќе го приклучиме...,, (зошто бекстејџот??...ама еве нема соодветен израз).... или ,,...гостинската екипа изведува корнер...,,(зошто не агол ?!...ама знам и дека е безвезе)
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    @referentka , тоа е и најголемиот проблем, се доведовме до ситуација во која ние едноставно немаме наши македонски зборови за одредени поими/термини/ситуации, само заради тоа што одговорните не седнале да состават нешто ново, да одлучат кој збор ќе го употребуваме. И после учениците биле неписмени, нашиот јазик наликувал на други, епа наликува.....
    Бекстејџ би требало да биде зад сцена, барем така мислам.
    Корнер претпоставувам дека е попримен интернационален збор во фудбалот (не сум сигурна за ова, нека ме поправи некој ако грешам).
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање имам. :) Кога ги пишував насловите на книгите се сетив дека не сум сигурна како треба.

    Дали во италик? Дали секој збор со голема буква? Во англиски, на пример: War and Peace, Humiliated and Insulted; и по style guides (не знам ова како се преведува), обично бараат да насловите бидат во италик. Во македонскиот правопис, колку што се сеќавам, голема е само првата буква од насловот. Ама не сум сигурна, па би сакала да ме исправите доколку грешам. :D

    Во оваа тема ми е тешко (или тешко ми е :^) ) да пишувам, цело време се плашам да не зрешам (упс... погрешам :worried: )нешто.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Корнер во превод е ЌОШ или АГОЛ (мислам дека не грешам)
    Или кога ќе чујам ,,ЦЕНТАР ХАЛФ,, игрл некој во тимот...?!
     
    На green.eyes и Ketchup им се допаѓа ова.