1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Да, ќош или агол, тоа редовно се употребува во секојдневна примена, ама конкретно за фудбалскиот термин, мислам дека се употребува корнер, не сум сигурна. Иако доста често слушав коментатори како велат „удар од аголот“.

    @LivingGlam , само првата буква е голема :)
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Само првата буква е голема во насловот.
     
    На Ketchup, green.eyes и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @referentka не знам од каде си го нашла, ама зависни реченици не се одделуваат со точка и заприка.
    Еве Правописот што вика:
    20161216_104530-1.jpg
    20161216_104614-1.jpg
    Еве кога се користи за набројување:
    20161216_104638.jpg

    @LivingGlam, те разбирам што сакаш да прашаш.
    Заприката има многу употреби. Едни од нив се набројување и одделување на апозицијата (објаснувањето) од поимот кој го објаснува. Токму тука доаѓа проблемот кој кај нив е решен со Оксфордската запирка.
    Да позајмам пример:
    Ги повикавме стриптизерките, Грујо, и Заев.
    Ги повикавме стриптизерките, Грујо и Заев.

    Кај нас може да помине само вторава варијанта нели, ама може да настане недоразбирање бидејќи може да означува и набројување и апозиција.
    (Ги повикавме Грујо и Заев, стриптизерките.)

    Е сега, како да се реши ова а да не се поништи правилото на неставање запирка меѓу последните два збора при набројување (не пред и, имено, во некои случаи може да има запирка пред и, но не во набројување).
    Мој предлог, како никаков лектор (барем не сè уште :wasntme:) е следниов:
    Кога се користи апозиција која е составена од два члена (Грујо и Заев) да се извадат тие напред, за да можеме меѓу нив комотно да не ставиме запирка.
    Ги повикавме Грујо и Заев, стриптизерките.
    А кога набројуваме, што е и случајот во оваа реченица, да ја користиме другата форма и да знаеме дека Грујо и Заев не се стриптизерки :D или уште подобро:
    Ги повикавме Грујо, Заев и стриптизерките.

    Се надевам дека ако не друго, барем се увиде каде и зошто лежи клучниот проблем со запирката.:)
     
    На Sky-butterfly, piglet1, Oxymoron и 11 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    На cresa-jagoda, Ketchup, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    :rofl:

    Сликата што ми дојде пред очи не е пријатна. :D

    Ми се допаѓа предлогот за решение. Ама тоа поминува само кога внимаваме како да пишуваме. А не поминува кај тој што чита, зашто пак може погрешно да разбере. Пишуваното треба да е јасно за луѓе од секое ниво на образование. Пак ќе речам, посебно може да е проблем во пишување закони. И единствен начин за јасно да се одделат сите категории (за читателот да разбере) е запирката.
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, anel и 6 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мене често ми фали да може да пишам И по запирката.
    На пр:
    „Ве молам доставете ми дестилирана вода во шишиња и канистри, ацетон во пластична амбалажа од 50мл и 100 мл, И варакина во канистри од 10л.“
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @referentka, да не знаеш кој го води сајтов? Бидејќи уште на почетната страница има грешка.
    (Добредојде е именка:
    Ни посакаа топло добредојде.
    Поздравот е добре дојде, акцентска целост е.)

    Не се секирај, точни се овие работи.:D Гледај да не згрешиш слеано или разделено пишување на зборовите, или едначење по звучност, или прибидејќи. :drunk:

    Како што пишав погоре, би можело да ги распоредиш да не ти дојдат две и едноподруго.
    Ве молам да ми доставите дестилирана вода во шишиња, варикина во канистри од 10л и ацетон во пластична амбалажа од 50мл и 100мл.
     
    Последна измена: 16 декември 2016
    На cresa-jagoda, Ketchup, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    @Lella незнам ништо за сајтов, ама не ретко се ,,консултирам,, со него:)

    Иначе @LivingGlam и мене ми е страв да пишувам во темава, овде има експерти:D
     
    На sanjaeva, cresa-jagoda, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Да, често го правам тоа, но некогаш ми е не изводливо, бидејќи се губи смислата.
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Богами, да ја тагнеш Лелка во темава и во истиот пост да пишеш незнам - и треба сега да ти е страв :wasntme: :lol:
     
    На Lady Phoenix, Sky-butterfly, molikaMk и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    @sanjaeva
    Или пак кога набројуваш нешто како:
    На роденденот беа и братучедите, и внуците, и комшиите...
    Јас во ваков случај ставам запирка пред и.
     
    На Someonespecial, Lella, sanjaeva и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    И јас војни водам со запирката, а и многу други колеги. :devil: Морам свесно да се контролирам да не ја употребувам, ама признавам дека на форумов и во приватна употреба ми „летнува“ и по некоја запирка и по некој србизам, а сигурна сум дека правам и други грешки. Да се препрочитам по 2-3 дена ќе си најдам барем една-две.

    За еден дел од работата моментално имам на располагање лектор и затоа можам вниманието повеќе да го насочам на „мојот“ дел од работењето, инаку порано мислам дека наизуст го знаев цел Правопис. 8-|

    Не знам дали сте имале прилика да посетувате стручни работилници и семинари каде што имало гости од Институтот за македонски јазик. Јас имав и тоа во повеќе прилики (е сега како би легнала една запирка таму после „имав“) и сум целосно разочарана.

    Цело време се повикуваат на Правописот, (facepalm) на конкретни прашања и проблеми се одговара со цитирање на Правописот иако некои решенија таму се застарени или целосно неизводливи со оглед на „движењето“ на терминологијата и на јазикот севкупно и се тапка во место. Стручната терминологија во која било бранша што доживеала бум во последниве 10-20 години е буквално непостоечка и неревидирана. Материјалите на македонски јазик се толку оскудни, што јас сум среќна ако успеам да најдам нешто што ми треба на српски/српско-хрватски/бугарски, а Бог да чува, на македонски!

    Проблемот што ситуацијата е ваква, покрај неажурноста и ниското ниво на соработка, е што нивната работа се состои воглавно од теорија, а мојата од пракса. :)

    Уште полошо беше кога го објавија новиот Правопис во мал број примероци, ако не се лажам околу 1000 и ставија многу висока цена... Правописот треба да е со симболична цена и достапен на сите.

    А за неписменоста во државава, одамна престанав да се нервирам. Нивото на писменост е СТРАШНО, сите се само формално писмени и да ви кажам, поголемиот дел од тие со високо образование се неписмени. А што останува со останатите? :D

    И латиницата што се употребува на Интернет не е некој изговор, се знае како се едначат зборови по звучност, како се почнува реченица, каде оди точка, каде запирка, што се пишува слеано, што не... Ама тоа е. Ако ме платат, ќе им кажам и ќе им ги поправам грешките, ако не... 8-|:rofl:

    Пинг @Lella :D Не им се нервирај! Браво за знаењето што го имаш, продолжи да работиш и да се надоградуваш, а јас како постара ќе те советувам да играш мудро со изборот на идна професија и да одиш таму каде што ќе можеш да го... „уновчиш“ знаењето. ;) Во мојата бранша секогаш требаат квалитетни кадри. :)

    Иначе, доколку имаш време и можност, би сакала да прочитам твое видување за употреба на релативните (односните) заменки во зависносложените реченици. Ама не се оптоварувај - само доколку имаш време! :!:
     
    На do-re-mi, Lady Phoenix, Oxymoron и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Има и македонски наводници и на телефон, барем за SwiftKey и Google Keyboard знам. Ако кликнеш подолго на копчето за англиски наводници ", ти излегуваат како опција и отворени и затворени македонски наводници.
    Исто вака и буквите и и е - ако подолго кликнеш на нив ќе ти ги даде со надредени знаци - ѝ, ѐ. :)
    [​IMG]

    8-|
     
    На Mr. Right, КикиМаус, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Супер, ќе ја инсталирам оваа тастатура. Сепак, сигурна си дека ѝ ја дава од мобилен? Бидејќи, јас ѝ ја немам од мобилен, само è која ја земам со држење на копчето кај латинична тастатура, бидејќи ја има и во други јазици, додека ѝ е само во македонскиот, а со држење на копчината на македонска тастатура ништо не излегува.

    Патем @Doozy, планирам нашироко да се распишувам за релативни реченици, па затоа ќе го направам тоа кога ќе сум послободна да можам целосно да посветам. :lol: Викендов би требало.
     
    На Lady Phoenix, cresa-jagoda, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    На iOS е поинаква тастатурата :(
     
    На piglet1, КикиМаус, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Преферирам да пишувам без граматички грешки, затоа што мислам дека правописот е огледало на човекот. Најмногу ме нервираат луѓе кои пишуваат „не знам“ споено, а најмногу (пример) одвоено. Како What the hell?... Или пак свати/сфати, така да/така што, сеуште/ се' уште итн.
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира кога ќе прочитам величенствено, наместо величествено, или кога некој не ја знае разликата меѓу зошто и зашто и т.н.
     
    На crimson, Someonespecial, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Еднина: јаболко
    Множина: јаболка

    Често гледам во рецепти и сл., пишуваат: јаболки за множина. Да го слушниш зборот многу глупаво звучи.

    Редовно си ја читам темава, и самата ќе поднаучам нешто ново, а се чудам како многумина знаат дека погрешно го изговараат или пишуваат зборот, ама не сакаат да се подобрат.

    Имам професор дома :D, запирка се става и пред И, зависно од потребата, бидејќи некогаш без таа запирка се менува цел контекст во реченицата.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Еве јaс не знaм кoјa е рaзликaтa пoмеѓу зoштo и зaштo. Мoже некoј дa ми oбјaсни? :)
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    Зошто е за прашање, зашто = затоа што.
    Толку е глупо и толку рано сме го учеле на училиште што не знам дали си сериозен или се зезаш со прашањето. :?:
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, piglet1 и 4 други им се допаѓа ова.