Претпoстaвувaв декa е тoa, aмa зa секoј случaј сaкaв дa си прaшaм зa сигурнo. Мислaм декa немa ништo стрaшнo штo прaшaв, не знaм.
Ај, штом е активна темата... Луѓе, значи ве молааам - ми е, ви е, ти е ≠ мие, вие, тие! На нерви ми идат вакви грешки по форумчево. И кратката заменска форма за директен предмет за 3 лице множина се пишува ги, воопшто не постои такво нешто како ѓи во македонскиот јазик. Фала за вниманието.
Мајкаи на другарками е професорка и таа ни ѓи посочи овије примери ко тачни... Е сега незнам зашто ти вика пишуваш... Несакам да помислам дека мајкаи не лаже... Мене мие убаво вака да си ѓи користам овија зборофи. Стварно несте фер. Кај вие паметот незнам.
Ова не е правопис, туку граматика. Ама да си кажам, па ако грешам поправете ме. Не треба X цитираше твое мислење во нотификациите, туку X цитира твое мислење. Минато свршено време. Или не? Како е цитира во минато свршено? Цитираше сигурно не е, тоа е несвршено. Ова е истата грешка со фамозното скопско земав. Страшно ме нервира. Патем, @JollyGirl, на тема ист вид правописни грешки ко тие што ги критикуваш - често пишуваш немора наместо не мора.
Би рекла дека најправилно е "исцитира" твое мислење (од телефон сум, ме мрзи да болдирам и многу печатни грешки правам), ама тоа звучи глупаво, така што... добро е и "цитираше".
Ти си од Скопје, затоа ти е добро цитираше. Едит: http://www.wasbedeutet.de/literature/show/цитира/св. и несв Тој дури и ги цитира зборовите на демонстрантите, кои извикувале: „Ние не сакаме да одиме на Берлин, сакаме да одиме на Солун“. „Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012) Татко често ги цитираше зборовите на Ататурк, кога требаше да се оправда некоја од неговите радикални мерки: Јас сум Турција. „Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014) Според ова, цитираше е несвршено, цитира - минато свршено. За на Берлин и на Солун, да не прајме мОабет.
X цитира твое мислење во известувањата. Макар што граматички треба да е точно: X го цитира твоето мислење во известувањата. Бидејќи дејството се однесува на објектот (нешто како акузатив во германскиот). Нотификација не е правилно во македонскиот јазик. Плус за унитарна употреба на англиските софтверски односно компјутерски поими направен е Поимник од МИОА. http://www.mioa.gov.mk/files/pdf/POIMNIK.pdf http://www.makedonski.info/search/цитира
Без да погодуваш според содржината, по правило минато несвршено време секогаш се гради со "-ше" во т.л.е.
Дали у овој поимник widget беше преведено како џиџе? Пред многу години сретнав у еден поимник додади џиџе за add widget и оттогаш, страв ми е да ги отварам поимнициве.
Хахах каква среќа, не сум го сретнала џиџе Можеби џиџе бил измислен од самопрогласен експерт со големо влијание на околината и со слободна волја на интерпретација уште пред да се создаде поимникот.. ... а некој е жртва и ги доживува траумите од зборот до ден денес. лооол макар што звучи фино.. јас би го користела
Значи еднаш ќе ме нема цел ден, цели страници ќе испишете на темава. За цитираше, во право е @LivingGlam. Звучи како Трајко те цитираше во таа тема, ама дали те доцитирал не знам. На темава, имаше една вест од еден портал вака некако: Автобус експлодираше во Истанбул. Како што рече LivingGlam ова е минато несвршено и не треба да се користи за свршени дејства како цитирање и експлодирање. Автобус експлодира во Истанбул е коректно, како и Трајко те цитира. Е сега, проблемот што нè буни овде е тоа што овие глаголи имаат иста форма за сегашно и минато свршено време. Автобус експлодира моментално. Трајко во моментов те цитира. Тоа е причината што ваков проблем не се јавува кај глаголи како означува. Трајко те означи во темата. (минато свршено) Трајко те означува во темата.(сегашно време) Трајко те означуваше (минато несвршено за кое не чувствуваме потреба да го употребиме бидејќи претходните две се разликуваат) Еве како ова изгледа со цитира (и експлодира). Трајко те цитира во темата.(минато свршено) Трајко те цитира (а не цитирува) во темата. (сегашно) Трајко те цитираше во темата. (минато несвршено) Ова важи за повеќето глаголи кои завршуваат на -ира. Паркира, донира, шокира, копира... Според мене, не е решение да се искористи несвршено време бидејќи создава повеќе забуни отколку сегашното. П.С. Продолжете да поттикнувате вакви теми, I like it a lot.
Се венча често го среќавам по порталиве ко се венчаше. Како е правилното, всушност? Венчаше сигурно не, ама ви текнува кога си повторувате еден збор повеќе пати и веќе нема смисла? Епа венча. ... Едит... Повеќе пати или повеќепати? Готово, не доаѓам веќе во темава.
Може, не викам не... И јас сум човек. Од брзање или од глупирање сум погрешила... Ама штом знам дека - несакам, незнам, неможам- не се точно напишани, тогаш знам и за немора.... Не е алармантно де Камо среќа повеќето членови да се научат барем на овие наједноставни и најупотребувани зборчиња правилно да ги пишуваат.
Се извинувам што вака ти упаднав. Еве и да те коригирам, иако не си единствена. Забележав дека оваа е една од најчестите грешки. Епа се пишува е па.