1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Во овој случај си има посебни форми за сегашно и за минато свршено.
    Се венча. (минато свршено, она што ни треба во случајов)
    Се венчава. (сегашно) :)

    Немој леле, ти ако не ја раздвижиш темава, нема кој. :$

    Кога сум веќе тука, да ве потсетам. Внимавајте да не мешате заменски форми за директен и индиректен предмет.
    Зошто доаѓаш ти? Јас нејзе ја викнав.
    Ги гледаш оние луѓе? Нив однеси им ги документите.

    Јас неа ја викнав. Ним однеси им ги документите.


    Еве уште еднаш како одат формите:
    Директен предмет:
    1. мене ме.......1. нас нè
    2. тебе те.........2. вас ве
    3. него го..........3. нив ги
    ....неа ја

    Индиректен предмет:
    1. мене ми........1. нам ни
    2. тебе ти..........2. вам ви
    3. нему му.........3. ним им
    .....нејзе ѝ

    И повратните:
    себе се
    себе си
     
    На piglet1, Annath, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Lella е убаво си напишала. А сум забележала дека мноооогу луѓе прават вакви грешки. Навидум е океј, ама кој знае што е директно, што индиректно, како треба или не треба, веднаш забележува.

    Внимајвајте и на кој и кои.
     
    На Annath и Lella им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Едно прашање во врска со наводниците - кога пишувате на македонски, ама во наводници треба да ставите збор на англиски, кои наводници ги користите? Терминот "adversarial" или Терминот „adversarial”? :?:
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    И јас за ова многу се бунев. Професорот ми рече македонски наводници, а и така се користи гледам. Истото важи за латински, француски, германски и секакви други немакедонски зборови.
     
    На cresa-jagoda, Ketchup и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Тенкс :)
    Се мислев дека е вака, некако логично е, ама толку ми е чудно да ставам англиски збор во македонски наводници, ич не ми оди :D Дури и рефлексно стискам "" кога менувам фонт, особено ако брзо пишувам, не ни приметувам :)
     
  6. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.259
    Допаѓања:
    45.993
    Пол:
    Женски
    Што значи зборот РАНДОМ?
    Неколку пати и тука на форумов го имам сретнато.
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Случајно.
     
    На Ketchup, Nausicaa и Rabbit им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јавно го прашувам @Bender Rodriguez зошто сè уште пишува сеуште? :D
    Ако немаш è, еве ти донирам неколку: èèèèèèèèè...:lol:
     
    На cresa-jagoda, Annath, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    И јас така го пишувам најчесто. Кога одев на школо, правилно беше. Не се сеќавам да сме го пишувале одделно и со Е со надреден знак. Ама кога работам, обавезно правилно го пишувам. :$
     
    На cresa-jagoda, LadyC, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Некогаш, брзајќи да напишам нешто на форумов и притоа правејќи сто други работи, правам такви глупави грешки, дури срам ме фаќа од самата себе. :tmi: Затоа кога работам, не читање... ами препрочитување и по трипати, како ненормална, да не се посрамотам некаде. :bandit:

    Се надоврзав на тебе Лејди, случајно ми падна ова на памет, ме потсети заради се' уште.

    Во секојдневниот говор, па и на форумов, користам толку многу србизми, турцизми и слично, што некогаш си мислам дека ме сметаат за неписмена. А ако си препрочитам долг пост по 2-3 дена, катастрофа... :x Си наоѓам најмалку по две-три грешки. :tmi:

    Не дека на некој му беше гајле, ама само сакав да си кажам. :D

    Еве за да не бидам офтопик, зборот Интернет се пишува со голема буква. :wasntme:
     
    На cresa-jagoda, crimson, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    Јас се’ уште се сеќавам на потенцираното се’ уште (се извинувам што се’ уште не знам да најдам е со надреден знак на тастатурава, ме мрзи да вежбам) во писмените работи по македонски. Протуѓер кога ќе се запнеше за нешто, а @Annath? Оттогаш ми остана во глава дека се пишува одвоено, а и во сите постари книги што ги имам е напишано така. Во новите преводи се провлекува сеуште, и на тв, и на Интернет ( :lol: ), па затоа ни звучи природно. Исто ко зема и цитираше, уште малку и професори нема да прават исправки тука. Се наметнаа, во многу книги сум го сретнала тоа зема.

    Патем, @Mihajlo, дај поправете си ја грешката во известувањата, секој ден не’ нервира. Или барем направи на охридски - те имат цитирано. Зошто морат скопски дијалект, а? Каква е оваа дискриминација? :devil:
     
    На ♡BuBaLe♡, cresa-jagoda, LadyC и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Лелич, себе се сметам за колку-толку писмен човек (кога сакам да бидам, де :D) и се сеќавам дека во мое време (што значи, прилично одамна) сеуште се пишуваше споено - дури кога пред некоја година прочитав одвоено „сè уште“, се фрапирав, каква е оваа неписменост, за да кога пробуричкам низ интернетов укапирам дека уствари тоа да ми ти било правилното пишување на изразов - сега. :^)

    Имав некој стар правопис дома што сеа не знам кај ми е, ама ако не ме мрзи, ќе побарам да видам како било „на времето“, „кога Господ одеше по земја“ и сл. и ќе постирам слика овде. :D

    А патем, сеуште пишувам „сеуште“, а не „сè уште“, затоа што сум тврдоглав и инаетлив.:party:
     
    На cresa-jagoda, piglet1, Ingvild и 9 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, кога веќе сме кај поимите тврдоглав и инаетлив, не си повеќе од мене. :D

    IMG_2103.JPG
    IMG_2102.JPG
    Дека е чудно се’ уште, чудно е... ама така си било откако го паметам.
     
    На cresa-jagoda, LadyC, piglet1 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Сакаш да се кладиме? :D

    Зашто види што најдов ја - правописот на Конески од ’50-та година:
    1.png

    И погоди што пишува у него?

    2.png

    Дека не сум у право, секако. :D

    ;(

    [​IMG]

    Лично, ја обвинувам професорката по македонски, што ми дозволила сите овие години да живеам у заблуда. :D

    Се сомневав у тоа колку ја бива уште кога ми ставаше петки на сите писмени. :D

    Како и да е, ја си признавам кога не сум у право, така да - @Lella, очекувај поише „се уште“ од мене у иднина. „è“ не ставам, пошто ми е премногу замарање. :D

    :hai: :bandit:
     
    На elimkd, cresa-jagoda, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    У- Во
    Поише- Повеќе
    Коа- Кога
    Као- Како
    [​IMG]
     
    На TutiFuti, ♡BuBaLe♡, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    ^Технички, ова е дијалект, а не правописнa грешкa. А нели, богатството на јазикот е во дијалектите? :D
     
    На TutiFuti, cresa-jagoda, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Ова ти е мангупско зборење, и не верувам дека некој не знае како треба туку избор е во одбрано друштво така да се понашаат. Затоа че те моља остај људите да се забављаат.
    Имам ли грешки?
     
    На Mishela, Lady Phoenix, simonka93 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Неам, наместо немам. Јас. :lol:
     
    На Ingvild, Mr. Right и JollyGirl им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Баш пишував сега дека време кога сеуште било правилно не постои со фотографии од Правописите од 1970 и 1998. Ама видовме дека уште од почеток било така. :muscle:
    Сега уште да те убедам надредни знаци да ставаш. :lol: (Alt+0232, англиска поддршка, just in case)

    П.С.
    Мислиш, Интернетов*. :wasntme: @Doozy
    Okay, I'll stop.
     
    На Lady Phoenix, Ingvild, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Понашаат- Однесуваат

    Друго се е во ред :?: :shake: Немаш грешки...

    Темава е за правопис ( а не за дијалекти) па затоа ги спомнав, како најчести грешки.
    А за некои личности верувај дека поише си е правлно....само што тие личности нема да дојдат на темава и да видат дека грешат :?:
     
    На Lady Phoenix, Bozica1980, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.