Ух, срцево ми затупка кога го отварав спојлерот. И се согласувам - професорите се многу виновни. Туку, сиже’ - сижеи? Некако природно ми доаѓа - сижеа. Ама ај, Блаже ќе го слушам. Тогаш од ниво, која би била множината? Нивоа? Или нивои? Ако е нивои, а ме нервираше другарка баш со тој збор, и јас сум живеела во заблуда.
Уууупс... Пинг Скопјани, а? За 3/4 од овие сум guilty, „коа“ само не го користам баш. Ама само во теми со муабет, не во поозбилните... пардон, посериозните
Lella, next thing I know, ќе ме тераш да пишувам и „џиџе“ наместо widget. Интернет со голема буква ми е исто као кога ќе прочитам ден од неделата напишан со голема буква у сред реченица. Ја би рекол „сижеа“ и „нивоа“, али веќе се виде моето знаење од правописот.
@LivingGlam кај ме потсети... Бога да го прости, може не беше цвеќе за мирисање, ама за јазикот и граматиката беше ептен строг да биде се' како што треба. Од него уште паметам се' што ме научил, иако поминаа дваесетина години, може и повеќе Во право си како треба да се пишува се' уште, ама форумов е сепак опуштено катче. Кај многумина сум сретнала грешки не само во граматиката, туку и во правилното пишување на зборовите, и се разочарувам што младинава (и не само младинава) ни е благо писмена (да не речам неписмена, ама ќе се најдат навредени) во однос на користењето на литературниот јазик и правописот. Секако дека има исклучоци, ама се бројат на една рака. Еве две нека се... пак малку се... Дијалектите се богатство на еден јазик, ама некако доминираат зборови од истите во литературниот јазик, кои баш и не се правилни. Башка со родот доста од членовите имаат проблеми... Не знам од кога "ден" е во женски род, сите пишуваат една ден, цела ден, а всушност треба еден ден, цел ден. Замижувам, ама кога бев модератор до толку ми пречеа што ги редактирав мислењата што имаа такви грешки А можеби и од тој проблем со родот на именките и личните имиња произлегува земањето на презимето на мажот во оригинална форма (just sayin') Се извинувам за дигресијата.
Јас ќе продолжам со -сеуште макар и по цена означена како неписмена. @Lella Полунаводници се, не се означуваше со нив збор што сакаш да го означиш, толкуваш...така нешто?
@Annath, тоа една ден е кичевски дијалект, а мислам и на други места го користат ко дел од дијалектот. Кога веќе сме кај тој збор, дали во литературниот јазик го има во форма дента? Дента кога бевме таму... оваа форма во Охрид често се користи. И пак има проблем со родот.
Why tho? Во твојот контекст, обичните наводници би требало да се употребат. Инаку, полунаводници се употребуваат кога во текст кој е во наводници сакаш нешто друго да ставиш во наводници. Но, во право си, има и друга примена: кога се толкува некој збор. Ама толкувањето е во полунаводници, не зборот. Да, има таков збор. Но не е именка, именката си е од машки род. Дента е прилог за време.
Чудно е, зашто со други зборови би било тој ден. Можеби оттаму доаѓа збунката кај Кичевчани. Штом е дента, не им е чудно да речат таЈа ден, па оттаму и цела ден. Лела, на муабетов, те молам отвори во новиот правопис кај сижето, да видиме дали и Бажета го најдовне неписмен.
Сигурна си за ова? Да се јави некој друг да каже, оти мислам дека моето е правилно Едит -сега видов на дигиталниот речник на македонскиот јазик, исто пишува, од таму препишуваш мор?
За наводниците и јас се пријавувам во тврдоглав грешник, ме мрзи да ги барам нашите, правилните. @Lella, ѕирни погоре, се редактирав да те прашам нешто.
Не е само кичевски, сум го прочитала и кај членовите од источниот дел на државава. А дента е прилог, како што кажа Лела. Не можам бре со тоа една ден, аман. Татко ми дел од детството поминал во Кичево, па не го употребува така. Додуша, татко ми не ни зборува на дијалект, еве веќе 70 години има, литературно зборува. Дијалект само понекогаш користел, не се ни сеќавам да сум го слушнала да зборува на охридски
Јaс кoлку-тoлку се трудaм дa гo пoчитувaм прaвoписoт нa нaшиoт ни јaзик, aмa пoнекoгaш вo брзaње знaм дa згрешaм нештo. А кoј признaвa пoлa му се прoстувa, нели? Сaмo ужaснo ме нервирa кoгa некoи пишувaaт негaцијa+глaгoл зaеднo, кaкo незнaм, несaкaм, немoжaм, нaместo не знaм, не сaкaм, не мoжaм! Следнo нештo е тoј нaдреден знaк вo речениците, нa пример: Тoј нè пoкaни нa рoденден. Другo, приметувaм декa и збoрoт "ми е" гo пишувaaт зaеднo. Oчoбoл! Мене не мие дoбрo. Oвa "мие" мoже дa се упoтреби вo реченицa сo сaдеви, нa пример: Рaјт мнoгу дoбрo ги мие сaдевите. Требa бaрем oснoвните рaбoти дa ги знaеме oд прaвoписoт. Сите прaвиме грешки гoре-дoлу, aмa грешки oд гoренaведените ми се oчoбoл.
@Bridget, тефтерот да видиме шо вика. @LivingGlam, за жал и двата мои Правописи немаат правописен речник, а само таму може да се види. Барав низ поднасловите, ама не ги сретнав. А најновиот од 2015 го немам. Ќе проверам во Граматиката, ако најдам нешто, ќе те известам.