Цела ден Поздрав до мојата пријателка од Кавадарци. Не е форумска, приватна е. Кога го читам ова на форумов, не ме нервира. Кога го слушам, коса ми се крева.. Јас сум една од оние што делуваат неписмено на форум.. и баш ми е гајле. Кога треба да бидам писмена, на хартија и на состанок - писмена сум. А за вака, може кој сака да ме оговара на форумов за мојот хај левел неписменост. Исто како и на форумов, така и приватно користам србизми, турцизми плус по некоја чисто грчка реченица И многу ме нервира кога на форумов ќе се јават сите литературни светци во една тема (не оваа наменскава, некоја сосема трета) па ќе му се с'снат на некого дека е неписмен, дека не се пишува неможе туку не може, несака / не сака и тако даље... Всушност не дојдов толку за правопис да дискутирам, колку што дојдов да кажам нешто .. Релакс..оставете ги луѓето да дишат.. Некогаш со сила ми иде неписмена да се правам за да нервирам некои фаци Затоа што нели...баш ме заболе кој мисли дека сум неписмена Ај сега адио
Види во Граматиката нешто за множина на зборови што завршуваат на е и о. Едит Википедија (ам сеа, то најдов, шо) вели вака Туку Бендер, признај тоа се’ уште го ископира (а не копираше) од кај Лејла за во твоето мислење, а не користеше (искористи? добро, овде може продолжено дејство ) она 1243иѕ4оѕ5 во англиска поддршка. Пууу, напорна е темава еј!
Шо ма Бриџи неписмена ли те извадија? @Dust, ајде за граматички грешки во ред, нека корегираат ама не на секое едно, нели. Ама за цртички, те наводници, те полунаводници?! Мислам...
Обично си користам амерички наводници (така ли ги викате? ) и тие ми се и за означување на збор и за иронија, македонските не знам зошто не ги користам, па мислев дека полунаводници ќе завршат работа. Ти немаш слушнато? Леле
Шифт + 2 - „ - такозвани долни наводници Шифт + 3 - “ - такозвани горни наводници Да си ибам векот и тие ги открив и тоа сосема случајно.
НеЗнам да ти кажам право... граматика е едно, правопис друго..изгледа мораат да поправаат Искрено до онаквата ми е дојдено веќе кога ќе налетам на таков муабет. Последен пат дури и се испокарав на четот.. @ADOKI го направија неписмен, затоа што така делувал.. И може да делува, баш и не треба да им е гајле, секој за себе си пишува во темиве. Затоа е и форум, за забава, глупирање, споделување проблеми, а не е портал за постирање на научно-истражувачки дела... Нека се изјасни и Адоки во оваа прилика ако сака... Нападот врз него имаше и професионална позадина, нешто што НИКОЈ не смее да си земе за право да го меша тука, затоа што тоа е приватност а ова форум..
Ок, мене ми смета кога ќе видам граматички грешки, без интерпункциски знаци и сл, ама премолчувам, не сум овде некого да описменувам. Ама за ова што се дискутира...небулоза! Па на форум пишувам, не пишувам докторат. Тоа е веќе - види ме, јас со правописот спијам, знам на која страна пишува за наводници, полунаводници, вакви црти, онакви црти... Ма се си знам!
Па освен во темава (што ни е баш за grammar nazis), јас никаде не сум видела до толку во детали никој никого да поправа за интерпункциски знаци А и за тоа, тука си дискутираме и прифаќаме кога и ние грешиме, учејќи нешто ново - а не се нарекуваме неписмени заради такви детали. Она што се мисли кога некој напише општ пост во врска со неписменост на форумов - се оние незнам, сваќам, мие итн. Многу пати имало такви постови, ама па и си продолжуваат да пишуваат вака. Е па, срамота е некој било каде да пишува така, па оправдувам критика и сеир за такви основни грешки... sorry not sorry
@Emy867 ми смета текст без интерпункциски знаци САМО затоа што не можам да го прочитам, не дека ми е гајле што некој стигнал до тоа ниво на неписменост хаха Малку сум слаба со видот во последно време. И да, крајно неписмено делува Овие ситнициве за кои најчесто се фаќаат се мачкина кашлица кога ќе се споредат со инт. знаци и ситни правописни грешки. Колку за информација - има и такви што спијат со правописот под перница, подобро се учело...не лажеа на времето
Леле бе луѓе, chill. На настапив со не знам каков исмејувачки пристап, ниту пак мислев да се правам демек „де видете ме“. А и не знам зошто вам некако ви пречи што дискутираме овде. Ниту се караме, ниту кубиме коси, ни неписмени се нарекуваме. Патем, темава е баш за вакви дискусии. @Dust, за случајот со Адоки, неколкупати ти објаснив, не планирам пак истиот муабет да го правам. И патем, за многу работи сум премолчувала, дури и на темава. Како и да е... @LivingGlam, истово го пронајдов во Граматиката, така што сметам дека сижеа и нивоа е во ред.
Малку офф топик. Спешалке, ова многу пати (знам дека е правилно) јас го заменувам со многупати (исто е), само затоа што кога ќе видам многу пати, постојано си помислувам дека некој пати и страда.
Се поколебав дали да напишам или не, ама кога веќе спомна, така е. Многупати, прилог за количество. Кога веќе сме тука, не било каде, туку каде било. Ако не ви текнува како треба, само сетете се на што да е. Глаголот на крај. @LivingGlam, јазикот е жива материја де, нека почива мирно човекот.
Не знам за вас, ама јас чекам да дојде 10 и да си легнам. #накојдоштомудошло Еве да бидам корисна - пак - деновите од неделата и месеците се со мала буква во македонскиот, а со голема во англискиот. #петочнитипсендтрикс Ова со хаштазиве ми е болест и ветувам дека ќе престанам да спамирам по сите теми со тоа, сирот Блаже, се превртува од тарабиве и споениве зборови. Две дилеми ви разрешив за пола саат. #евенезнам
По начинот на пишување, може да се одреди и интелектуалниот капацитет на една личност. Јас не сум бeзгрешен, ама се трудам да пишувам што е можно поправилно, али секогаш се стремам да научам нешто повеќе, еве на пример сега научив дека постојат полунаводници, за мене . Инаку мислам дека треба сите да пишуваат на литературен (стандарден) јазик, бидејќи ако сите почнеме да пишуваме на дијалекти, тогаш ќе ни треба google translate да ги преведуваме зборовите од еден македонски дијалект на друг . Еве, за оние кои слабо стојат со правописот, не е лошо да прочитаат нешто. https://mk.wikipedia.org/wiki/Правопис_и_правоговор_на_македонскиот_јазик