Тмурно или тумурно време? Жлебето или жлебедото? Јас цел живот опција 2 бирав па дури не ми се веруваше во каква заблуда сум била
Јас го имам слушнато вториот збор ама не знам што значи, барав низ нет и ми дава некои клучни зборови за првата опција ЖЛЕБЕТО, а втората не ни постои. Што е всушност значењето на жлебето? Да не барам низ речник. На дијалект е или литературно?
@JollyGirl Жлеб: Долга тесна вдлабнатина на некој предмет во која што влегува испапчениот дел од друг предмет, ова од речникот А инаку, да не се мисли на жлебина, во контекст на устата?
Море, ама е вулгарен овој речник Какво објаснување човече Инаку, ќе каже утре членката на што мислела...Сега замина да спие...Спаваш ли мирно Цеца?
Тмурно време. А жлебе прв пат слушам, ме потсети прво на ждребе. Непце е тоа што го нарекувате жлебина. Непце во усната празнина.
@JollyGirl Абе напишав јас во речникот, објаснување за Џоли, и ми дадоа такво, дека те знаат оти со симпатиите на С и М Па посликовито објаснување, здравје
Жлебина го употребуваат сите околу мене. Ретко да слушнам некој да каже непце. Инаку, жлебина се употребува и во бугарскиот јазик. Реално во новиот македонски јазик има многу глупи зборови наметнати со сила. Само колку да не личи на некој бугарски збор. На ист начин како што хрватската академска фела испаѓа смешна, затоа што стандардизираат некои глупи зборови коишто ниту еден просечен Хрват не ги изговара во секојдневна комуникација само колку да не личат на српски.
Жлебето, жлебето тоа што вие претпоставувам го викате непцето. Иначе за устата се работи, не е некој алат. Попрецизно таа кожичката под забите т.е. месото што е поврзано со забите п.с. сигурно сте имале некои тетки/стринки што се смејат со жлебето Те и сликовито
Жлебина е општо прифатено во народот, но правилното зборче е непце т.е. гингива, кое има латинско потекло. На кој глупав збор наметнат со сила мислиш? Жлебина е наметнат а непце т.е. гингива е правилниот збор.
Да не сум офтопик во СДК, бидејќи и онака доцнам... Океј си е реченицата, само да има надреден знак како што кажа Специ. Тројна негација не постои во ниеден јазик. Ова е двојна негација. Не е дијалект, се користи насекаде, не е погрешно. Ама како беше она, people like to think they're special. Кога сме кај негации, во македонскиот јазик имаме два вида двојни негации: 1. Double negative makes a positive Не е несимпатичен = Симпатичен е. Не сакам да не се вратам = Сакам да се вратам. 2. Двојна негација карактеристична за словенските јазици Знам дека ништо не знам. Никој не ме извести. Кога сме веќе тука, пред некој да се јави со вицот дека не постои јазик каде што double positive makes a negative, и на тоа некој одговара „yeah right“, да кажеме дека всушност ова не е double positive, туку сарказам. Како и да е, сега кога ги уништив сите вицови, можам мирно да спијам.
А зошто не? Некој ако знае правопис, секаде ќе пишува правилно. А не мора да е совршен, сите правиме грешки.
На интернет е најголемата неписменост.А'и во темава има спомнато,да си го зачуваме јазикот...хаха кој јазик?Кога пола коментари се на англиски баш на тема за МК ЈАЗИК фала чао.
И што ти е поентата? Да, има луѓе што не знаат правопис, не значи дека не треба да им се посочи грешката или да се потрудат да се подобрат. Барем сопствениот мајчин јазик секој треба да го знае.