Почнувам да се осеќам по малку виновно што ви ја распалив темава за правописов жими мајка. Не да се правдам,ама стварно ја отупивте со мојата "тројна негација" јас никаде не реков дека литературно и правописно валидно си постои,само кажав дека во мој крај дијалектно(а не правописно) одкако знам се употребува. Фала на разбирање @Someonespecial Надредени знаци немам на телефон и затоа не ги користам,фала ти на исправка и корекција истото важи и за @Lella која патем беше по малку саркастична,ама нека
Рамичке ама ти пак не нѐ разбра изгледа Поентата ни беше дека тоа нѐ е нешто друго, а не негација. Не си единствена, како што рече Ели и на твитер има неколку вака што напишале, збунувачки е за доста луѓе изгледа. Патем јас и тука сум слушнала ваква конструкција, изгледа не е дел од посебен дијалект туку се користи секаде онака во разговорна форма, и со целата како таква нема никаков проблем. Само што е пример за двојна, а не тројна негација. Инаку, тебе те поправив само затоа што поентата на целиот пост беше тоа, таман работа да те цитирам и поправам за тоа што не си ставила надреден знак рандом во некој пост И нема проблем со распалувањето, не се секирај
Читaв твитoви и oвие некaкo ми бoдaт вo oчи. Не сум дoвoлнo упaтенa вo прaвoписoт, нo нели требa сите реченици дa пoчнувaaт сo тире или грешкa сум?
Леле Џои, крш се твитовиве, посебно во првиот најмал проблем е тирето... Да, треба пред секоја реченица, плус треба и спејс после него да се остави. Инаку, ако ситничариме ептен, just to know... тире е друг, подолг знак (–), а ова - е цртичка. Ама ниту јас не се придржувам до толку, тирето кога ќе ми текне дека е правилно го ставам кога сум од телефон, а кога пишувам нешто официјално го копирам, оти на тастатурата на пц го немам или не можам да го најдам
Thank you, I knew thede was something fishy. Мoрa дa признaaм декa не внимaвaм мнoгу нa чaсевите пo мaкедoнски oсвен кoгa имaме лектирa, aмa кoгa читaм нештo нa интернет oчите ме бoлaт aкo не е убaвo уреденo.
Ве молиме не седете на радијаторот! Ве молиме да не седите на радијаторот! Зошто седете преоѓа во седите кога оди со да? Уствари, дали е да седите? Мене така природно ми звучи. Кое е правилото?
@Joi Ова ќе му дојде нешто како обележување кој зборува точно во дијалогот. Како во учебниците по германски што сум сретнала, пред зборовите на едниот стои крукче, а на другиот триаголник. Секако, не е правилно, како што кажа. @LivingGlam Кога ќе видам дека ти си пишала во темава, знам дека нешто интересно следи. Првата реченица е директна заповед – не седете! Затоа си ја има формата од заповеден начин (седете). А и мислам дека би требало запирка да стои пред тоа, бидејќи едно е што ги молиш, а друго е што заповедаш, различни делови од реченицата се. Втората е индиректна, или одоколу кажана. Би рекла поправилна е од другата бидејќи не сакаме да кажуваме ве молиме... не седете..., а вемолименеседете не е баш граматички точно. Е сега, втората реченица е зависносложена исказна. Ве молиме што? Да не седите. Да молчите. Да не носите. Да-конструкции, сложена глаголска форма, а глаголите се од и-група. За индиректна заповед се користи да-конструкцијата на глаголот, која кај глаголи од и-група не се менува. Затоа подобро прашање би било, зошто се менува во директна заповед – седете? Можеби за да биде исто како глаголите од е-група – јадете? Ама тогаш зошто не е исто и за глаголите од а-група? Јади – јадете Седи – седете Трчај – трчете трчајте Како и да е, правилото за директна заповед (првата реченица) е: за а-група наставка -ј за второ лице еднина, -јте за второ лице множина. за е-група има две опции: а) коренот на глаголот завршува на согласка (јад, плет), тогаш само се додава наставка -и на коренот (јади, плети) за еднина, а -те на сегашно време од глаголот за множина (јадете, плетете) б) коренот на глаголот завршува на самогласка (како кај пее, (се) покае), тогаш додаваме наставка -ј на коренот за еднина (пеј, покај (се)) и -јте за множина (пејте, покајте се). за и-група, како што видовме, на коренот се додава наставка -ете за множина (седете), а за еднина си останува иста форма како сегашно време (седи). Правилото за индиректна заповед пак, е исто кај сите. да + сегашно време (Да трчате, да јадете, да седите... Да трчаш, да јадеш, да седиш...)
На форумот сум сретнала членка која пишува геогравија, геогравско, геогравски , а во друга тема посочува правописни правила на друг член...
Се пишува и вика каде било, кога било, што било.... Било секогаш оди второ. (4 години тупеше професорката по македонски на факс )
Онаа што буквално ме вади од такт е моментот кога некаде ќе прочитам „кој“ наместо „кои“ кога се зборува за нешто во множина. Страшно иритантно!
Tips and tricks: Секогаш пред да напишете нејзе, размислете дали во реченицата сте употребиле или ќе употребите ѝ. Ако не, тогаш употребете неа. Ми рече да ја викнам нејзе. Стоп, нема ѝ. Пишуваме неа. неа ја; нејзе ѝ
•Божиќ или Божик •божични или божиќни/божикни •неволи или невољи •претци или предци •опуштање или отпуштање (на релаксирање се мисли)
- Јас од одамна го знам како Божиќ, ама и двете изгледа се точни, а со тоа и божиќни/божикни. Со ч не е точно во никој случај - Неволји - Предци (исклучок е од едначење по звучност) - Опуштање (отпуштање=отказ, од работа )