Бидејќи не гледам друга соодветна тема за прашањево, тука ќе го пишам. Ме интересира, како е граматички правилно да се изрази нечија своина? Со "од" или "на" за нешто дека припаѓа некому? На пример, на прашањето "чии се чевлите?" како би одговориле? "Од Маја" или "На Маја"? Т.е "Чевлите се од Маја" или "Чевлите се на Маја". Мене пологичен ми е првиот одговор, "од Маја", можеби поради тоа што во охридскиот говор така се зборува. Ама ако го користиме и глаголот "припаѓа", тогаш е логично да се каже дека "чевлите и' припаѓаат на Маја". Што веројатно би значело дека "на Маја" е точниот одговор (без глаголот). Мене ме интересира како е граматички правилно во литературниот јазик, "од" или "на"? Ајде, просветлете ме
Ана, „на“ Маја се чевлите Инаку, да, повеќето дијалекти од Западна Македонија употребуваат „од“ за припадност, наместо „на“.
Хаха, мене "на" ме асоцира на локација место на своина Не, чисто сакав да знам како е во литературниот јазик. Мене мм и после толку време ме зеза за ова. Јас се' уште си го користам "од"
Тука решив да напишам пошто не знам точно каде да го прашам следново: Која од следниве реченици изгледа и звучи точно: 1. Колку и' e влошено здравјето? 2. Колку и' је влошено здравјето? Фала однапред.
Сaкам да знам дали е правилно ова, пошто почнав да го среќавам често. Веќе не е чудно жените да земаат машко презиме како Попов и Стојановски. Но според мене чудно е кога ќе налетам на 'фамилија Попов' наместо Попови. За презимињата со суфикс 'ски' си останува исто. Дали има некакво дополнување во правописот за ова? Немам поново издание.
Не врувам дека ова ќе се смени. Ова е само помодарство спротивно на македонскиот јазик. Презимињата во македонскиот јазик се со значење кое треба да остане оригинално и традиционално. Знам за делот со "госпоѓа" и "госпоѓица" дека се менуваше нешто, ама не сум во тек со промените.
Морам да го поздравам објавувањето на веб страната pravopis.mk особено можноста да се преземе најновото второ издание на правописот на македонскиот јазик, бесплатно во пдф формат, исклучиво за некомерцијални потреби. Со ова станува достапен правописот на сите кои имаат дилеми за се што опфаќа оваа многу значајна материја која е многу важна за зачувување, негување и правилна употреба - примена на јазикот - еден од најзначајните идентитетски белези на еден народ, држава, нешто што ја докажува неговата посебност. Уште еднаш морам да ја поздравам оваа одлука, чекор. На овој начин се брани јазикот, идентитетот, ова е вистински патриотски чин а не празни демагогии и ширење на лажен патриотизам за тесно партиски цели и интереси
Нова Година нова година Нова година ✓ Но: Среќна Нова година! ✓ Нека ви е среќна новата година. ✓ Сè најубаво за Нова година. ✓ Сè најубаво во новата година. ✓
Знам, во Правописот е наведено дека зборовите кои во себе ја содржат компонентата “пат”, се пишуваат слеано. Ама првпат е исто што и прв пат, а никаде не е наведено дека прв пат е нејасен, или пак, неточен збор. Како што наведов и погоре, според мене слеано е коректно. http://www.makedonski.info/show/пат/м