Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Наведено е дека кога не е членуван редниот број се пишува слеано, а кога е членуван се пишува одделно. На пример: првпат, но првиот пат.
    Значи ако се двете точни ќе пишува дека може и така и така.
     
    На cresa-jagoda, piglet1, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    1. При персирање, која форма е точна - останете смиренИ или останете смиренА?
    2. Педесет и два денарА или педесет и два денарИ?
     
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    1. Смирени
    2. Денари
     
    На piglet1, КикиМаус, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Останете смирена.
    Кога имаме глаголско-именски прирок, само глаголскиот дел ја прима множината. Именскиот дел обично е придавка, па таа само го прима родот.
    Останете е глаголскиот дел, а смирена е именскиот.

    Сепак кога имаме глаголска л-форма, л-формата е дел дел од сложената глаголска форма, па затоа и таа ја прима множината.

    Еве пример: Господине, Вие сте пристигнале.
    Не Господине, Вие сте пристигнал.
    Што се однесува до првиот случај со глаголско-именски прирок: Маја, дали сте задоволна? Не Маја, дали сте задоволни?


    Денари, бидејќи за да биде денара, како што е правилото при избројана множина именката треба да биде едносложна.

    Пет дена
    Седумнаесет часа
    Сто деведесет и осум стола

    Ден, час и стол се едносложни. Денар е двосложен, па си ја задржува обичната множинска форма. :)
     
    На *Ench@nted*, Mari-Ja, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  5. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    На помош,а не напомош...да си ја корегирам грешката од едно мислење. @EvAngelos добро ми го исмеја мислењето,посебно нагласувајќи ја грешката.Да не биде дека сум неписмена,не е во ред никој да се удостои со таа „привилегија“...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos не е во право. Кога се работи за прилог, а најчесто се работи за прилог, се пишува споено.

    П.С. Знам дека во речникот пишува нестандарден збор, но правописот важи и за нестандардни зборови.
     
    На SeaMermaid и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на информацијата.
     
  8. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Значи ова не е точно: два денара, два молива, петнаесет листа?
    Не ми е јасна избројанава множина, бидејќи нам на факултет ни кажаа дека се образува со наставката -а и дека именката мора да е од машки род, а на други места гледам дека за да се образува избројана множина, именката во еднина мора да завршува на согласка, а бројот на слогови не е битен.
    Исто така знам дека во средно муабетот беше за зборот 'агол' и професорката ни кажа дека ако е двА, ќе биде аглА; а ако е трИ, тогаш ќе биде аглИ.
    Те молам реши ми ја дилемава.
     
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Словенците имаат еднина, двојнина и множина која почнува од три па нагоре.
    Не сум стручна, ама можно е да имаме и ние некои остатоци што се јавуваат кај определени именки. Знаеме дека јазикот е жива материја и се менува цело време, ама како да имам некаде чуено/прочитано за овие остатоци.

    Пак ќе нагласам, не сум стручна, не е лошо да прашаш некој лингвист.
     
  10. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Словенците имаат двоина бидејќи викаат u dvoje je lepše 8):D
    Единствени се во светов по тоа прашање.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Па избројана множина може да има само кај именките од машки род, бидејќи само тие завршуваат на согласка за да може да им се додаде -а. Оние од женски и среден род завршуваат на а, е и о, а исклучоците немаат правилна множинска форма.

    Дилемата се јавува само кај бројот на слоговите. Не е неправилно да се користи избројаната множина и кај двосложни и повеќесложни зборови, но не лежи и не се практикува, што значи дека полека се исфрла.
    Седумнаесет телевизора, седум куфера, пет компјутера...
    Конкретно денари секогаш оди со обична множина, но седум молива е во ред, но не е лесно на јазик. :D

    Засега избројаната множина е задолжитела со едносложните зборови од машки род, четири стола, филма, дена...
    Што се однесува до повеќесложните, работа на избор е.

    Двоина нема кај нас.
     
    На flawless-98 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. V!ncent>v@n<G0gh

    V!ncent>v@n<G0gh Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Грешка е - ако погрешила еднаш:)
     
  13. ctw

    ctw Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Тродимензионални или тридимензионални?
     
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    18.026
    Тродимензионални.
     
    На cresa-jagoda, Lella и zuto им се допаѓа ова.
  15. DragonSlayer

    DragonSlayer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2015
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    што значи „натемате“ и така ли се пишува?
     
  16. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Три периоди или три периода?
     
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Три периоди.
     
    На ADOKI и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  18. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    9.154
    Пол:
    Женски
    "Сакам луѓе, на кои и очите им се смеат."
    Правилно е вака?
    Запирка(и), каде треба да стои?:?:
     
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ако прашуваш каде треба запирка да стои во реченицата, според мене не треба да има запирка никаде во оваа реченица.
     
    На cresa-jagoda, Kaetana, piglet1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    Никаде не треба :)На кои и очите им се смеат“ е односна зависна дел-реченица која е неопходна за значењето на целата реченица - го дефинира главниот дел „сакам луѓе“ (какви?). Во тој случај не се користи запирка :)
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, piglet1 и 7 други им се допаѓа ова.