1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Се повеќе се среќавам со правописни грешки како забче, лебче, жабче, бебче и сл.
    Убаво би било кога би укажувал некој на неправилностите.
     
  2. Васил Пачемски

    Васил Пачемски Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    нека ми помогне некој, како точно се пишува - Здружение на пензионери „Гази Баба“ или Здружение на пензионери Гази Баба ( со или без наводници)
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Ако името на здружението е Гази Баба тогаш се ставаат наводници. А ако е само како локација дека се наоѓа во таа општина тогаш не.
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Спротивно од активист е пасивист?
    Активен - активист
    Пасивен - пасивист (се меша со пацифист)
     
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Ај активист има значење, ама пасивист нема. Има активен и пасивен човек, ама некој кој не е активист не е по дифолт пасивист. Не би рекла дека овој збор воопшто постои. Ми нема смисла.

    Еве пример јас не сум активист во ниедна група, партија, здружение...
    Дали тоа мене ме прави пасивист? :wasntme:
     
    На Someonespecial и ceca-1 им се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Па не знам и јас, само прашав:D Најверојатно нема таков збор ама ме збуни малку.
    [​IMG]
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    Ова е исто ко она кога за власт велат позиција, бидејќи нели, спротивно од опозиција. :D

    Едит: две работи кои во последно време често ги среќавам:

    1. Погрешна употреба на кој, која, кое, кои. Овие, колку што знам, се во врска со зборот кој е употребен пред нив.
    Пример: Две работи, кои во последно време ги среќавам.
    Овде кои се однесува на работи.
    Две работи среќавам во последно време, кои ме загрижуваат.
    Овде кои е пак во врска со работи, ама ми звучи погрешно. Не знам правило за ова, ве молам вие со граматиките да ми разјасните.

    2. Погрешно акцентирање на членувани зборови.
    ИнфлАцијата, еконОмијата, субвЕнциите, претседАтелскиот...
    Е ова ме вади од такт. :headbang:
    Најмногу поради тоа што 90% од интелектуалците на ТВ го прават.
     
    Последна измена: 3 април 2018
    На zuto, kikkki, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam Точно си е, ама звучи нетаман бидејќи е многу далеку од зборот на кој се однесува па потешко е да се поврзат. Можеш и вака да кажеш:
    Две работи среќавам во последно време, што ме загрижува.
    Во овој случај среќавањето те загрижува, а не самите работи. :D

    Во суштина односните реченици служат или како атрибут или како апозиција.
    Атрибут: Ги купив само топките кои беа зелени. Ги купив само зелените топки.
    Апозиција: Петко, кој му беше брат на Трајко, не сакаше да трча. Петко, братот на Трајко, не сакаше да трча.

    Разликата меѓу првите и вторите реченици е што во првите кај болдираното има глагол, што ја прави реченицата сложена (кога веќе ситничариме ја прави односна зависносложена реченица :lol:).

    Па според ова, твоите реченици изгледаат вака:
    Две работи, кои во последно време ги среќавам, ме загрижуваат.
    Две работи, среќавани во последно време од моја страна, ме загрижуваат.

    Знам дека обидот да ја претворам реченицата во атрибут беше очаен, but I tried. :D

    Од друга страна:
    Две работи кои ме загрижуваат среќавам во последно време.
    Две работи загрижувачки среќавам во последно време.
    Или како што ти кажа:
    Две работи среќавам во последно време кои ме загрижуваат.
    Две работи среќавам во последно време загрижувачки.

    Значи, не е важно каде ќе стои реченицата со кои бидејќи е исто како атрибут, а атрибутот скоро секогаш е придавка, што значи може да стои каде било, а сепак да се однесува на именката. :D

    П.С. Мојот омилен бисер на политичарите: дЕфинитивно.
     
    На zuto, КикиМаус, kikkki и 7 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    Види сега реченицата на англиски, што ме инспирира за муабетов:

    I had a wake up call yesterday that I’m so grateful for.

    Очигледно е благодарна за повикот, ама овде може да настане забуна дека е благодарна за вчерашниот ден.

    Добив повик пред некој ден, за кој сум многу благодарна.

    Да, на именката се однесува, ама на која именка? Очигледна е намерата во реченицава, ама дЕфинитивно има збунка. :D
    Jaс би рекла Пред некој ден добив повик, за кој сум многу благодарна. Изразот е одма појасен.

    Aко одиме на цепидлачење и денес, кое ми е омилено.
    ( :D )
     
    Последна измена: 3 април 2018
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Само една забелешка во врска со форумот, за нешто што забележав неодамна.
    Ако може некој од модераторите да го поправи насловот кај темите од Храна и пијалоци во Храна и пијалаци, како што се пишува правилно :)
     
    На makedonkamak, КикиМаус, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Да ја заживеам темава со најнов македонски бисер. Покрај македонскиот македонизам "секад", сега се соочив и со "во спат". 8-|
     
  12. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    А што сакал писателот да каже со тоа "во спат" ? 8-|
     
    На Angel06 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    па од српското ' ус пут' би дошло ова.
     
    На *Ench@nted*, Someonespecial, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Така е. @КикиМаус уште еден неуспешен обид да се биде писмен на македонски начин.
     
    На *Ench@nted*, piglet1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
  16. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Да ја разрешиме дилемата на @EvAngelos.

    Зборот поддршка се пишува со две д, секогаш и секаде, без никаков исклучок. Само ме заинтересира кои веб-сајтови од факултети го користат, веројатно ќе треба да пратам некој имејл до уредникот.

    И да запаметиме дека масовната употреба на некоја пишувана форма од збор не ја прави точна. :)
     
    На zuto, КикиМаус, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    И јас правам правописни грешки и често имам дилеми дали вака или така, ама коса ми се крева кога си пишуваат сестрами, братми, таткоми и сл.се заедно..
     
    На zuto, Cinderfakinrella, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    За сите grammar nazis таму некаде... :D

     
    На V!ncent>v@n<G0gh, Someonespecial и КикиМаус им се допаѓа ова.
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Точно C1A0EF41-2F0E-48BB-BCC3-82BC40AB8FFF.png
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.