1. Утре ќе имаме Географија претчас/пред час? 2. Југо Дрво/Југо дрво/Југодрво? 3. Дали има разлика помеѓу денес и денеска? Пр.: Денес/Денеска времето ќе биде врнежливо.
Јас мислам дека може претчас (како именка за час кој се одржува пред почетокот на регуларната настава), иако никаде го немам сретнато во формална употреба. Мислам дека нема разлика помеѓу „денес“ и „денеска“, иако сметам дека „денес“ поправилно. Ако некој е поупатен нека пише.
Дада и на интернет баш видов на еден спрски сајт пишуваше дека ќе биде преТчас поради едначењето на Т и Д http://zelenaucionica.com/precas-ili-predcas-ili-pretcas/
Ме интересира дали е правилно пред "ама" да стои заперка? Пр. Ќе одиме на планина ама Ана нема да дојде. Ќе одиме на планина,ама Ана нема да дојде. Логично ми е без заперка ама многу често среќавам, па сакав да прашам.
Правилно е да стои запирка, всушност имаш ти две прости реченици и двете се изречни, тие не се зависни една од друга, како на пример Ќе одиме на планина иако Ана нема да дојде.
Реченицата Ќе одиме на планина, ама Ана нема да дојде е независносложена спротивна и изразува спротивни односи на дејствата. Карактеристични сврзници за овој вид реченици се: а, но, ама, туку, ами, меѓутоа. По граматичко правило овие реченици се одделуваат со запирка.
Кога крајната цифра во бројот е 1, која форма ќе биде точна: пр.: 41 илјадА денари или 41 илјадИ денари?
Дали некоја знае каде може да се купи Толковниот речник (1-6 том) од ИМЈ и дали воопшто има реиздание на томовите, бидејќи потребни ми се сите 6. Дали поисплатливо ми е да го купам Толковниот од Зозе или тој во издание на ИМЈ е поопширен?
Толковниот речник на македонскиот јазик го има во продажба на штандот на ИМЈ на Саемот за книга кој се одржува секоја година во периодот април-мај. Дали е достапен во продажба на друго место не знам. Првичното издание на Правописот на македонскиот јазик беше дело на ИМЈ, а реизданието го направи Култура. Провери таму. Можеби е иста ситуацијата и со толковниот речник. Спојлер: . Моја препорака е да го земеш Толковниот во издание на ИМЈ доколку има реиздание.
Еве уште некои: Ај сега ти кажи ми во кој Правопис го има сФиѓа? А за интерпункцијата ќе мора сама да си прелисташ.
Добро за кромидче почитувам иначе литературно е нели допаѓа ама пологично ми е сФиѓа него сВиѓа.Ако е сФати, а не сВати.Зашто и ова не би било така? Тогаш одговори ми зашто 90% од членките пишуваат еФтино кога е еВтино?
Феминка, пак ќе ти нагласам дека не ми е целта да те напаѓам за правописот. Како сакаш пишувај, мене тоа не ми е никаков проблем. Само не навредувај дека е некој неписмен или не знам каков. Дури и да пишуваш беспрекорно литературно и правилно, не е во ред да навредуваш на таа основа, особено не во сосем друга тема. Ајде сега за правописот. Може нас многу работи да ни се логични или нелогични, тоа е индивидуална работа, ама затоа си постои Правопис кој важи за сите. "СФиѓа" е "свиѓа", србизам кој не постои во македонскиот литературен јазик. Нема никаква врска со "сфаќа". "БиФши" исто така. Пак ќе кажам дека не секој ги знае сите правила. Ни јас не ги знам, уште учам. Ама сум решила да се трудам да зборувам и пишувам што политературно и тука на форумов и во секојдневниот живот. Така што, ако имам проблем со тоа што некој напишал "еФтино" или "секад" (ова од кожа ме вади), пишувам во оваа тема. Ама дека јас ќе почнам да ги употребувам истите грешки само затоа што некој друг греши, никогаш. Ниту пак ќе навредам (директно) некој тука ако пишува на дијалект или неправилно. Негово право. П.С. Мене најмал проблем ми е како пишуваат членовите на форум. Повеќе се нервирам заради тоа што јавни медиуми, јавни личности, професори, реклами и слично, прават основни грешки. П.П.С. Кога веќе почнавме, зАшто не е прашално зборче, туку зОшто.