Точно така. Никаде нема прашална реченица. Скратено е од "затоа што" и се користи во исказни реченици. Тоа е разликата помеѓу "зошто" и "зашто".
Може не е за овде пашањето,ама не можам да најдам соодветна тема.Од скопски сленг е: Да се склопиме. Што значи ова? Да се фатиме или?
Јас ич не го користам ова, а и од луѓе во околина го немам слушнато баш. А, од тоа што Гугл прво дава, сфаќам дека се користи во контекст на собирање/договарање за одење некаде... Патем, и да се фатиме е исто сленг (мислам не баш само скопски, но како и да е).
Јас колку што знам овие зборови немаат исто значење и не може да се употребува едниот наместо другиот. "Вас" оди со "Ве", пример - "Вас Ве предложија за лидер" (учтива форма); или "Вас ве сметам за најдобри пријатели" (множина). А "Вам" оди со "Ви". Пример: Вам ви реков...(а не "На вас ви реков", како што е по скопски дијалект, на пример).
Точно така. Станува збор за долги и кратки форми на личните заменки за директен и индиректен предмет и повратната заменка себе(си),се;себе(си),си. Долги и кратки заменски форми се: еднина множина 1л.Јас: мене,ме; мене,ми 1л. Ние: нас,не; нам,ни 2л.Ти: тебе,те; тебе,ти 2л. Вие: вас,ве; вам,ви 3л.Тој: него,го; нему,му 3л. Тие: нив,ги; ним,им Таа: неа,ја; нејзе,и` Тоа: него,го; нему,му
Придавките употребени во степенувана форма (компаратив-по и суперлатив-нај) секогаш се пишуваат слеано.
Како не ве учеле? И што нема сенс? Си имаме наша латиница и ние, ко Србите што имаат ć, č, и đ. Уште кога видам дека ц ја пишуваат "ts" Стварно на нивоу...
Па латинично знам дека Ќ се пишува KJ, не Ќ како кај нас.Затоа ми падна чудно. Пологично ми е Kafasan или Kjafasan него Ќafasan. Ако не ај Ѓavato ќе пишуваме
Мислиш Ǵavato? Еве @daylight ти ја ставила официјалната таблица горе. Овој Стандард сѐ уште постои. Ај напиши ми ја реченицата "Џинот имаше навика да ѕирка со ќорото око" на латиница. Да видам "логичното" Е сега, по закон на сообраќајни знаци веќе не се користи македонска латиница туку се прави транскрипција на англиски, па затоа се исфрлени ОД СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ И ОД ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ овие букви. Овој е останат од старите знаци, затоа е Ќ. Затоа и регистрациите се променија од ŠT за Штип во ST. И Š не знаеше дека постои? Кога не знаете нешто напишете "не знаев", а не на сила да ја туркате работата.
Džinot imaše navika da dzirka so ќoroto oko само што тоа правото ќ го нема на латиничната тастатура кај мене .. Шала на страна ама во основно памтам дека не учеа за kj, gj (a ne ģ), š, dz, dž, lj, nj... итн Дека било правилно, не викам.. може не било.. ама дека сите професори во земјава се "паметни" на свои начин, тоа е сигурно.. Ако не се лажам имаше еднаш дебата околу ова, кога излезе новиот правопис на МК јазик - надополнет..