Дечки, нели дваесеттиот е правилна варијанта за разлика од дваесетиот? Ме буни професорката моја. И, зошто не ми се прифаќа варијанта XX век, а на сите мои колеги им било прифатено вака?
Не е правопис, ама тука ќе прашам: Влегов во дебата за разликата помеѓу придавките "грешно" и "погрешно". Има ли разлика и во што е разликата, дали знае некој?
Хм... Мислам дека дефинирано строго по правопис и правоговор, грешен (посебно ако се однесува на личност) значи некој што прави/има грев(ови), додека погрешен значи неточен, неправилен (за појасно ќе ги спомнам и поимите на англиски, sinful vs. wrong). Друга разлика не ми текнува...
Не се работи за "грешен" и "погрешен", туку за "грешно" и "погрешно". И овде има разлика...или? Не се работи за личност, туку за апстрактна именка во конкретниот случај.
@zuto Зависи од конотацијата, а така си е и објаснето во речникот. "Грешно" значи погрешен и неточен и истовремено може да значи "што прави грев/ направен грев"
@zuto Разликата е конотацијата. Грешен може да значи и погрешен, ако се спомнува во конотација на пр за неточен начин, но погрешен си се однесува само на таа дефиниција. Односно, можеш да го употребиш зборот "грешен" и во двете ситуации, и за неточен начин и за сторен грев, но зборот "погрешен" можеш само да го користиш во конотација на неточно, но не можеш да кажеш "погрешно" за сторен грев. Малку може те збунив, ама се надевам појасно ти е Нема разлика во грешно како неточно и погрешно (неточно) Има разлика во грешно како направен грев и погрешно (неточно)
Мене ми е супер јасно. Јас отидов и многу подлабоко во мојата анлиза, само сакав да слушнам и други мислења.
Ве молам проверете ми го на граматика и корегирирајте ми го ако има бесмислици , п.с текстот е напишан на битолски дијалект така да да не се мешат скопјанки со муабет текстот нема НИКАКВАА СМИСЛА ... ( имаше таква случка ) Кога бев мала, сакав да совладеам многу професии кога ќе пораснам.Во моите фантазии јас се гледав како , космонаут или научник , со текот на времето желбите растеа и посакував да бидам адвокат или детектив , работејќи во прекрасната и развиената Америка на англиски јазик. Јас многу добро знаев од мала , дека само посакувајќи ништо нема да постигнам . Затоа започнав по мали чекори, но да се приближувам до моите посакувања . Често мене ме преовладуваше мрзата , која само ми го трошеше времето . Почнав секој ден да трошам на учење на англиски јазик, во што ми помагаше многу интернетот. Секој ден гледам по некое едукативно видео , учам по некој англиски збор и читам по некоја статја . Никогаш не се терав со сила да го правам тоа , некогаш дури и по цели денови и ноќи седев пред монитор и читав некоја информација ,што сеуште го правам со голема страст.Но сознанието дека за тие според мене идеално интересни професии треба пол живот да го посветам на учење,со стресс пред секое испитување, во досадните институции,ми ја одби желбата . Решив дека после завршувањето на основно образование, најдобро би било да се запишам во медицинска школа , бидејќи таму ќе ги стекнам најпотребните знаења кои ќе ми притребаат во животот. Односно тоа беше подобар избор одколку гимназија . А потоа ќе видам .Евентуално незнам кај ќе однеси судбината по неколку години со овие навики и со ова образование и дали сум на прав пат .Единствено што можам е да продолжувам и да не ја губам надежта , дека тоа што ќе го правам ќе ме прави среќна до крајот на мојот живот.
,,Кога бев мала, сакав да совладам многу професии кога ќе пораснам. Во моите фантазии јас се гледав како космонаут или научник. Со текот на времето желбите растеа и посакував да бидам адвокат или детектив, работејќи во прекрасната и развиена Америка на англиски јазик. Јас многу добро знаев од мала дека само посакувајќи ништо нема да постигнам. Затоа започнав со мали чекори да се приближувам до моите посакувања. Често ме совладуваше мрзата која само ми го трошеше времето. Почнав секој ден да трошам на учење на англиски јазик, во што ми помагаше многу интернетот. Секој ден гледам по некое едукативно видео, учам по некој англиски збор и читам по некоја статија. Никогаш не се терав со сила да го правам тоа, некогаш дури и по цели денови и ноќи седев пред монитор и читав некоја информација, што сè уште го правам со голема страст. Но, сознанието дека за тие, според мене идеално интересни професии, треба половина живот да го посветам на учење, со стрес пред секое испрашување, во досадните институции, ми ја одби желбата. Решив дека по завршувањето на основно образование, најдобро би било да се запишам во медицинска школа, бидејќи таму ќе ги стекнам најпотребните знаења кои ќе ми притребаат во животот. Тоа беше подобар избор отколку гимназија. А потоа ќе видам. Не знам каде ќе ме однесе судбината по неколку години со овие навики и со ова образование и дали сум на прав пат. Единствено што можам е да продолжам и да не ја губам надежта дека тоа што ќе го правам ќе ме прави среќна до крајот на мојот живот." @Aleksandar441 Го поправив и го поделив на параграфи, претпоставувајќи дека е за писмена или нешто слично.
Што има врска скопјанка или гевгеличанка, граматиката е таа. Не знам - Се пишува одделно Се' уште - Се пишува одделно и со надреден знак Не се пишува одколку туку, отколку Толку забележав
Имав неколку забележки кај луѓето .. можи поинакво сфакање имаат, зошто поинаку неможу да се објасни тоа што, кога го пишував претходниот текст , имаше девојки скопјанки кои ми пишуваа дека текстот нема никаква смисла а пак кога му го покажав на неколкумина битолчанци ми рекоа баш наспроти. Ви благодарам за помошта .
Дечки како е правилно - обештетат или обесштетат? Пример, граѓаните биле изиграни и треба да се обесштетат. Фала
Како тоа сѐ најдобро во небрано? Нема никаква смисла ова. Се најдов во небрано би требало да е тоа што го бараш иако јас не го разбирам прашањево баш.
Izvinete moja greshka. Recenicata e: Se najdov vo nebrano ili se najdov vo nabrano. P.S.nabrano se misli verojatno zguzvano.