Јас гледам некои пишуваат себеси, некои себе си, а во седмо учевме како е правилно, но сум заборавила. И уште едно прашање: бидејќи еднина и множина нели е братучед/и ( за машко ) е сега за женско е братучетка/и?
Братучетка е правилно. Мислам дека себеси се пишува споено на пример Си направив сам себеси. Сам себе си направив да ми е така.
Збунка и јас се збунив сега, ама според оваа реченица може да биде себе си - Себе си стави сок, па потоа ги послужи другите . Ова да не беа тие кратки и долги заменски форми ама тие беа мене ме, мене ми, тебе те, тебе ти, него го , нему му, неа ја, нејзе и, нас не, нас ни, вас ве, вас ви, нив ги, нив им . Вистина ајде нека ни ја реши дилемава некој покомпетентен што навистина знае граматика.
^^ Лани учев јас девојки, себе си е. Бидејќи себе си е повратна заменска форма.Себе -долга заменска горма,си-кратка заменска форма.Исто е како другите заменски форми за лица,пр- мене ми,нему му,ним им,одделно долгите а одделно кратките форми Така барем учевме пред некоја година,ме мрзи да барам низ книгите за правопис сега
Посебно се пишува себе си. Мене најмногу ме изненади пишувњето на се' уште. На крај памет не ми паѓаше дека посебно се пишува! Има логика кога ќе размислиш... А, да, и јамболлија со две л ако не се лажам. Ако има некој правопис, нека каже.
Себе /себеси е лично-повратна заменка која се јавува со двоен правопис -форма за дир. предмет: себе се или себеси се -форма за индир. предмет: себе си или себеси си -со предлози се употребува и себе и себеси Значи, сите сте во право
Сега го напишав во еден пост, ама малку се подзамислив. ФеБруари (како што јас го знам и пишувам) или ФеВруари?
Точно ли е ако некој збор на дијалект затоа што неможам да го кажам на литературно( не се објаснува) го ставам во наводници ?