Кинезинка у мој мозок и говор не може да биде правилно. Којзнае што сте напраиле со јазикот дури ме нема. Ме мрзи да оставам маил на секакви сајтови со сомнително потекло, така што, колку сум писмена не знам. Џабе кликав
И јас цел живот мислев Кинескиња дека е правилно ама баш прогуглав зошто не е така. Се сметало за србизам, не било дел од нашиот литературен јазик, бидејќи -иња бил суфикс типичен за српскиот јазик. Интересно, да не беше тестов, немаше да ми текне вакво нешто да истражам. Фала @WildMk.
Двата дела ги решив (пошто два теста имам видено) двата со 18/20. Петка И јас утнав кај Кинезинката, не ми е логично, ама ај. Второто не ми текнува кај утнав.
Слабо македонскиот. @RosettaStone да фаќаме книгата. Најслаби оценки добивме. Јас не сум слушнала некој кај нас да рече Кинезинка.
Некаде, не се сеќавам каде, прочитав дека множината на ниво не е нивоА, туку нивоИ . Знаете дали е точно?
Пак јас. Луѓе, има некоја „борба“ во мене меѓу она што отсекогаш сум го знаела и она што секојдневно го слушам, па почнав да имам проблем со свршените глаголи во сегашно време, а со тоа и со нивната примена во идното време и да-конструкцијата . Побарав во учебникот по македонски јазик од втора година средно, бидејќи таму беше граматиката, ама скоро сите примери на времињата се прикажани со несвршени глаголи и воопшто ја нема да-конструкцијата, можеби бидејќи повеќе ги вежбав(ме) во основно. Имено, повеќе не сум сигурна каде треба да употребам „е“ или „и“ во глаголите, сè ми се чини дека ако кажам со „и“, го кажувам дијалектно . На пример: (Тој) ќе објасни, ќе воведи, да изгасни, да избледи, да замижи... И останатите форми (2 л.ед., 1 л.мн. и 2 л.мн.) се со „и“, така? Исто така, спомнува или споменува? Запамтен или запаметен? И двете ми одговараат без е, можеби дури и за второто би рекла со „е“. Едит: или сепак би се држела до запамтен, паметен е друго, запаметен не би имало логика . Ако некој има некој има електронска верзија на книга за подетална граматика на македонскиот јазик, би ви била благодарна ако ми пуштите .
Со -е се глаголите што ги наброја, освен првиот и последниот. https://makedonskijazik.mk/2018/10/глаголски-групи-и-раздели.html еве тука пишува подетално за нив.
Фала ти многу, испаѓа дека треба „напамет“ да ги знаеш кои се со е, кои со и, како што учиме глаголи по другите јазици . Само што ние немаме табели ко нив .
Имаше правило, мислам дека и на линкот го пишува,ама искрено не ми текнува детално, сум подзаборавила од лани.
Набројани се само различните подгрупи во зависност од глаголската група (-а/-е/-и), ама не и како да знаеш на која припаѓаат . Едит: ја најдов и граматиката од Блаже Конески, ама не знам дали во неа би нашла вакво нешто. Сепак, еве за тој што би сакал да ја има: https://ia801000.us.archive.org/19/items/KoneskiBlazeGramatikaNaMakedonskiotLiteraturenJazik19671953/Koneski, Blaze - Gramatika na makedonskiot literaturen jazik, 1967 (1953).pdf