Да, ние секаде велиме -и на крајот од глаголите, а сега сум во Скопје и секаде слушам -е и повеќе не знам каде да користам е, а каде и. Ми се чини дури и кај -и глаголите ќе почнам да мислам дека -е треба да пишувам .
Да, знам. Имам забележано, луѓе од тој крај кога се трудат да се изразат литературно неретко стават Е и таму кај што треба да стои И. Не знам што да ти кажам, читај повеќе текстови, книги или било што напишани на литературен јазик, па би требало само од себе да ти доаѓа правилната форма, без да треба да ги учиш глаголите на памет.
И кратката заменска форма за индиректен предмет за женски род се менува во машки, во битолски дијалект
Ех, така беше на времето кога читав повеќе белетристика (иако гледам дека се жалат луѓето сега од нашите преводи) во основно и средно, не се бунев вака. Откако дојдов на факултет, не читам скоро ништо освен скрипти (и тоа што го читам е на англиски), постојано слушам скопски дијалект од професорите и вака неосетно, по години, сфатив дека сега се бунам. А богами и немам многу доверба од нашите скрипти, сум нашла милион далеку посериозни грешки. Си велев ако има некое табелче или правило, ама изгледа нема, па што ќе ми „фати“ в глава, ќе ми „фати“ . Ха, ха, да, некако неосетно се научив да велам „ѝ“, дури сега чудно ми доаѓа да речам „му“, освен во множина . Ама се држам до акцентската целост!
Не знам дали ова треба да го ставам овде или во тема Неписменост (ако постои таква тема). Дали овие што ја пишувале книгава знаат што е колеж? Дали некој ја проверил пред да се издаде?
Знам, затоа реков дали некој ја проверил книгава пред да се издаде. Особено ме иритира значењето на зборот колеж кое ама ич не е за деца. Па во комбинација со Сечко...