1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Во Англискиот јазик да ги пишуваме имњата на јазиците со голема буква и повеќе пишувам на Англиски што на Македонски правописот ми премина на Англиски.

    Во англискиот јазик да ги пишуваме имњата на јазиците со голема буква и повеќе пишувам на англиски што на македонски правописот ми премина на англиски. Значи вака?
     
  2. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.189
    Пол:
    Женски
    Ова Google Translate ли е или?
     
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Да :)
     
    На GirlWithACat му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Добро, јас навистина одамна не читам книги на македонски, ама само 60 страни прочитав од книгава и настрана од други "моменти" во преводот, еве кажете ми, дали во македонскиот јазик постои "психологина" и "хамстер"?

    Бидејќи колку што јас знам, психолог е психолог, маж или жена, а хамстер е хрчак, евентуално (можеби) 'рчак, ама никако хамстер не е.

    Сериозно ми е проблем кога читам на мајчин јазик и преводот е вака. До крај на книгава којзнае, можеби и хорс и брадрс ќе најдам.

    И можеби е до мене и моето несакање на акцентски целости, но дали навистина се пишува "свежопаднат снег" и "доброплатен партнер"?
     
    На poi и Lella им се допаѓа ова.
  5. Baby Tamy

    Baby Tamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е така! Малце тажничко е колку младинава не чита книги и не знае правопис! Не ЗНАМ се пишува СЕКОГАШ одделно, НЕ САКАМ исто! Во ниеден случај не се пишуваат заедно
     
    На Bubbly-sugar, Bitter-Sweet, MarijaMi90 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Случаи, не случаеви...
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Како се пишува правилно:

    Сосе се'
    или
    Со се се'

    ?
     
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Сосе се :)
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Колку е правилно за ракавици да се користи нараквици?
    Многу често читам и слушам за ова, мислам и во некоја книга дека имаше таков превод.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Воопшто не е правилно. Сосем различни зборови.
     
  11. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Проверив во правописот од 2017 не беше спомнат во ниту еден пример тој збор. Мислам и двата збора се правилни. Имаат исто значење.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    13.360
    Ме интересира дали знаете, може да се најде работа како лектор по македонски јазик? Секоја институција треба да има лектор, но се сомневам дека е така.
     
  13. Gorjana24

    Gorjana24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Ми треба мислење за зборот запалив, дали е запаллив со две л, или не.
    Во правописот вика дека:
    Ако согласките што се нашле во непосреден допир се наоѓаат меѓу две самогласки, се удвојуваат, а ако не се меѓу две самогласки, не се удвојуваат. . Исклучок од ова правило се префиксите ис- (исели, исвири) и рас- (расели, раскока), кои никогаш не се удвојуваат, без разлика дали се или не се меѓу две самогласки, и префиксот против-, кој секогаш се удвојува: противвреɡност, противвлаɡин.
    лл-: каллив, јамболлија (покрај јамболија)

    По ова правило би требало запаллив да биде со две л, ама пак на дигиталниот речник го пишува со едно л.
    http://drmj.eu/search/запалив#запалив/прид
     
  14. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    За запаллив, во случај да е предмет, се пишува така. Но, глаголот не се пишува запаллив, туку запалив. Пр. Запаллива материја. Др пр. Запалив оган.
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Можеби е најдобро да прашаш директно во групата за правопис. Запаллив мене ми има повеќе смисла затоа што запалив е минато свршено време од глаголот пали, плус и во самиот изговор го велиме како со две л. Од друга страна, запаллив ми изгледа почудно од запалив, можеби дека поретко сум го сретнувала. Сепак, можеби се користи истиот правопис во двете ситуации...
     
    На Ajronmen, Gorjana24 и boomsleng им се допаѓа ова.
  16. Gorjana24

    Gorjana24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    на придавката мислев, во дигиталниот речник вика вака:

    запалив [​IMG] [​IMG]
    запаливиот
    Вид збор: Придавка
    Ранг: 15523
    Што може лесно да се запали.
    Англиски: inflammable
    Примери:
    запаливи материјали
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Во правописниот речник си стои исто запалив. Друг сличен збор што исто така не го следи ова правило е делив (наместо деллив). А за каллив пример не е така. :D Требало да ги наведат како исклучоци, збунувачко е.
     
    На cresa-jagoda, etoile, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  18. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Па што знам, можеби јас не сум во право можеби речникот. Но баш ме заинтегрира како се пишува правилно и пребарував на гугал. И плус кога ја изговараме таа придавка се слушаат две л. IMG_20220321_175347.jpg IMG_20220321_175414.jpg
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    По нашите портали какви сè грешки можеш да сретнеш, не е ништо чудно што го згрешиле запалив. :lol:
     
    На Bubbly-sugar, boomsleng, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Gorjana24

    Gorjana24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знам, затоа и јас се збунив, кога го изговарам зборот и јас слушам две л, и скоро секаде по нетов го пишуваат со две л, ама во речникот стои со едно л. А некако па и чудно ми изгледа напишан со две л, запаллив. Ама пак никаде не е наведено како исклучок, исто како со придавката делив.