1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право не сум обрнала внимание на тоа :D сега членот кога праша се замислив малку како би било точно, барав и на гугал и ми излезе со две л дека е правилно да се пишува во случај да е придавка. :D
    Стварно, кажете како е правилно, ај конечно да дознаам. Ќе ми послужи за во иднина. :lol:
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.800
    Пол:
    Женски
    И јас го знам со две Л, и повеќе ми има логика.Ако кажеме ,,бензинот е лесно запалив материјал" чудно ми е некако, повеќе ми иде ,,запалив цигара"
    Ај нека каже некој професо/ка по македонски ако има.Или некој на Филолошки шо е
    @Someonespecial да не знаеш?
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Запалив/запаливо мислам дека е исправно.

    Да, согласките што се наоѓаат меѓу две самогласки се удвојуваат, ама кога станува збор за збор кој е составен од два збора кои постојат одделно (размислувам гласно).

    На пример:
    Најјак - нај/јак
    Противвредност - против/вредност

    Мислам дека запалив го мешаме со каллив, оти се слични.
    Ама (моја) логика е дека каллив е со две "л" бидејќи "кал" функционира како засебен збор. Како што се десетте, петтиот.
    А од друга страна "запалив" едноставно тој е зборот. Не е делив. Исто како што не се дели и зборот делив, хехе.
    А уствари коа ќе размислам, зашо па каллив е со две л, а делив со едно?! Хехе.
     
    На pdb123 и etoile им се допаѓа ова.
  4. etoile

    etoile Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Според Правописниот речник на македонскиот литературен јазик од Кирил Конески ,,запалив”, а не ,запаллив”, е правилно.

    ,,Удвоено л се пишува во неколку зборови:
    јамболлија (покрај: јамболија), каллив, бакаллак.”
     
    На cresa-jagoda, Ajronmen, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали е тие одлучија или одлучиа?
    Буквално сум во кавга поради ова (facepalm)
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.800
    Пол:
    Женски
    Одлучија нормално.
     
    На cresa-jagoda, FroggyLover, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  7. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Фала ти! Толку се карав за ова цел ден што се збунив...
     
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Секогаш меѓу и и а стои ј. Најпрости примери: Македонија (и многу други држави), Марија, Илија, Гевгелија, аронија, дијаспора итн.
     
    На cresa-jagoda, Ajronmen и FroggyLover им се допаѓа ова.
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.403
    Читајќи мислења низ форумов, забележав еден феномен, ако можам така да го наречам, што досега не сум го сретнала. И не се работи за една-две членки, туку многу мислења од многу различни членки кои пишуваат вака.
    Пример:
    1. Бебе е скоро 8 месеци. ( наместо Бебето или Моето бебе)
    2. Маж не сака да јаде грав( наместо маж ми, мојот маж…)
    3. Свекрвата го штипна дете( наместо детето, моето дете)
    Не знам дали добро доловив, не сакав да цитирам ничие мислење, ама ептен ми западна во очи. Зошто вака, имате приметено? Не верувам дека е дијалект некој?
     
    На Saf, Fraxinus, Jana06 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Претпоставувам дека мислат се подразбира дека се зборува за нивно бебе и маж, а нечленувањето не знам, можеби не сакаат да го менуваат зборот :?:?
    8-|
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.790
    Пол:
    Женски
    Инаку личните имиња се исклучок од правилото дека мора ј меѓу "и" и "а"
    Може да биде и Мариа и Миа итн.
    За глаголи Е правило.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.403
    Не се работи за тоа дали се подразбира или не. Нормално дека знаеме дека за нивното бебе зборуваат. Ама ако не сакаат да го менуваат односно членуваат зборот, напред треба да стои моето, твоето, нејзиното… во спротивно неприродно звучи и најбитно, правописно е неточно.
     
    На Just.do.it, pdb123 и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Јасно, се зафркавав, се обидував да најдам некоја моја логика :D.
    А за пишување правописно, освен во оваа тема ти препорачувам да не го очекуваш тоа во другите теми :D.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.403
    Не се работи само правопис, јас разбирам чести правописни грешки( не знам заедно, сфатив со в..), ама ова некако ново ми дојде, и баш ми падна чудно што премногу е чест ваквиот начин на изразување на форумов. Еве прв пат тука го среќавам. Многу неприродно, и го грди јазикот некако.
     
    На Feminka22, Just.do.it и pdb123 им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Мојата теорија е дека постепено и нечленувањето именки стана дел од mommy лингото, исто како зборењето во множина, ручкавме, шетавме, спиевме... :D Мислам дека се должи на фактот што личи на говорот на бебињата, некомплицирана, основна граматика. Од иста причина и насловите на темите во тие категории изобилуваат со деминутиви од типот на бебуши, дечиња итн.
     
    На Fraxinus, Jana06, Avery и 4 други им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    :|
     
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.403
    Има некако логика, затоа што токму овие теми е и најзастапено ова што го зборувам. Никогаш не сум го сакала тоа ручкаме, какаме, шетаме, ама имам објаснување, ете од милост, се соживуваат. Тоа дечиња, бебуши исто на милост да препишеме. Ама ова? Немам ниедно логично објаснување за нечленувањето. Не е помило, послатко да пишеш бебе, маж, дете од бебето, мажот, детето.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Па, не се баш исклучок и се литературно неправилни имиња. Бидејќи нема исклучок за буквата Ја кај имињата. Правописот е јасен.
    Тоа што некои ја рипаат буквата во имињата е со цел да се биде поразличен, или да се рече еве странско е името, или некои не знаеле (?).
    Ама јазично, нема ваков исклучок.
     
    На CameliaMiller, Fraxinus и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Па тренд е на форумов, затоа. :DИсто како што е ново луѓето да викаат докторкА наместо докторкЕ при обраќање. Скроз глупо ми е ова второво. (facepalm)
     
    На ReinaDeCielo, Jana06, Anah и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.800
    Пол:
    Женски
    има и јадевме, мочавме, какавме, бевме, а се однесува на друго лице
    богат ни` е јазикот, ехее
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.