Помтам, памтам не постојат воопшто. Литературни македонски зборови се паметам и помнам. Не се пишува незнам туку не знам. (Негацијата секогаш се пишува одделно, многу е лесно правилото).
Зашто е само скратено затоа што. И двата се според стандардот на македонскиот литературен јазик. Во прашална реченица се користи зошто.
И сум приметила дека има многумина кои пишуваат по убава, по малку, по среќна отколку поубава, помалку и посреќна. И истиот случај е со нај, префиксите како по и нај се пишуваат слеано, а не одделно.
кај нас во класот има и турчиња , мн си ги сакам малите , ме радувааат секој ден ..е сега што си имама дупки во образованието е друга работа , особено во правописот ѕвонише што се смеише ? ( што се смееш) ) ама сепак тоа им е вродено и се простува
http://www.makedonski.info/ Може ќе ви е од помош линков, јас сега кога барав за таман/тамам наидов на него. Веќе два пати мој другар влегол во дискусија со професорката по македонски јазик и литература за тоа дали се вели незнам или не знам. Тој упорно не знам (јас го подучив, благодарение на вас ), и тамаН/ тамаМ. Тој упорно М, таа н. Се уверив во линкот горе дека тамаН не постои, плус во турскиот јазик е со м. Мојата најдобра другарка учи турски и го зборува активно, она ми потпомогна. Пред се на темава имам прочитано за тоа. Како и да е, повторно да прашам со м или н?