За ова докторка/е имам прашано, и добив одговор дека докторкЕ било дрско, а докторка демек со фино и се обраќаш Што уште…
Премногу „логика“ бараш, обичен социолект е, се изразувам така и така, ergo сега припаѓам на групата, „сега“ сум мајка. Во позадина има лингвистичка економија, а во позадината на позадината е суетата. Ние сме „посебни“. Намерно извитоперувам за да „припаѓам“. „Стандардниот“ јазик е претенциозен и досаден. Тоа е за учителки по граматика во пензија, што го рецитираат дома Ацо Шопов и Есенин! *** Се сеќавате едно време кога сите „јавни политички фаци“ членуваа на втор слог? ПратенИците, државнИците, итн. Или удвоен член прескокнува, во уличен сленг:... „Реков на фацата дека“ ... „Удрив женската коа ми кажа дека...“ Треба да се направи листа на вакви линвистички маниеризми што параат уши. Тоа би била интересна алтернативна историја на македонскиот јазик!
Значи мајки не членуваат, аха јасно Да беше “едно време”, добро ќе беше. Ама сѐ уште акцентираат погрешно, и не само политичари, туку и презентерки, водители, луѓе што работа им е правилно да се изразуваат. Колку убав, богат јазик имаме, а толку многу го упропастуваме.
Токму така. И тоа е правилно, а не како што често читаме/слушаме... Почитуван министер (треба министре), драг градоначалник (треба градоначалнику), итн. Ама ништо не се мери со докторкА!
Сакав да кажам, постојано се менуваат тие јазични „аберации“. Секако, секогаш ги има. И, секако не е проблем да постојат. Тоа придонесува кон богатството на јазикот. Проблемот е што ЛУЃЕ што не треба да ги прават ги прават, во контекст каде што не треба да ги прават. Дома може како сакаат да се изразуваат...И тие што треба да се модел за стандардно изразување. А полни се со „љубов кон татковината“, „народот“, „културата“, „патриотизам“, „убави манири“, бла, бла, бла...
Можеби не знаете и го преземате преВзема, од луѓето кои го користат околу вас, ама преВзема/преВземе воопшто не е правилно туку ПРЕЗЕМА/ПРЕЗЕМЕ, без В. Претпоставувам оваа грешка спаѓа во доменот на „така ми звучи правилно“ и „така сите го пишуваат“. Ако не сте сигурни за пишувањето на некој збор проверете, дигиталната верзија на македонскиот толковен речник е бесплатна и достапна онлајн. Проверете тука https://makedonski.gov.mk/corpus/l/prezeme-sv
Денес, гледајќи изјава на ТВ, се потсетив на погрешна употреба на сврзник во целни реченици што ми пара уши и ваквата грешка често ја слушам. Претпоставувам луѓето не се свесни и го преземаат од српски, хрватски, или пак, мислат дека така ќе звучат „образовано“, „професионално“ или „отмено“. Конкретно, изјавата беше на некој адвокат. Во македонски, не се користи сврзникот КАКО БИ за изразување целност туку ЗА ДА или ДА, или се користи конструкцијата СО ЦЕЛ ДА. Не се вели „Отидов во банка КАКО БИ извадил пари“ туку „Отидов во банка ЗА ДА извадам пари“.
Неколку грешки за именки од женски род, поврзани со националната припадност, кои често се грешат, и сум ги прочитал овде на форумов и пошироко: Хрват - Хрватка (а, не, Хрватица) Кинез - Кинезинка (порано беше Кинеска, во стариот правопис) Чех - Чехинка (а, не, Чешинка, или Чехиња) Словак - Словакинка (а , не, Словачка, или Словакиња) Швајцарец - Швајцарка (а, не Швајцаринка) Именка што посочува припадник на нација се пишува со голема буква (Германка, Португалка, Италијанка, итн), а жител на град, со мала буква (лондончанец, парижанка, гостиварчанец, итн) Најлесен начин за да дознаете која е соодветната именка одете на https://makedonski.gov.mk и напишете го името на земјата за која сакате да видите која е правилната форма, за двата пола, на припадниците на одредена нација.... На пример, ако напишете Канада, ќе добиете, Канаѓанец, Канаѓанка, Канаѓани. https://makedonski.gov.mk/corpus/l/kanada-zh. Нема никаква мистерија, ниту е тешко да се дознае. Неколку кликнувања од вашето време.
Мене ова ми е како замена за име, и затоа стои нечленувано. Место да го пишам маж на име, пишувам само маж направи ова или она, и за дете исто. Не знам дали сум пишала негде така, ама во таа смисла ми доаѓа. Инаку, во говор не би рекла маж, би му го кажала името, или некаде каде што не е анонимно, па се служиме со имиња.
Не е во врска со правопис туку дали според вас во овие стихови би имало антитеза тоест спротивност? на пример не ме гори и гори. Се мислам многу па ако знае некој нека пише. Моме, море мило, не стој спроти мене, Не ме гори мене, изгорех за тебе, Жили ми попече, колена ми скина“. – Гори, лудо, гори, гори да изгориш, Како лен за вода, босиљок за сенка!
Од кого е ? Стави уште една строфа. Ова со гори разбирам што сакаш да кажеш, ама во остатокот не го гледам. Лен за вода босилек за сенка не ми е антитеза... Мислам дека ќе ми помогне повеќе автор и бар уште една строфа
Забележувам дека на многу луѓе не им е јасна разликата меѓу два различни глагола, и кои имаат сосема различна смисла: ПОДДРЖИ и ПОДРЖИ. Поддржува, значи некому да му се даде морална поткрепа. пр. Го поддржи во неговата намера да студира квантна физика! Именката што е изведена од тој глагол е поддршка. Подржува, значи да се држи „физички“ нешто (или некој) кусо време. пр. Ја подржуваше за таа да ги дофати црешите и од највисоката гранка.
злостор = злосторник злосторство = злочин Првово и јас го помешав вчера во брзање, иако знам како е точно, па сакам тука да се поправам за да ми остане во памет да не ја повторувам грешката.
Неколку преземени зборови кои ги читам често на форумов (и пошироко), со завршеток на -АЈ, кои се тековно користени (звучат „природно“), но се сосема погрешни. Еве, ако некој сака да ги научи соодветните македонски зборови. Наместо пораѓај треба породување. Наместо намештај треба мебел. Наместо смештај треба сместување.
Овде да фатиш, со лопата да ринеш има правописни грешки. Од страм па натакИ. Да се трудеа да се описменат колку шо алапачираат овде, ќе бевме подобра нација. Затоа и на Фб читаме мајки шо бараат прераскажани лектири. И ќе ти речат ,,абе со дете у рака се дешава да згрешиш” Извинете, никој не ве тера со дете у рака да куцате, прво пошо е небезбедно за вашето дете со една рака да го држите, освен ако не сте Херкулес.
Не сум толку амбициозен да ринам со лопата, треба цела планина да направам, хаха, ама, ете, можам повремено да сугерирам по некој збор. Ме насмеа со коментарот! Фала ти!
Баш така. Да е само една грешка што некогаш и не се ни приметува океј, ама не може да се дешава цело време и цели реченици да грешиш, тоа е неписменост.
Exactly И јас иам грешено од брзање, ехе колку пати. И не зборам пример скроз литературно, ама за писменост неам коментар