1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.208
    Пол:
    Женски
    https://sdk.mk/index.php/svet/turtsija-go-smeni-megunarodnoto-ime-vo-turkije/

    Веројатно заради ова, официјално има промена во името на државата.
     
    На bertold, Emotional123 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Па и Германија е Дојчланд на германски, Џермани на англиски, Германија на македонски, Њемачка на хрватски, Немачка српски :^)

    Грузија е Џорџиа, поима немам на грузиски како е.

    Унгарија не знам како е на унгарски, Hungary англиски, Маџарска српски/хрватски, Ungarn германски.

    Македонија - Маседониа, Мачедониа (италијански), Mаѕедониен германски итн.
     
    На st-el, Emotional123, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    55.295
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае како е правилно, Летонија или Латвија?
    Од дете ја знам како Летонија, а последниве години се почесто ја сретнувам како Латвија. Има некоја промена или друго е во прашање?
     
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Во врска со промената на името на Турција, еве една изјава од нашите лингвистички авторитети:

    ***

    Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, вели дека името на државата Турција останува исто на македонски јазик.

    Ние си имаме наша транскрипција. На пример, не велиме Финланд, туку Финска, не велиме Дојчланд, туку Германија, не велиме Шќиперија, туку Албанија. Или, на пример, кај нас не е Београд, туку Белград. Во ред би било ако се пишува од влада до влада да стои и новото име во заграда, но за наша домашна употреба останува исто – Турција, а со тоа и изведенките си остануваат исти, вели тој.

    https://lider.mk/nashite-lingvisti-dadoa-odgovor-kako-e-pravilno-turcija-ili-turkije/

    ***

    Е, сега, тоа што ние имаме поголеми лингвисти од лингвистите низ медиумите, тоа е друг проблем.
     
    На Angie1432, st-el, Emotional123 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Баш се заинтересирав... И двете се во употреба, и има различни тенденции, особено што изворното и прифатеното име, кај нас се многу различни, но јас би останал со Летонија. Тоа име сме го прифатиле како „официјално“ и тоа фигурира низ текстови и речници. Кога ОФИЦИЈАЛНО ќе го сменат или ќе ја исправат „неправдата“, и именувањето ќе се усогласи со изворното име, онака како што Летонците сакаат да се нарекуваат, би користел Латвија. Едно е тенденција на именување, сосема друго е „стандард“.

    Во меѓувреме: https://makedonski.gov.mk/corpus/l/letonija-zh

    Ако нешто е променето, еве, некој нека ме коригира.

    ***

    Сакам да се надоврзам во врска со Турција/Туркије, погоре.

    Именувањето на државите е „конвенција“ која е воспоставена од страна на некој докажан авторитет во рамките на една култура/држава.

    Со Турција имаме многу повеќе „културни“ врски и заемна историја, за разлика од Летонија., затоа нејзиното име е „пофиксирано“ и ситуацијата е појасна. Но, и ова не е „исклесено во камен“.

    Но, морам да кажам и дека сѐ во јазикот е договор и не е „логика“, ниту „симетрија“ и не важи: „Ако ова важи за Летонија зошто не за Турција?. Математика и здрав разум важат на друго место.


    Ако утре некој авторитет одлучи, на основа на тенденциите на лингвистичките практики на Македонците, дека е поприфатливо Латвија , и притоа тоа не се коси со лингвистичката/етимолошка „логика,“ и тоа име се внесе во официјални документи тогаш нема да има ништо спорно околу таквото именување. Дотогаш ќе важи Турција (секако) и Летонија/Латвија (овде е попроблематично), иако јас ЛИЧНО, би користел Летонија.
     
    Последна измена: 14 март 2023
    На CameliaMiller, pdb123, Anika55 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Не сум сигурна за имево на Латвија/Летонија, ако не е проблем подобјасни ми.

    Се надевам нема да дојде ден да немаме транскрипција на имиња на држави, лични имиња.
    Не сме во голема опасност бидејќи сепак користиме кирилица, а и читаме како што пишуваме, па не би било логично нели да постои Георге (Џорџ), Мицхаел (Мајкл) итн. како што е случај кај Хрватите пример (тие користат латиница и од за мене непознати причини имиња во изворна форма пишуваат - а иако користат латиница, и тие читаат како е напишано (еден глас - една буква).

    Инаку Летонците и летонскиот јазик се познати за тоа дека иако користат латиница, имињата (лични, на држава итн) си имаат транскрипција за да биде логично и да се совпаѓа со нивните правила на зборување/пишување.

    Ама сериозно, Грејт Бритејн да почнеме да пишуваме/изговараме (зборувајќи македонски) ми е некако осакатување на јазикот - како што ми се и сите англицизми непотребно уфрлени во секојдневна комуникација.
     
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Пак ќе повторам...

    Нема генерализација при одредување и усвојување топоними од една култура од страна на друга.

    Значи (1) Треба да е во согласност со лексиката, фонетика, етимологијата, азбуката, на јазикот-домаќин (македонски, во случајов). (2) Секој топоним/лично име, има своја „историја“ поради која тој е усвоен од една култура и обично патиштата на усвојување се различни и комплексни. Нема „строга“ логика. (3) Лингвистички авторитет одлучува за тоа кое име/именување ќе се усвои на основа на погорните принципи, и воедно, на (4) на навиките/практиките на именување на тој топоним во една култура. Дополнително, (5) топонимите, имињата на државите, понекогаш се менуваат, како и сите други зборови, и оваа промена се должи на разни фактори.

    Никаква опасност дека Велика Британија од утре, ако некој одлучи, ќе биде Грејт Британ, освен ако утре не нѐ поробат Британците или Американците! Се шегувам секако... Зошто? Затоа што (1) Тоа име е длабоко вкоренето во нашата секојдневна и административна употреба, со децении. (2) Соодветно е на погорните правила.

    Исто така, ти загатна дека можно е, од еден регистар на истиот јазик (сленг, што се зборува на улица, од помладата генерација) утре сѐ да се англицизира, по пат на генерализација, и тоа дека тоа ќе стане стандарден јазик. Тоа не е можно, барем не на краток рок, затоа што повторно треба да се задоволат (1) и (2) и (3) од погоре... Не е ДОВОЛНО само да е (4). Но, не е исклучено долгорочно... Тоа многу зависи и од културната политика на земјата.

    Ништо спорно дека во различни регистри од јазикот (секојдневен јазик, сленг, арго, социолект, дијалект, итн.) има различни начини на именување/изразување, (пример колоквијално, С.А.Д ги нарекуваме сосема „несоодветно“ Америка) ,но едно е како се зборува на улица друго е стандарден јазик, кој го користиме особено во администрација и комуникација со други држави/култури. Да, секако дека постои таков „притисок“ и „тенденција“, но ова не е ДОВОЛЕН услов за (пре)именување и усвојување.

    ***

    За Летонија/Латвија,

    Летонија МОЖЕ да се нарекува и Латвија, поради различните етимологии на топоминот... Летонија е латинскиот израз за Латвија, и тој термин е преземен од Германците кои некогаш ја освоиле Латвија, а ние сме го презеле индиректно од нив.

    Во принцип, порано, кога светот не бил толку глобализиран, едни држави го преземале именувањето на некоја држава, од соседната поголема/помоќна доминантна земја/култура. Затоа денес, кога има бран на „освестување“ и „анти-колонијализам“, а особено земји кои се одвојуваат од друга територијална целина, многу земји си ги „враќаат“ старите „имиња“, иако и ова не е така едноставно.

    Помисли само на тоа дека на пример Србите ја нарекуваат Виена Беч (Becs) , под влијание на тоа како Унгарците го именуваат градот. Унгарците (кои од своја страна, себеси се нарекуваат Маџари (Megyer), според доминатното племе кое ја основало земјата, како што ги именуваат и Србите, ние ги именуваме како Унгарци, според средновековната име со кое се нарекувала земјата Hungaria каде овие Маџари живееле. Инаку, изворно, земјата на Унгарците тие самите си ја нарекуваат Magyarország.

    Но и ова не е толку едноставно и преименувањето има разни причини и „канали“:

    Турција е Туркије, затоа што претседателот Ердоган одлучил дека било понижувачки англо-саксонците да ја поистоветуваат со перјестото животно мисирка (а Тurkey).
    Пекинг сега е Бејџинг ( и офоцијално) поради тоа што не сака да биде именувам според доминантната англо-саксонска култура ,која погрешно го изговарала градот, а има доволно моќ на глобално ниво тоа да го побара од останатите земји. Секако, ние Македонците иако и официјално сега Пекинг веќе го именуваме како Бејџинг, сепак, ова именување не гледам дека заживува во секојдневната употреба.
    Слично е и со Бомбај кој сега ние, од поодамна, го нарекуваме Мумбај.
    Слично е и до Мјанмар, земја која британските колонијалисти ја нарекувале Бурма.
    Холандија сега е Недерланд, од пред некој месец, затоа што туристите погрешно ја идентификуваат целата земја со нивната покраина Holland, но ние продолжуваме официјално да ја нарекуваме Холандија.

    итн, итн...

    Зошто се проблематизира дуалното именување на Летонија/Латвија, а не на Франција (Репиблик де ла Франс) на пример или Велика Британија (Грејт Британ)?

    Летонија (1) Нема длабоки/развиени/историски културни/историски врски со Македонија и според тоа таа земја ни е „далечна“. (2) Разни тенденции влечат на разни страни... Дали ќе се приклониме кон употреба на латинизираното/„колонијално“ име, или кон нивното „изворно име“, сѐ уште не е утврдено, по бранот на национално „освестување“...Затоа треба да „пресече' некој авторитет. Единствен официјален авторитет денес е оној на македонскиот толковен речник кој ги „прифаќа“ и двете верзии https://makedonski.gov.mk/corpus/l/letonija-zh.

    И ова е проблем, особено што, од моето искуство, многу луѓе мислат дека Летонија и Латвија се две различни балтички земји. Јас да сум авторитет би се одлучил за Летонија, веќе кога мнозинството на граѓани како таква ја знаа оваа земја. Немам статистика да потврдам, секако. И претпоставувам дека административно, таа земја сз уште ја именуваме како Летонија.

    Се разбира, со текот на времето може да се истисне едната употреба/именување.... Но, ова, повторувам, не значи дека ќе се проблематизира и она на Велика британија или на Франција. Проблематизирање на еден топоним не повлекува и проблематизирање на друг топоним.

    ***

    И конечно, еве, најбислкииот пример до нас... Република Северна Македонија. Сите сме свесни за процесот, постапката, премрежјата, историјата на преименувањето. Нема да навлегувам во политика, секако. Само еве да замислиме еден лингвист од друга земја/култура, по 200 или 300 години, кој треба да одлучи како би ја именувал оваа земја... Иако, оваа споредба и не е сосема иста, со она со Латвија/Летонија, затоа што во денешницава имаме (1) Дефинирано меѓународно право. (2) Светот е многу поунифициран технолошки (3) Светот е многу поглобализиран и има разни носители на информации..

    Поентата ми е да посочам дека именувањето на државите никогаш не е толку едноставно и именувањето на една држава од страна на друга држава, е многу комплексен проблем кој има многу „објаснувања“, а последниот збор го дава некој лингвистички и институционален авторитет на земјата која ја именува таа држава/земја/националност/топоним.
     
    На boomsleng и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Одличен одговор, благодарам!

    Мене ми е малку поинакво прашањето. Секоја земја за себе одлучува како и' е интернационалното (англиско верувам) име - така сме ние (North) Macedonia.

    Но немаме влијание како Германците на германски јазик ќе ја нарекуваат земјата, нели? Можеме да побараме промена ако сметаме дека на нивниот јазик е погрешно/неточно/навредливо. Но усвојувањето на нашето барање зависи од лингвистичките авторитети во Германија, или ајде конкретна да бидам, на германски официјално Република Северна Македонија е Republik Nordmazedonien што може да имплицира и именување на граѓаните северномакедонци (како еден збор) nordmazedonier. Дали имаме право да им кажеме на Германците дека името треба поинаку да звучи за да не се меша со етникумот, со тоа што би навлегле и во нивниот, германски јазик и би барале да изнајдат нестандардно решение?

    Ова како пример во контекст на барањето на Турција. Можат како сакаат да си ја викаат земјата, но зарем можат да бараат од други држави, на други јазици да биде тоа променето?

    Друг пример ми е Албанија, иако самите земјата ја нарекуваат Шќипериа и себе Шќиптар, сметаат дека е навредливо ако не се користи интернационалното име на земјата/нацијата, поради (историски) понижувачкиот контекст на "шиптар".

    Прашањето ми е сепак, на крајот, дали ние ќе усвоиме некое име по желба на носителот на името (односно дозволиме поинаква, нестандардна транскрипција) за да задоволиме логични и нелогични желби?

    И не зборувам за интернационалното име, туку за користењето на Туркије на македонски јазик и кирилица.

    Инаку Летонија јас како Латвија ја знам, од причина што ја имам сретнувано (читано) само на англиски - не ни знаев дека имаме своја транскрипција.
    Повеќе ми беше прашањето дали летонците имаат барања околу проблемот.
     
    Последна измена: 15 март 2023
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Затоа што (иако не е правописно правилно) во конкретните случаеви "бебе" "маж" "бепка" "свекрва" "куче" итн. се користат како лични имиња.

    На пример бебето ми се вика Трајан, но е анономен форум и не сакам да му го напишам името, па ќе напишам:
    Бебе не сака да спие
    наместо
    Бебето не сака да спие

    Иако првото е неточно, се прави разлика во смисла дека првото е "лично име" :)

    Форумски феномен е, во реален живот не сум слушнала никогаш некој така да зборува.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки

    Има три нивоа на именување на државите, а сите во зависност од своето политичко уредување прават изведенки за националноста.

    (1) Како самата земја се именува себеси (Sverige). (2) Какво ѝ е меѓународното име (Sweden) и (3) Како секоја земја ќе одлучи да ја нарекува конкретната земја (Шведска),

    И има уште две нивоа во однос на регистерот на именување... Како се обраќаме официјално и како именуваме „на улица“.
    И меѓу овие две нивоа има тензија, а последново ниво никој не може „правно“ да го регулира, повеќе е оставено на совесноста, свесноста и етиката на поединецот.

    Дали една земја ќе наметне друга да ја именува, на официјално ниво, како таа посакува зависи од нејзината „способност“ и од „отвореноста“ на другата култура да го прифати тоа именување. Има право и има практично усвојување/наметнување, двете нешта не се секогаш поврзани.

    Би рекол дека е поголема веројатноста да се усвои името на една култура/националност/земја доколку имаат блиски односи и едната земја „зависи“ од другата.

    ***

    Ситуацијата со Албанците е таква затоа што Македонците се отворени кон коректност и имаме голем процент на Албанци во нашата земја, и културно и интитуционално ниво. И Ромите се Роми институционално... Се разбира ова МОЖЕ , но е НЕ МОРА да е прифатено „на улица“ и секој за себе, ВО ЗАВИСНОСТ од ситуација и соговорникот избира како да именува Албанци или Роми.

    Во САД, на пример, некои афро-американците меѓу себеси се нарекуваат Nigers, а им пречи кога така ним им се обраќаат... Некои не сакаат да ги нарекуваат афро-американци , затоа што за нив тоа е колонијална дволичност...

    Шкотите не сакаат да бидат идентификувани како Британци и за нив тоа е навредливо.

    Итн, итн...

    За мене лично е коректно на националностите или припадниците на некоја културна група, да им се обраќаш така како што тие сакаат, без разлика како тие меѓусебно си се обраќаат. Истото важи и за тоа како би ми се обраќале доколку јас инсистирам на тоа.


    ***

    За Туркије? Веројатноста е мала кај нас тоа да се смени, затоа што на Турција која кај нас е многу далеку од мисирка и не постои двосмисленост. Оваа промена е повеќе наменета кон меѓународното име е порака кон англо-саксонците, а колку што гледам низ нивните медиуми веќе се користи Туркије.


    ***

    Може да побараме и имаме право од Германија, веќе ако тоа е важно за нас секако. На официјално ниво не гледам проблем, но, низ медиуми кои имаат влијание врз граѓаните ќе е проблематично.

    Секако ќе е битка и на нашата држава и на нашата дијаспора таму, и на сите нас кога ќе имаме контакт со луѓе во Германија, да им ја објасниме разликата. Секако е процес. Никоја битка не е добиена само со декрет, особено не културна.

    Еве, најдов некој случаен краток текст онлајн кој е коректен кон именувањето на Македонците.


    https://www.ndr.de/nachrichten/info...tzte-Perle-auf-dem-Balkan,sendung1291216.html


    ***

    Молам инаку! Фала.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    24.016
    Пол:
    Машки
    Дали „Фала и вам“ е правилно?
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.664
    Допаѓања:
    130.062
    Ви благодарам и Вам.

    Не: на Вас
     
    На st-el, Vikktorr, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    https://play.mrt.com.mk/play/60665

    ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК


    Ви ја препорачувам оваа емисија на МТВ. Мислам дека се емитува за викендите, но ја имате и на овој линк. Намерата е низ кратки примери да се посочат чести грешки и нивните исправки. Убав, краток и јасен начин да се научи правопис и правоговор, без сложени правила. Емисија што ќе ве натера да внимавате на начинот на пишување и изразување.
     
    На CameliaMiller, Gosh и st-el им се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    4.673
    Пол:
    Женски
    За простор каде се чуваат непотребни и работи кои не ни требаат, се вели магацин или магазин?Дали едниот збор е точен или и двете зборчиња? Во дилема сум...
     
  15. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    магазин е списание,
    магацин е простор кај што се складираат работи..
     
    На Nivea80, Angie1432, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    3.311
    Пол:
    Женски
    Деминутув од сопруг и сопруга? Сопруже ми доаѓа ама ...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.725
    Допаѓања:
    48.189
    Пол:
    Женски
    Сопругче? И сопруже е добро
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Кратенка за медицинска сестра?
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.866
    Овде нели би имало едначење по звучност, односно наместо г - к: сопрукче (слично како круг - крукче)? Пречудно изгледа во секој случај, според мене нема друго освен сопруже, што звучи инфантилно :D.
     
    На Miss666 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    od sinoka se mislam i nikako ne mi teknuva
    kako e PROLET vo mnozina?