Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Глејте во еден текст како е напишано, го ископирав

    Стварно ми останало во сеќавање дека ставаат запирка после... и во други примери имам видено или дека ова е прва буква почетна?
     
    На SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Јасно, ми текна сега на што мислиш.
    ќе се научат некад се надевам
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    епа зимаш воздух.
    исто како и кога збориме, нели викаш, А, нели рековме дека денес ќе се видиме?
    зимаш здив после А, или пред а, запирката за тоа е
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Тоа ли е тоа што ме бунело? Значи обична запирка.. :tmi: Леле аман бе, не знам ни ја, ти викам читаш цело време како пишуваат сите, добро и незнам не пишувам.. Јас ставам пред а запирка, уште несигурна дека не било пред а туку после. Битно го пишувам точното. :drunk: Се нервирам вака кога не сум сигурна.
    Неписмена, тоа е..
     
    На SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    5.173
    Пол:
    Женски
    Во овој пример а не е сврзник туку извик. Извиците се одделуваат со запирка.

    пр. Оф, колку ме здоболе!
    Леле, што направи?!
     
    На Angie1432, sino.o.oka, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не си неписмена. Не глеј многу по другите, затоа шо, ај овде има ДОСТА писмени признавам. По оние на Фб ако се водиш, ти отиде цело образование.
    најубаво прашувај овде, или на правопис прогуглај. Пошто некој ќе те убеди дека незнам е споено пошто и незнаење е споено, а не ја сфаќаат разликата.

    6. Запирка се става и пред зборовите: то ест, односно, и тоа, како и; а исто така и пред спротивните сврзници: а, ама, но, туку.
    На пр.: Тој нема да дојде, т.е. не може да дојде.
    Јас го направив тоа, а не ти.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    А неее, не сум до толку. Обично пазам, тие слеано и разделно пишување обавезно запазувам, нема промашај тука. И пак србизам.. :tmi:

    Не знам стварно, знаеш ќе ти се уврти во глава нешто дека е така и готово. Збунки направив, извинете.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секое мислење што оди јавно треба да е убаво напишано без разлика на возрасната група без дијалекти и секако правописно точно. Како некој се изразува е огледало на личноста.
    Од такт ме вадат вакви изрази и многу други.
     
    На Black girl и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Но не е формална оваа комуникација, секојдневна си е, најобична. Да е во формална средина, разбирам, и јас исто би изреагирала ако звучи уличарски. Ајде добро, можеби во оваа тема бидејќи е за правопис, може и треба да внимаваме на изразувањето, или во други теми коишто се да речам посериозни, а не бош муабети.
    Во останатите полабави зошто да треба да пазиме толку? Пак се меша неписменоста со дијалектите.

    На крај на денот, мерак ни е ете вака да пишуваме, народски, не можам да се устручавам јас лично и крај.

    Многу сакате да глумите сезнајки. Кога е нешто погрешно, во ред е да се укаже, да се поправи, така и треба, за да знаат и другите што е правилно, но не и да се замерува за се нешто. :)
     
  10. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    По повод денешниот празник...
    Честит 8ми Септември
    Честит 8-ми Септември
    Честит осми септември
    Честит осми Септември
    Честит 8ми септември

    |(|(|(
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Ова нели е точното? Ако е со бројки, 8 Септември само треба да е без тире. Уствари не, Осми со голема треба.

    Зафркнат ни е јазиков малце, месециве треба да се пишуваат со мала буква, но ако имало број напред, тогаш оди со голема..
     
    На Thor и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.830
    Допаѓања:
    13.409
    Zafrknat e mnogu jazikiov, a site mislat deka e lesen. Zatoa treba lektori vo site institucii, najprvo pocnuvajkji od ucilishtata.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Сленгот и дијалектите се исто така дел од јазикот. Сленг и дијалект ≠ неписменост.
    Стандардниот јазик не мора да се користи во секојдневната комуникација и малку е препотентно да се гледа потценувачки на сѐ што не е формално обраќање. Да не речам и смешно е со сите луѓе во реален живот да зборуваш како да си во институција. Богатството на јазикот е баш тоа, да имаш умешност да го моделираш и прилагодиш на различни ситуации.
     
    На Mrs. right, st-el и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Сленг е говор на една група за да се оддели од другите групи. Ова што ти го зборуваш е жаргон. Денешниот жаргон и те како е неписменост. Во жаргон на младите има англиски зборови што ги модифицираат на нашиот јазик. Тоа мислиш дека е во ред ? Чатува, хелп, кринџ, тодлер и други. Зошто да се користат овие зборови кога имаме преубави наши зборови. Веројатно се неписмени кога не го користат нашиот јазик. Со ова само го осиромашуваме јазикот. Да во неформална комуникација може да зборуваме како што сакаме на македонски јазик. Проблемот е тоа што скопскиот диалект го има потиснато стандардниот јазик, на телевизија новинарите се обраќаат на скопски дијалект. Тоа е срамота.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ти цело време пишуваш со некои измислици ама битно искоментира за друг диалект. Од каде е зборов у наместо во ? Формална, неформална комуникација во си е во. Од каде потекнува ова у нека ми објасни некој. Битно три мислења има за едно празно место во битолскиот диалект, а цел форум преполн со измислици.
     
    Последна измена: 10 септември 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    @FlowerMarija дијалект со Ј.

    Нели темава е за правопис, па ајде да внимаваме. :)

    За у - то како да не знаеш дека е србизам и да, некои наши дијалекти ете преполни се со србизми.
     
    На yyyeslame1, Just.do.it и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.903
    Пол:
    Женски
    Ве зачитав и ваков вајб (упс) добив од темава:
    spiderman-meme-16401651614x3.jpeg
    :D
     
  18. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да дијалект моја грешка од брзање ја имам заборавено ј.
    Кога си имаме ,,во" кај нас немаме потреба да го земаме ,,у" од друг јазик.
     
    На st-el и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Добро викаш, во право си, но тешко да се искорени тоа. Навика е, цело време слушаш дека сите така зборуваат, тебе така ти зборуваат, ти исто. Тие зборови и тој начин на изразување останал и се пренесува низ генерациите.

    Дијалект стварно не можеш да натераш некој да не користи, едноставно невозможно е и не треба.
    А дијалектите знаеме дека изобилуваат со многу позајмени туѓи зборови, не се само србизмите кај нас.

    Можеби си приметила дека и литературно кога зборува некој, пак начинот на зборување кој е карактеристичен за тоа место од кај што е, присутен е во говорот, се осеќа.

    Во формални средини апсолутно литературниот стандарден јазик мора да се користи и претерано боде очи кога звучат уличарски. Тотално неадекватно е.
     
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Дали може на почеток на мејл после почитувани да се стави точка наместо запирка?