ChatGPT вели дека не треба едначење по звучност за ова, па е подкаст. Автори на речници и лектори велат дека треба едначење, па е поткаст.
И мене, дека е релативно нов кај нас. На нашиве форуми го пишувам како ќе ми дојде. За надвор ги слушам лекторите.
Tогаш треба и футбал (нели, football) наместо фудбал, доколку баталиме едначење по звучност и пишуваме подкаст. Не е страшно ова, зависи како "ви легнува" повеќе. Мене подкаст ми изгледа поубаво понекогаш , ама мислам дека не би било правилно, освен ако не го прогласат за исклучок.
Морам овде да поправам оти ќе пукнам. Си поигрува, а не се поигрува. Во последна минута пробав да редактирам кога видов што сум истипкала и одби.
Убаво е да се советуваш со него ама не и слепо да му се верува. Можеби е подобро да го користиш дигиталниот речник и да провериш, оти четгпт во последно време какви глупости лупа да се изначудиш е.
Барав зборови кои ја содржат буквата ѕ или џ во средината на зборот. Јас му велам Ѕ тој ми покажува зборови кои ја содржат буквата З ама наместо З става Ѕ ,и не се разбравме. циркус
Правописот не е отровен и пак не го користат! Чет-ботовите не се добар извор за македонски правопис. Можеш да му веруваш на дигиталниот речник, таму немам најдено грешка. Далеку посигурна опција ти е од gpt.
Го користев пред појавата на chatgpt. Сега ме мрзи да гуглам и проверувам.Зошто да губам 30 секунди, кога можам за 5 секунди да средам и да добијам погрешен одговор.