Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    Суров, потврдувам.

    Не ти „лежи“ затоа што мислиш дека суров (cruel) семантички не е ист со суров (raw), но во македонскиот имаме ист збор со две значења. Затоа умот ти бара „сиров“ “низ датотеката“, што всушност е србизам.
     
    На dromka и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    22.070
    Панталони или пантолони? И двете ли се точни? Прво тргнав да го пишувам ,,панталони", гуглав, и ми го најде ова, па ме збуни:
    [​IMG]
    На крај го пишав ,,пантолони".:drunk:Мада ,,панталони" ми е некако поточно, не знам, чатџпт вика:

    [​IMG]
     
    Последна измена: 2 мај 2026
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки

    https://makedonski.gov.mk/corpus/l/pantaloni-i

    Ова е официјалниот толковен речник.
     
    На nextredstyle и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.652
    Допаѓања:
    138.968
    Пол:
    Женски
    Панталони е точно.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    Да се исправам, сум направил грешка што ми се повторува , во некој коментар,
    и за тие што не знаат да им обрнам внимание.

    Костим за капење (разговорно, купаќи)
    Машки костум (разговорно, одело)
     
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    Кај зборови со потекло од францускиот јазик, се вели/пишува:

    комфор, не комфорТ
    ресторан, не ресторанТ
    базен, не базенТ
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    Драги медиуми, и сите други што сакаат да знаат. Името на тековниот претседател на Н.Р. Кина се транскрибира како Шји Џјинпинг, правилно. Доволно е да го отворите Правописот.

    Не само што разни медиуми на различен начин го транскрибираат туку и различни автори во ист медиум, колумнисти, новинари, коментатори го транскрибираат различно.

    Еве ви го Правописот. Го имате и во дигитална форма. https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Pravopis-na-Makedonskiot-Jazik.pdf
     
    Последна измена: 15 мај 2026
  8. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    Пленковиќ до Мицкоски: Волни сме да помогнеме во одблокирање на закочениот евроинтеграциски пат

    Овде користењето на зборот ВОЛНИ е несоодветен.

    Интересно ми е што англискиот/хрватскиот не само што ја „контаминира“ лексиката туку и синтаксата на македонскиот,

    „ We are willing to help you..."

    "Voljni smo pomoći..."

    Повеќе решенија... Имаме волја да помогнеме (иако блиску до оригиналот би било незгодно решение )... Сакаме да помогнеме... Подготвени сме да помогнеме...Многу подобро.

    Инаку, постои збор ВОЛЕН во македонскиот, но главно се користи во поезија, и има сосема друго значење.

    https://makedonski.gov.mk/corpus/l/volen-prid

    волен
    Придавка

    Поетски збор.


    Значење на волен:
    Слободен. Волен момок. Волно ветарче. Волни летови

    **

    Забелешка околу зборот ОДБЛОКИРАЊЕ. Иако не ми се допаѓа ни ДЕБЛОКИРАЊЕ, кое е македонско прилагодување на француски збор, барем ја нема франкенштајнската комбинација меѓу ОД, македонски префикс, и ДЕБЛОКИРА, француски/англиски преземен.

    И потоа имаме ЗАКОЧЕН ПАТ? ОДБЛОКИРАЊЕ НА ЗАКОЧЕНИОТ ПАТ? Really? Колку само ова грдо звучи, Господе Боже. Патот може да е блокиран, а не да е закочен! Друго семантичко поле. И тука има каскада од грешки.

    Но, затоа што првично користи одблокиран , не можел/а пак да користи блокиран пат, и затоа користел/а закочен пат. Резултат на ова е грда реченица и несоодветен превод.

    Но, зошто воопшто овде би се користело деблокирање? И каков е тој евроинтеграциски пат, добога? Има други решенија.


    Пленковиќ до Мицкоски: Подготвени сме да ви помогнеме во отстранување на пречките на патот кон Европската Унија...

    или уште пократко ...Поготвени сме да ви помогнеме на патот кон Европската Унија.

    ( Еве едно поелегантно решение, драги медиуми. Не е единствено, но посоодветно и поточно. )

    п.с.

    Не го слушав Пленковиќ, поверојатно е да зборувал на хрватски. Но, забелешката стои и во двата случаи. Насловот не е добар. Тоа е фиксно.
     
    Последна измена: 26 мај 2026
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.832
    Пол:
    Машки
    *Подготвени во вториот наслов.
     
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.199
    Пол:
    Машки
    Кога на време се пишува одвоено, а кога заедно (навреме)?
    Или постојано е одвоено (на време)?:?:

    Мислам дека имам сретнато и така и така да се пишува..
     
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    10.377
    Пол:
    Женски
    Навреме ти е прилог и се користи во форма кога сакаш да кажеш пр. Дојде навреме; Навреме го заврши испитот.

    На време е предлог и се користи кога се мисли нешто што се случило во буквална смисла на време. Пр: Не стигнав на време за почетокот на филмот или возот тргна на време.

    Јас вака го знам и вака го имам учено на факултет.
     
    На Mumoftwo30 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.