Во македонскиот јазик има и оди и иде. Оди значи заминува, иде значи доаѓа. И двете се литературни. Не е професорката глупава (тешка и непотребна констатација) туку некој друг е неинформиран. Инаку, правилно се пишува идеЈа (со акцент на вториот слог од крајот на зборот), множина: идеи. И убаво напишала Strumfeta , идеа е мин. време мн. глаголот иде. (иде, идам, идат, идеа, идел...)
Грешки на една наша форумџика ( Не би сакала да ја именувам за да не ми се налути, но би сакала да се препознае за да не ги прави во иднина истите) Драга моја феминке во твоите мислења ги пронајдов следниве грешки: Не е ТоВа туку Тоа Ниту пак НиФ туку Нив ТиЈе = Тие ТаЈа = Таа Је = Е ЗатоВа = Затоа СВе = Се ОвиЈА = Овие ХемикалиЈи = Хемикалии Имаш уште многу, многу други грешки.. Искрено срам ми е да ги наведам сите!
Мислам имаш во предвид мен, затоа што вие немате “това„ и “затова„ и ако некој друг ги прави тие грешки, значи дека има друга бугарка во форумот, просто го правам мешајки го со мојот јазик. Знам, дека правам многу правописни грешки, се извинувам. Се трудам да пишувам правилно...Многу думи са ни исти и на бугарски, и на македонски јазик, но се пишуват по различен начин. Пример: многУ (кај вас)-многО (кај нас), поТпис-поДпис и така на така....Жалам, ако ве смета, ќе се потрудам малку повеке. Поздрав
Не си ти За тебе знам ама можеби си во право за другата феминка (постои шанса да не е од Мк бидејќи има страшно многу грешки) Ако е тоа во прашање, тогаш секако дека е оправдано