Има само еден начин да се провери дали зборот стандарден или не во МЛЈ, а тоа е Правописниот речник на МЛЈ. Ако таму го нема, не е стандарден. Може да го има во Речникот на македонскиот јазик, ама тој е за сета лексика, не само за стандардната. Инаку, правилно е КРВАВЕЊЕ (крвав, крвави), иако можеби ни е необично. А во врска со болница и клиника, клиника е мед. центар помал од болница, па така во Клиничкиот центар (или т.н. Државна болница) имаме Клиника за кардиолигија, Клиника за гинекологија и акушерство, Клинка за стоматологија, Клиника за уво, нос и грло...итн, да не редам. Затоа сметам дека изразот Клиничка болница означува дека тоа е мед. установа со повеќе различни клиники.
Јас по некоја моја логика пишав,може да не е точно,може ми е слаба логиката Веројатно професорот знае подобро Ама и ова што го кажа Лионес ми држи вода
Морав да надополнам, кога персирате пишувате Ви благодарам, Ви посакувам пријатен пат, Ви се извинувам итн.
Хм, гледам дека проблемот со „сфати“ е расчистен уште на првата страна, а многу членки упорно го користат. Нека биде ова мал потсетник, вашето „в“ поголема употреба ќе најде во евтино, отколку во сфати. Сваќатееее?
Кој како сФатил, бога ми, војни имам водено за ова правило, и илјада Милки добиено. Kрајното „сВаќате“ и’ беше сарказам до екстремни граници.
Се извинувам за оф-топикот, ама за секој случај ќе си го закачувам знакчево на секоја саркастична забелешка, во случај повторно да не бидам сватена.
најдобро да се запомни дека зборот сфати се пишува со ф,е кога ке ви текне дека со в се пишува именката сваќи,сваќа ....значи кај глаголот е обратно именката со в (сваќа) глаголот со ф (сфаќа) Спојлер иначе сваќи или сваки се пишува?
Вапцување наш збор е, литературен? Сега баш го лупнав у сдк, не ми се смејте . Некако по ми одговараше да напишам вапцува јајца (нели за велигден) отколку бојадисува или некој друг збор.